Правда за родилката Веапоска- кривична за доктор Асани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Biljarkata, 17 март 2021.

  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.120
    Допаѓања:
    188.671
    И ти со договорен царски беше или како? Не ли е ова малку голем проблем - договорен царски, без индикација.
    @RainBow ако излегуваме од склопот на темата, префрли не во друга.
     
    На Mnik му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Ги има во две категории.
    Деца чии што родители се лекари и цел живот се вадат на мама и тате. И од друга страна деца чии што родители се лекари, ама амбициозни и желни да го надминат успехот на мама и тате.
     
    На Anne Boleyn, Anie93 и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  3. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.127
    Допаѓања:
    9.825
    Пол:
    Женски
    Јас не бев, бев со болки од 11 ноќта, во 6 сабајлето отидов, докторот што ме прими (камо среќа да останеше тој на смена) ми кажа колку сум отворена и рече ти до 1/2 напладне ќе родиш. Си отиде он, дојде друга докторка (позната по царски резови), знаев како ќе завршам. Барав да шетам за да се отворам полесно, не смееш мораш да лежиш ми викаа. А знаеа дека имав проблем со притисокот во бременоста, известени беа од матичен и го искористија тоа за да ќарат пари од царски нели како операција се води и повеќе пари земаат од обичен пораѓај. Ме гледаа колку сум отворена, намерно не ми кажуваа, а јас осеќав дека секојпат сум повеќе нели по прегледот со рака. Барав сама провокации да ми пуштат, едвај ги домолив, па ми ставија. Дојде 5 попладне, јас несмеев ни вода да се напијам, заради целосната анестезија што би ми ја ставиле ако одам царски, устата ми беше пресува, стомакот ми бараше храна и немав сила болките да ги трпам и сама побарав царски, зошто не верував дека ќе издржам без да се онесвестам.
    Иначе многу ама многу жени се породени овде со царски. Јас лично од преку 50 жени што ги знам, што родиле во Струга последниве 8-10 години, само 3 се природно породени.
    Едвај чекаат некоја да рече се плашам природно да се породам и одма оди царски или аа ти ситна си, голем плод ајде царски. И еден куп други примери.
     
    На Guns N` Roses и Biljarkata им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.805
    Допаѓања:
    274.765
    Наназад Х години тоа го пишував, ама... секогаш погрешно се сфаќа.

    На мед.персонал НЕ ДАВАМ мито, никогаш, ни пред да работам во здравство, ни сега. Сега само подобро знам што треба да добијам и се "заканувам" дека треба да ме услужат, а ако не можат да ми објаснат зошто не можат.

    Се' може да се случи, не се ни пациентите толку невини ниту разбрани, ама мито ниту сум земала ниту имам намера да земам.

    И сосема е различно да почастиш кафе и сок ПОСЛЕ завршената работа, тоа и јас го правам кога некој се потрудил околу мене повеќе од што мора, ама нема шанса претходно ниту да давам, ниту да примам подароци.

    Така испаѓа баш тоа што ти го опиша, дека по(добра) услуга заслужуваат само оние родилки што можат пари, шампањи, слики да купуваат, другите кој ги шиша.

    Се знае што почастување; а што е мито.
     
    На IRBBB, deskarada, ElenaOfRivendell и 3 други им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.805
    Допаѓања:
    274.765
    Како "ќарија"?
    На рака им даде или фискална доби?
     
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.120
    Допаѓања:
    188.671
    Жал ми е за искуството низ кое си поминала.:(
    Ако е вистина само 3 од 50 да се породат природно, тоа е катастрофа:x
    И @CameliaMiller фискална не е покритие за ваков тренд. Апсолутно страшно е.
     
    На Mnik му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.726
    Допаѓања:
    14.564
    Пол:
    Женски
    Малку ја претера работава ти да ти кажам...
     
    На Anne Boleyn, ElenaOfRivendell и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.805
    Допаѓања:
    274.765
    Нема врска трендот, зборувам дека ако не им дала на рака, не е дека баш ќариле. И не се породиле 3 од 50 царски, немаме толку анестезиолози ни гинеколози дури и да сакаме да се толку.

    За трендот ми го знаеш мислењето, да не навлегуваме пак мислам.
     
    На Stressed Out и Mnik им се допаѓа ова.
  9. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.127
    Допаѓања:
    9.825
    Пол:
    Женски
    На рака. Го викаат мажот во една просторија, му го покажуваат детето, му вика гинекологот, ова е мојот тим и успешно е завршена работата и ќутиииии чекаааа.... и си даваш, а ако е свекрвата тука со мажот ехееее тоа е плус. Демек бабата да почасти.
     
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.805
    Допаѓања:
    274.765
    Ама зошто?!!!
    Зошто наседнувате, зошто попуштате?
    Фино што е тоа твојот тим, сте завршиле што требало, фала многу :@
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.127
    Допаѓања:
    9.825
    Пол:
    Женски
    Се се, снаа ми со двете е царски, шефиците 3 ми се со царски, брстучетки 2 (две) на мм се со царски, колешки мои 5 и тие се со царски, жените на двајца колеги со по две деца - царски. Познаници на мм, 3ца со чии жени имаме муабет една е природно, другите две се со царски. Од колешките на мм една е природно со две деца, други 3 колешки и тие се царски. Јатвра ми е со царски. 4 цимерки со царски. Други што ми се познати од околинава едната е една недела пред мене, другата после мене една недела и двете царски. Другарка моја истата година со мене царски. Плус уште едно 10тина жени од муабет кај што работам во маркетот дека се царски итоа со имиња од доктори кажуваат. Не зборам на памет. Не викам дека нема природно породени, не викам дека нема некои што морало да се царски ама пак. Бројката е голема, кој што сака нека рече.
    Иначе дента кога се породила снаа ми пред една недела, дента биле она и уште две со закажан царски. Првите две (неа и уште една) си ги оперирала одсабајле, другата вечерта, за да имаат место на интензивна, таа прва што била породена за неполни 12 саати ја тргнале во соба, а по 24 часа ги задржуваат на интензивна, 2 кревети се
     
    Последна измена: 20 март 2021
  12. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.127
    Допаѓања:
    9.825
    Пол:
    Женски
    Па од страв дали некој ќе ме погледне тие неколку дена. Реално не дека не сме виновни самите, ама ова е генерации вака. Свекрва ми ми кажуваше и дека пред 30 години било слично.
     
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.805
    Допаѓања:
    274.765
    :x

    Било, аман време е да "биде", доста е значи :x
     
    На Anie93, Biljarkata и Mnik им се допаѓа ова.
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.120
    Допаѓања:
    188.671
    Да не навлегуваме во твоето мислење за трендот.
    Трендот од кај произлегува, ако не од вакви ситуации? Наместо да се борат да им помогнат на родилките, па и да добијат епидурал по желба, еве и со доплата нека е, да ги туркаат кон цезареа. Нешто грешно сум разбрала?
    За бројките ваљда не е некоја тајна, барем здравствените власти би требало да ги знаат бројките. Еве, прашање до нив- колкав е процентот на породувања со царски во болницата во Струга?
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.127
    Допаѓања:
    9.825
    Пол:
    Женски
    Јас кога го прашав матичниот дали има шанси природно со епидурална ми рече абе многу е скапо да донесеш од друга болница анестезиолог и прашање е дали ќе може да дојде во моментот, далеку е Битола, овде нема стручен за тоа. Ете векови сме назад.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.120
    Допаѓања:
    188.671
    А како имаат анестезиолог за царски?
     
  17. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.369
    Допаѓања:
    90.390
    Пол:
    Женски
    Неодамна ФЗОМ објави алармантни податоци, односно висок процент на породени по пат на хируршка интервенција. Според нив дури 50% или секоја втора охриѓанка и стружанка биле породени со царски рез. Д-р Ѓоко Танески од гинеколошкото одделение при општа болница Охрид вели дека процентот на царски резови во Охрид, пред да отидат на работа во струшкото гинеколошко одделение во времетраење од три години поради реконструкција на болницата, се движел до 30%.

    „За тие три години во струшкото одделение се породија околу 1800 пациентки од Охрид од нив скоро половина се породени со царски рез, сега доаѓаат за повторно раѓање во гинеколошкот одделение во Охрид.
     
    На WildMk, Mnik и Biljarkata им се допаѓа ова.
  18. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.120
    Допаѓања:
    188.671
    Лепота:x
     
    На Cosmi му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.127
    Допаѓања:
    9.825
    Пол:
    Женски
    Па не биле доволно стручни демек овие. Што знам, нека кажат медицинскиве лица, ако сакаат
     
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.805
    Допаѓања:
    274.765
    Не знам да ја најдам статистиката, можеби @Ahoy може да помогне.

    Се' што мислам на темата си кажала со болдираната реченица.

    И јас сакам да знам. Зошто?
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.