1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правење грешки со кои ги повредуваме саканите

Дискусија во 'Психологија' започната од savana, 7 март 2012.

  1. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Многу ми е потребен совет и мислење од вас, не најдов соодветна тема па затоа отворив нова.
    Ако има ваква тема слоборно мислењево префрлете го во соодветната.

    Во последно време се случува да правам многу грешки, свесно или несвесно но ги правам. А со тоа ги повредувам блиските луѓе кои се окулу мене, партнерот семејството...
    Се случува на моменти да ми се собере се и да го истурам бесот врз таа особа, да кажам работи кои не ги мислам ниту ги чувствувам. Ме загрижува тоа што ова е се почесто . :sweat: Ја повредувам таа особа, се расправам се додека не ја извадам од такт таа личност. Е откако ќе се случи тоа сфаќам дека немало потреба за таква ситница да направам голема кавга. Најтешко од се ми е што после тоа многу се каам.
    Ќе речам дека нема да се повтори, ќе се извинам и се тоа, но ете после извесно време повторно исто. Длабоко во себе знам и во моментот на бес дека не сум во право и дека личноста не заслужува така да се однесувам кон неа, но нешто во мене како да ми вели карај се до крај. :devil:
    Порано не бев вакваа :( Има речиси 1 година откако се чувствувам вака.

    Во некои ситуации не можам да ја контролирам нервозата... не сакам никого да повредувам, ниту пак некој да се чувствува лошо поради мене но ете ми се случува ненамерно да ги повредам.
    Значи пак ќе речам не сум личност која сака да се кара и сл. не сакам да дојде до тоа, но тоа е посилно од мене. Многу ми е криво, многу се каам но тоа го касно го сфаќам ..
    Се надевам ме разбравте како се чувствувам, ве молам за совет.
    Дали сте биле во ваква ситуација?
     
    На cigarce му/ѝ се допаѓа ова.
  2. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    како го прочитав сето ова,така во себе си реков ах девојче слика-прилика
    иста сум и јас,навистина незнам на што се должи тоа,дали е тоа бидејќи сум буквалист и за мали работи или пак незнам да избројам до 10 пред да кажам нешто.исто,велам дека ќе се поправам меѓутоа како што велиш и ти не ми успева
    се надевам ќе прочитам и јас некој корисен совет од ова,бидејќи има ептен негативна страна
     
  3. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Причината е можеби потиснати чувства на бес и нервоза од минатото спрема тие луѓе кои така ги повредуваш.
    Врати се назад и размисли дали можеби тие луѓе тебе порано те повредиле, а ти тоа си го преќутела или не си го исфрлила целосно од тебе.
     
  4. mrzovolna

    mrzovolna Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Според мене , секој од нас некогаш кажува работи кои што не ги мисли и не сака да ги каже , но ете делувала нервоза , стрес , депресија па го натерала да ги каже, а после да се покае. Но сепак кога ќе размислам подобро (зборувам за себе си не сакам да те критикувам) неможам да му кажам нешто на некого онака што би се рекло "Од чиста мира" а да не сум имала причина да го помислам тоа..Да признавам бесот прави ОГРОМНИ чуда со нас луѓето, не прави еден вид на монструми. Особено мене.. Јас сум личност која што е многу невротична и бесна и со тоа следуваат многу лоши последици така да верувај те разбирам како ти е. Побара совет.. Тешко прашање но сепак ќе се обидам да ти помогнам. Ете и сама кажа дека после кажаните зборови, ти се каеш и секако дека се осеќаш лошо.. Чим си ја отворила темата значи многу ти е тешко што го правиш тоа.. Епа седни убаво и размисли си. Направи да ти влезе во главата мисла "Не го прави тоа, знаеш што се случи минатиот пат", па би требало од стравот дека повторно ќе се чувствуваш лошо , да не можеш да го кажуваш тоа што не сакаш да го кажеш. Научи се себе си како да се контролираш ете ако треба и на некој многу старомоден и глупав начин (број до 10) ама само некако да ја избегнеш таа караница и да не ги кажеш лошите зборови.. Незнам што друго да ти кажам , искрено многу се надевам дека бар нешто од ова што ти кажав ќе ти користи , па пиши што се десило..
     
  5. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.170
    Доста често знам да сум сурова со оние кои највеќе ги љубам. Ама она болно сурова. Некогаш самите зборови ми излегуваат од усните и не ни се контролирам што им кажувам и дека многу ги повредувам. Иако најчесто тоа што го кажувам е издржано и точно сепак секогаш истото можам да им го кажам и на некој пољубезен начин.

    Се согласувам и со ова.

    Најчесто за некои работи кои ми се случиле сметам дека причината за негативниот резултат лежи кај некој од моите сакани и поради тоа може несвесно по некое време да ја сублимирам таа болка која сметам дека ми ја нанеле со некоја која сега ним им ја нанесувам. А несакам.
     
  6. RedButterfly

    RedButterfly Активен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2013
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    13
    имам дечко, од различни градови сме.. пред некој ден тој дојде во мојот град, се немавме видено 1 недела, а јас не излегов да се видам со него...тој многу се навреди и сега лут ми е :( што да направам да се смириме? го сакам..
     
  7. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.297
    Допаѓања:
    83.253
    Пол:
    Женски
    Па нормално дека ќе се навреди , дечко ти е зарем не сакаш да си со него и да го видиш ? И јас би се лутела во ваква ситуација ... Совет нз да ти дадам но ноколку си имала некоја причина поради која што не си се видела со него раскажи му убаво се надевам дека ќе те свати, ако не извини му се и вети дека нема да ти се повтори повторно :)
     
  8. RedButterfly

    RedButterfly Активен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2013
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    13
    имав причина но он мисли дека го лажам, и му се извинив али он пак... :/
     
  9. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    ^ Му ја кажа причината?
    Си му дала некогаш повод за да не ти верува? Си го лажела ли некогаш?
     
  10. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    И јас сум таква. Кога сум лута кажувам некои страшни работи, вреѓам, викам, се карам. Се одмаздувам, а после некое време откако ми поминува лутината како ништо да не било се однесувам.
     
  11. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.473
    Во афект секој може да каже се и сешто. Но постои еден збор-САМОКОНТРОЛА. Ако тој збор не го разгатнете како што треба, дефинитивно ќе зажалите и се што сте рекле во афект ќе се рефлектира во иднина. Затоа карај се но со усул и секогаш ако имаш добра причина за тоа. Навредата е најлошото нешто што може да се каже на партнерот бидејки како и емотивно така и сексуално ќе го отргне од вас. И после крив ми е овој оној...па ќе акате по бајачки гатачки и сл. :|
     
  12. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Мене вечерва многу ме повреди брат ми. Ѝ се дереше за глупост на мајка ми и јас застанав на нејзина страна, нормално нема да дозволам еден лош збор да ѝ каже на мојата мамичка која со ништо не го заслужила тоа. А после тоа, тој ми кажа зборови кои што не смееше, сега не правиме муабет и не планирам никогаш да му прозборам ако не прозбори тој прв. Ако е постар, и јас имам принципи. Нека биде така ако сака, да видиме дали ќе му е сеедно. Многу ќе му биде криво и тоа наскоро, кога ќе му се олади главата. Не смее за глупости така да ѝ се дере на мајка му која прави се за него до ден денес, иако нема обврска бидејќи работи, а тој со ништо ѝ нема помогнато, ама барем благодарен да биде. Ќе си ја научи тој лекцијата. Пуста мајка не држи лутина, јас денар не би му дала после ова однесување.
    Многу ми е важна хармонијата во семејството, јас ќе заминам здравје во такво семејство, жал ми е за мајка ми, треба многу построго да се постави кон него, а не се да му попушта.
     
  13. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.297
    Допаѓања:
    83.253
    Пол:
    Женски
    Истото се случува кај нас понекогаш ... мн мн ретко ми се случува во нервоза да и кажам нешто на мајка ми што не треба да и кажам но верувај после 2 минути кога ќе размислам многу ми е криво и и се извинувам :( А сестра ми има 18 и е баш во тие години како да знае се и мн избувнува за ништо се кара се дере ,секогаш сум на страната на мама и суп против неа ни се случува после таков момент да не зборуваме 4-5 дена и накрај пак прва ќе ме побара затоа што секогаш и е потребна мојата помош и не може без мене :)
     
  14. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Но тој не е во такви години, 30 има, што значи нема оправдување. Луѓе на негови години деца растат, тој на грб на мајка му, уште се непогодено. Многу го сакам, брат ми е и срце ме боли што не збориме, ама што не може - не може, јас имам карактер. Никогаш не сум ѝ рекла збор лош на мајка ми ни во пубертетот, а камо ли па сега, или уште полошо на 30 години. :x А што е најлошо, држи лутина бе, и со денови немаме правено муабет, еднаш пред нова година мислев дека ќе ја дочекаме скарани, за некое чудо прозборевме. Тој не знае да размисли дали е виновен или не, си тера по свое. Замисли ми рече веќе да не сум му се обраќала и да не сум го спомнувала неговото име, завршил со мене веќе. За што бе алоооо? :fubar:
     
  15. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.875
    Допаѓања:
    8.422
    Пол:
    Женски
    Јас не сум правела, мене ми правеле. Веќе не ме погодуваат ваквите работи.
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.379
    Допаѓања:
    35.753
    "Мајстор" бев за ова порано. |( И свесно и несвесно повредував и ме повредувале. Последниве 10 години од животот , ајде да не велам 5 ( оти многу доцна изгледа8)) тектонски се променив. Ради сопствени незадоволства или фрустрации не замарам повеќе други луге, а и не дозволувам да ме замараат. Единствено на ќерка и прогледувам некогаш низ прсти..маж ми е фала богу премногу зрел за такво однесување.
     
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.052
    Допаѓања:
    76.048
    Пол:
    Женски
    За жал, се случува и тоа.
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.218
    И мене ми се случило, и грижата на совест после тоа е ужасна.
    Дури и само еден кажан збор има моќ да повредува...

    Како што е кажано погоре, причина може да се потиснатите чувства, проблеми што се ставани под тепих долго време, и затоа треба навреме да разговараме, да комуницираме... Ако проблемот е фатен навреме, веројатно нема да доаѓа до собирање на негативни емоции.
     
    На edna_malecka, sunshinebabe и noteforself им се допаѓа ова.
  19. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Ми се има случено. Несвесно.
    Грижата на совест убива.
     
  20. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    2.106
    Пол:
    Женски
    Јас поради мојата состојба се испокарав со сите, знам некаде во мене длабоко дека е тоа глупост, и дека не сум во право јас. Ама постојано барав причини за кавга. Незнаев како да се ослободам од бесот поради други луѓе и јас на вистинските им се истурив. Кога велам на вистинските мислам на тие што се секогаш покрај мене и во добро и лошо. Ама еве неможат да ме разберат како ми е и тоа го разбирам.Затоа не притискав многу да се смирам со нив. Знам дека ги навредив и тоа убаво. Ама во таков момент на бес кажуваш секакви работи, што ќе ти дојде и за некоја ситница ќе се испокараш убаво на крај. Дури добро ми доаѓаше кога ќе се скарав со некој во мој тежок период ама после па ми станува криво дека се уништувам. Затоа сега сакам додека не се средам, да бидам сама. Не сакам некој ни крив ни должен да го трпи мојот бес. Сепак мислам дека добро поставив што се тргнав, наместо да страдаат двете страни:wasntme: