Грешки сите правиме ама јас дефинитивно во ПМС, сум како змија , и тоа само кон маж ми, дека изгледа он најмногу ме трпи а во такви денови избегнувам да разговарам со други оти јазикот ми е долг до Мексико и назад . Ама се смирувам за 15 мин и после секогаш се извинувам, ме знае маж ми дека сум таква, избувнувам за ситница и барам причина за кавга а маж ми никогаш не се кара, па се карам сама со себе зошто не се кара , и кога ми помине лудилото ми иде да си пропаднам во земја , колку глупости накажам, дури во тие моменти правам напор да се воздржам од зборување, често си зборувам издржи Ангел не си тоа ти, тоа хормоните беснеат
Знам да сум брзоплета и да кажам нешто што не го мислам и после стопати ќе се преиспитувам. Ми се товари плус грижа и ми тежи многу..
Често го повишувам гласот кога ќе се изнервирам во секундата. Потоа се каам, но пак се случува... Растена сум во таква средина и не знам како да се одвикнам од тоа.
Ми се има случено во афект да кажам нешто што би ги повредило. Ретко, ептен треба да сум извадена од такт, но се случило...
Порано бев страшно повлечена личност , многу преќутував на секој .. Сега преќутувам само на повозрасните луѓе од мене . Кога сум во ПМС , сум најлоша .