Даночната обврска на данокот на промет на недвижности настанува со денот на склучувањето на договорот за пренос на правото на сопственост на недвижности. По склучувањето на Договорот за купопродажба се поднесува даночна пријава и се донесува решение со кое се утврдува даночната обврска за остварен промет со недвижности. Откако ќе се плати данокот, на сите примероци од договорите се става штембил за платен данок, и понатаму постапката продолжува пред надлежен нотар, односно се врши солемнизација - потврдување на договорот.
здраво, да прашам вооднос на брзиве кредити. имам кредит од 12000 денари. пошо бев во странство два месеци и не бев во можност да ги исплатам ратите ми стигна опомена пред тужба. дали е возможно да се договри за да уплати дел од сумата и остатокот да речиме по две недели, зашо чекам да ми префрлат плата? или одма тужат? ако да колу е вреемската разлика измеѓу поднесена тужба и поднесување на извршител?
Дали ако причител за сообраќајна несреќа е возачот ако патниците земат оштета од осигурителна компанија, ќе треба возачот да ги врати парите на осигурителната компанија?
Зависи од осигурителното друштво дали ќе тужи, но законски осигурителното друштво има право на регрес на исплатениот износ за надомест на штета сразмерно вината на возачот, значи ако возачот бил виновен во 50% тогаш осигурителното друштво има право да бара 50% од износот кој го исплатил на оштетените. Ако ве интересира нешто дополнително пишете ми во порака.
Здраво,незнам дали прашањево е за овде но да прашам..Дали некој познава човек што дава пари на заем со нотарски договор да напоменам се работи за голема сума на пари. Фала ви однапред.
Zdr imam eden mal problem ako moze pomos Sega na kratko da objasnam imam Tuzba podneseno preku advokat i imam dobieno okolu 15 iljadi denari no problemot e sto na izvritel sum daden i smetkite mi se zatvoreni pa otidvme so prijatelka na advokat popolnivme nekolku dokumenti za na nejzina smekta da legnat parite advokatot ok rece no 1 mesec pomina ne dojdoa parite potoa pak bev kaj advokatot i mi vlka deka izvrisetol go odbil resenieto za na drugo lice da se potvrdat iako so dogovor sve bese ok Sega advokatot vika so SOLEMİZACİJA ke mozelo da se zemat parite na smetkata na drugarkami Ke moze pomos sto e toa Solemizacija fala mnogu odnapred
Солемнизација значи кога приватната исправа станува јавна исправа, тоа значи тоа што е наведено во јавната исправа е точно и вистинито се додека не се докаже спротивното. Односно нотарот потврдува дека тоа што е наведено во договорот помеѓу страните е согласно нивната волја, за разлика од приватната исправа каде што некоја од страните може да негира и да вели дека била во заблуда во однос на некои одредби од договорот, тоа не може да биде случај кога приватната исправа е солемнизирана со потпис и печат од нотар (и во некои законски случаи и од адвокат, на пример купопродажба на недвижност).
Здраво ве молам за информација , дали може да ми објасните дали е возможно мајката има поднесено бројче за легализија за доградба а станот е на име на ќерката. Предходно станот бил на мајката меѓутоа кога го препишувале бројчето не го префрлиле . Па дали ќе може тоа да се направи сега и каква е постапката ?
Не би требало да прават проблем од општина затоа што врз доградбата може да се заснова право на сопственост односно откако се легализира ќе стане прирасток на станот, а мајката ќе добие статус на сосопственик (со својата ќерка, врз целиот стан) во идеален дел сразмерно легализираните м2, понатаму може да и' го подари нејзиниот идеален дел на ќерката. Другата опција е да и' го препушти правото на легализација на ќерката со тоа што наместо мајката, барател официјално ќе биде ќерката, тоа треба да се праша подетално во општина, за да не бараат евентуално нов елаборат, итн.
Каде можам да најдам како се определува алиментација? Со минимална плата за две деца колку би изнесувала?
Ме интересира-се разделивме со сопругот поради неговите проблеми со алкохолот, а понекогаш и со недозволени супстанци за кои не знам точно колку често ги употребува... Е сега, бара да го гледа детето. Му дозволувам, но во мое присуство. Почна да се буни зошто не може да го земе на неколку часа сам. Планирам да пријавам во ЦСР за да му додели видување и планирам да го истакнам проблемот со алкохолот и дрогата. Што мислите-како би постапил центарот на ваква пријава? Потребни ли се докази или може да нареди да му прават испитувања? Дали може да му доделат да го гледа во просториите на центарот или под надзор? Детето има 5 години. Што со бабите и дедовците, тетки и стриковци-колку тие законски имаат право да влијаат на одлуките на центарот? Дали имотната состојба игра улога?
Здраво дали некои знае колку метри треба да има од мрзата границата на имотот со комшијата за да градиш. Кренаа зграда до наш имот имено имало 3м од границата но си пуштија и тераси... и дали ако го пријавам само ќе се влечам по судови или ќе се урне нешто
Членки здраво, дали некој знае или имал искуство со продавање на недвижност во сосопственост? Дали ако секој го продава својот дел треба согласност од другите, дали и другите треба да бидат потписници на договорот или не?
Согласно Закон за сопственост и други стварни права: Сосопственоста е сопственост на повеќе лица врз одредена недвижност или врз ствар. Сосопственикот може да ја користи недвижноста и да располага со неа без согласност на другите сопственици. Но, во случај на продажба на недвижноста другите сосопственици имаат право на првенствено купување на недвижноста. Сосопственикот доколку сака да го продаде својот сопственички дел од недвижноста должен е првично да им соопшти на другите сосопственици со подавка преку нотар, односно првично нив да им го понуди за продажба својот сосопственички дел, да им ја соопшти цената како и условите за продажба. Доколку сосопствениците во рок од 30 дена не се изјаснат дека ја прифаќаат понудата, сосопственикот може својот сосопственички дел да го продаде на друго лице. Или ако повеќе сосопственици под исти услови сакаат да го купат идеалниот дел од недвижноста, тогаш тој ќе му се предаде на оној сопственик кој ќе го одреди продавачот. Во случај да не им се даде понуда на сите сосопственици, по судски пат може да се бара поништување на продажбата. Ако имате проблематични сосопственици мора законски да ги испочитувате, но доколку сте во добри односи и не се заинтересирани за вашиот дел, можете и без тоа.
Заради правото на првенствено купување треба вашиот идеален дел прво да го понудите на другите сосопственици со писмена подавка преку нотар, од денот на приемот на понудата од страна на секој сосопственик во рок од 30 дена ако не се изјаснат или одбијат да го купат вашиот идеален дел тогаш напоменувам под истите услови и истата цена може вашиот идеален дел да го продадете на трето лице, во спротивно продажбата ќе биде ништовна и со тоа може да причините штета на купувачот третото лице, вака е законски погоре е цитирано, и вака е во пракса, ако ве интересира нешто дополнително пишете ми во порака.