1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правно признавање на родот

Дискусија во 'Политика и настани' започната од DAngel, 7 јуни 2021.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Тивко и без помбезности, Северна Македонија е само на чекор од донесување на измени на законот за матична евиденција кои би довеле до правно признавање на родот. Ваквите измени се носат како последица на пресудата "Лицето X против Македонија" со која судот за човекови права во Стразбург за обвеза РМ да донесе законска рамка во која точно ќе биде дефинирана постапката за правно признавање на родот.
    Новопредложеното решение му овозможува на секој полнолетен и деловноспособен граѓанин на РСМ кој не е во брак на сопствена желба и уверување да ја промени ознаката за пол и матичниот број со такви кои би му соодветствувале со неговот родов идентитет.

    Кое е вашето мислење за законот? Дали воопшто се слушнале за новодонесените законски измени?
    Кои се според вас позитивните страни на овој закон? Кои се негативните?
     
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    И да си фатам јас, како што е ред.

    Помпезниот закон се носи тајно, дури и организации за заштита на правата на трансродовите лица тивко ќутат и не објавуваат. Според изјава на активисти во емисијата 25 минути, вчера, законот е веќе стигнат до собрание. На електронскиот регистар за закони законот стои како отворен, се обидов да напишам коментар, ама јок, коментарите не се објавуваат (за разлика од други закони и прописи кои се преплавени со коментари). Дали и владата е соучесник на задушување на јавните реакции за законот? Можеби...

    Воглавно, детално неколку пати го прочитав предложеното законско решение и ми паднаа неколку работи во очи.
    1) Податоци за промената на полот нема да бидат достапни никаде, ама апсолутно никаде. Тоа ќе значи:
    - Биолошки мажи ќе можат да бидат сместени во женски одделенија во затворите (кај што кај нас се сместени жени и малолетници), па со тоа потенцијално би ја загрозиле нивната безбедност (има причина зошто вакви места се сегрегирани по пол)
    - Важи и спротивното, биолошки жени кои ја промениле ознаката за пол би биле сместени во машки одделенија во затворите и потенцијално би можеле да станат жртви на сексуално вознемирување.
    - Општествена конверзиона терапија за хомосексуални парови: Што мислам со тоа? Истополовите партнерства не се легални во државата, но доколку еден од партнерите се одлучи за промена на ознаката за пол - тие ќе можат да стапат во брак. Државата има еден хетеросексуален пар плус и два "педера" помалку, win-win. Конверзионата терапија преку транзиционирање е реалност во светот, па скоро и сигурно е дека истото ќе почне да се случува и кај нас.
    - отежнатост при дијагностицирање на полово специфични болести.
    Дали тоа што никаде не би се чувале податоци за промената на полот би го отежнала процесот на дијагностицирање на болесто кои се специфични по полот? (пр, рак на грло на матка или тестиси).
    И не само тоа, многу болести и симптоми значително се разликуваат помеѓу мажите и жените. Жените различни симптоми имаат и за инфаркт, различно им влијаат одредени лекови. Едноставно имаат различни потреби. Дали вака се загрозува здравјето на сите лица кои ќе се одлучат за промена на ознаката на пол, а особено на жените, кои и онака секојдневно се борат со медицинската дијагностика против гледиштето дека се само "мали мажи"?
     
    На Alisa22, Neodlucna и Sceptical им се допаѓа ова.
  3. Mazegin

    Mazegin Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    671
    Затворениците би можеле да бидат сексуално вознемирувани и од личности од ист пол, без притоа истите тие потенцијални злостовувачи законски да си го сменат полот. Можеби и воопшто немаат намера да го сменат полот, туку само бараат начин да си го остварат тој сексуален нагон во затвор.
    Тоа не е гаранција за ништо, има навистина многу исклучоци.

    Правниот систем е таков не само во Мк, туку и во поразвиените земји да затворениците немаат никакви здравствени услуги ниту пак права, па најверојатно сексуалното злоставување им е нај не приоритетна работа таму.

    За медицинскиот дел не би да коментирам, би бил само сувопарен муабет.
    Добро би било некое медицинско лице да даде стручно образложение, pros and cons за промена на пол.
    Вака ние како би дебатирале кога имаме само општо познавање од човечката анатомија и генетика?
    Сигурна сум дека денес медицината е современа до тој степен, за да се пружи соодветна грижа и на трансродовите лица.

    Лично мене, не ме интересира државата што прави и што сака да постигне.
    Немам ништо против трансродовите лица, сѐ додека мојот живот не е во опасност.
    Кој што сака нека прави со својот живот, не ми е гајле дали имало "плус еден хетеросексуален пар, а двајца педери помалку".

    2021 година сме, напредокот на човештвото оди напред, сакале ние или не.
     
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Значи отворено поддржуваше бришење на хомосексуалните лица?
    Сакаш да кажеш дека отворено си хомофобна?
    Над 90% од сексуалните предатори се мажи. Сегрегација на машки и женски простори е направена за да им се овозможи на жените еднакво учество во друштвото.
    Пред да се воведат јавни женски тоалети, на пример, учеството на жените во јавниот живот било драстично намалено затоа што биле ограничени од потребата да отидат во ВЦ, како секој нормален човек.
    Ако си жена, нормално дека те таргетираат такви работи и дека директно влијаат и на тебе и на твоето функционирање во општеството. Секоја жена ја таргетираат.
    Не зборуваме за промена на пол, промена на пол не постои. Зборуваме за промена на ознаката за пол со она која би го прикажувале одбраниот род/родов идентитет. Нема потреба да имаш кој знае какво знаење во медицина да знаеш дека жените имаат матки, а мажите пениси. Не мора ни биологија да си слушал кој знае колку за тоа. Едноставно е биолошка реалност со која секојдневно се среќаваме.
    Ниско :D
     
    На theowndemon, Alisa22 и Sceptical им се допаѓа ова.
  5. Mazegin

    Mazegin Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    671
    :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:
    Ти го кажа тоа, јас само парафразирав дел од твојата реченица кој гласеше:
    "плус еден хетеросексуален пар, а двајца педери помалку".
    Ти си хомофобот тука.
    Затоа и погоре овој дел го ставив во наводници. :)

    На останатите коментари што си ги напишала, нема да добиеш одговор. Премногу цинизам и дрскост. А нема потреба.
    Очигледно е дали сум, или не сум хомофоб по моето мислење.
    А и впрочем што тебе тоа би те засегало? ^_^

    Се гледа дека си "читала" на темава ама не си сѐ дочитала како што треба.
    Следен пат едуцирај се доволно, па потоа биди отворена за дискусија.:f:


    И те молам веќе да не ме цитираш, мислењето задржи си го за себе.:l:
     
    На SandraPink, Sejfullai, Tanjamm и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.858
    Допаѓања:
    21.138
    Пол:
    Женски
    Јас сметам дека стрикно ова прашање е најмалиот проблем наспроти се она што сакаат да протнат.
    Дали некој ќе смени пол,правно, не влијае на тоа дали таа особа ќе стане убиец, педофил и дали некој во затвор ќе му направи нешто.
    Сите знаеме дека оние луѓе што прават некому лошо прават пошо се неарни во мозокот.

    Така да за ова немам некое посебно мислење.
    Родител 1 и родител 2 ми боде очи.
    Ако некој може да бира пол, зошто јас да не можам да изберам да бидам мајка?
    Ова онака површно и лаичко мислење.
     
    На MarijaMi90 и Осе им се допаѓа ова.
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Да, тоа е реалноста што би се случувала и се случува во многу држави (Индија на пример). И тоа е хомофобно. Тебе не ти е гајле што државата врши конверзиона терапија врз хомосексулните лица, јас мислам дека сите треба да симнат право на признавање на својата врска пред законот без разлика дали е хомосексуална или хетеросексуална. Јас сум хомофобната?
    Да, очигледно
    Си го погрешила местото за коментирање, тогаш. На јавен форум секој има право да те цитира.
     
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Каде родител 1 и родител 2? Нема тоа.
    Државата со законот ќе се осигура дека сите бракови ќе бидат хетеросексуални, помеѓу мама и тато.
    Значи мажот може да биде мама, жената тато, ама дефинитивно ќе има мама и тато.

    Не влијае дали ќе смени пол, ама непропонционално голем дел на сексуални предатори се одлучиле за промена на ознаката на пол, искуство од други држави. Тоа што ќе смени ознака и законот нема да го направи предатор, ама ако е предатор поголема е веројатноста дека ќе се одлучи за промена на родот, барем далеку поголема од личност која не е предатор
     
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.241
    Допаѓања:
    166.065
    Дај да го видиме законот па да му фатиме сеир8-|
    Многу сакам закони- како је мали Џокица замишљао:D
    Вака на невидено може да си праиме причам ти причу.
    - Што значи правно признавање на родот?
    - Зошто само лице кое не е во брак? - дискриминација.
    - Колку родови има? И слични прашања
     
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    https://ener.gov.mk/Default.aspx?item=pub_regulation&subitem=view_reg_detail&itemid=51477
    На.
    Пробав коментар да додадам, коментари не поминуваат.
    Погледни проценката за ризик
    Само еден проблем со целиот закон нашле... Што ќе прават со оние што се разведени и сакаат да ја променат ознаката за пол.
    Значи тотално извитоперено гледиште... Како ќе се справат со тоа дека назад ќе имаат хомосексуален пар. И за тоа се обврзале да најдат решение. Значи ќе се осигураат дека сите бракови се хетеросексуални.
    Не, никако не се хомофоби, од каде тоа. :D
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.241
    Допаѓања:
    166.065
    Абе колку родови има?
    Мора да бидат транзитирани или не мора?
    Леле, ич не им завидувам на оние во матична служба.Освен ако не ги заменат со роботи, роботи може нема да имаат куршлус со алгоритмов:drunk:
     
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Не мора транзирани, на барање ќе се менува, по желба.
    Два рода има, ко Господ што рече. Еден маж и една жена. :D е сега, Господ никаде не рече дека мажот мора к*р да има, а жената пи*ка.
    Заради тие во матично и сме до ова дереџе, така да, ич не ги брани.
     
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.241
    Допаѓања:
    166.065
    Абе како 2 рода?:wasntme: А небинарното?:?: Нели 16 родови има, или 164?:smirk:
    Ич не ги бранам, тие во нормални услови не се способни извод без грешки да изготват, или грешно име, или презиме, или некоја бројка ќе утнат, сека уште родови и полови, завалијата:sweat:
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  14. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.882
    Допаѓања:
    19.086
    Пол:
    Женски
    Ништо не разбирам... искрено!!! Кој што како? може се осеќам како маж денес, што знам :rofl: нешто чудно ми е, затоа не разбирам.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    27.790
    Да не го читам законот, немам време, колку пати смееш да смениш род?
    Дали смеам да сменам род ако ми текне денес, и утре или после една недела, месец, година пак да го сменам?
    Тоа со матичниот број ми мириса некако многу, многу лошо, ама ај ќе пишам на широко штом имам време.

    Иначе и род ќе смениш попрво очигледно, ама никнејм на форум не :D Нешто ми се менува во Селтик денеска :D
     
    Последна измена: 8 јуни 2021
    На GirlRose, Bezimenka90, mareane и 4 други им се допаѓа ова.
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Не е дефинирано :) кратки се промените во законот, земи прочитај. Дојди ни на вебинар во сабота
     
    На Celltica му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Ако не е дозволен брак помеѓу хомосексуалци, дали ако еден од оние што се во хетеросексуален брак го смени родот, од тој момент ќе се во нелегален брак и бракот ќе треба да се поништи, да плаќаат казна...? И матичарот да се гони.
     
    На Tanjamm, WildMk и MarijaMi90 им се допаѓа ова.
  18. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.882
    Допаѓања:
    19.086
    Пол:
    Женски
    Замисли, лежам на болница.... ете на интерно да речеме, или хирургија (било како), и до мене во другиот кревет ставаат некое маже кое од вчера се осеќа како жена, и е увреѓен/а да биде ставен/а во машкото одделение, оти не се осеќа како маж. Идеално за манијаци, силувачи итн.....
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Баш од болнички кревет после хируршки зафат ќе стани да те силува.
     
    На GirlRose, Sejfullai, staycalm и 2 други им се допаѓа ова.
  20. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    Можеби мислеше дека тоа може да се случи и пред хируршки зафат.