Доктор не смее да снесе различно до податоците кои ги пишува во документите. ЕМБГ, пол се податоци кои се фиксни. Нека знае докторот колку сака свој пациент, тие податоци не може да го става по свое убедување. Колку си тврдоглава за работи за кои појма немаш, просто чудо е...
А ти колку си за ексклузивна борба за права, што воедно не е борба за права, туку зачувување на личниот комодитет. За поинаква те мислев...
Комодитет? Јас се борам за личниот комодитет? Може да збориме кој е во комфорт зона легнат и апсолутно секакви глупости ќе истреска само за да ја оддржи таа статус кво состојба? Немој ти мене дека за поинаква си ме мислела. Жените се бореле за сегрегација на тоалетите за своја безбедност, за да можат безбедно да отидат на работа и безбедно да учествуваат во јавниот живот. Се бореле да бидат вклучени во медицински истражувања (во кои не биле до 60-70тите) за да можат и нивните проблеми да бидат адресирани. Се бореле да бидат признати како нешто повеќе од "мали слаби мажи, послаб пол". Ти си толку удобно сместена во твојата комфорт зона што не смееш ни да помислиш на погледнување на некој друг аргумент. За поинаква си ме мислела... Мислиш, не си ни мислела...
За мене е навреда да ме нарече некој човек со матка. И слични ми ти термини. Јас сум жена и не сакам никако поинаку да бидам нарекувана, ниту да ме присилуваат да се идентификувам исто (или да ме бројат во иста група) со небиолошки жени. Онака, преку к*р ми е генерално од мажи, секакви, нека си најдат нов термин за што се, нека не го чепкаат мојот. И не, не сум трансфоб, али нели, тоа се опциите, или се' слепо прифаќаш, или си затуцана конзерва, нема измеѓу, нема критичко мислење, боже сачувај.
Лелеее колкав есеј напишале само за да кажат дека се ТЕРФови. Лабавко си играле со зборови, веч видено. Еве пократок а поконцизен опис: "Fair Play For Women is a group which raises awareness and supports transphobic policy-makers denying trans people the rights CIS people have in the UK. We provide the bigoted platform necessary for women and men to voice their baseless transphobic opinions, we think women should not feel scared of losing their job and reputation if they're sometimes transphobic. We believe in equal rights for all women! (Unless it's transgender women, they don't deserve OUR rights). We're basically trans exclusionary radical feminists." edit: овие биле бетер од нашите „тврдокорни“ групички и организации бе...
Најубавото мислење што го прочитав на темава од било кого! Браво. Камо да имаше земјава повеќе луѓе како тебе.
Околу Ministry of Justice на UK, ваљда си запознаен со нивната најнова изјава во врска со Stonewall MoJ важат за најинклузивен работодавец И онда Во сабота ја славевме победатa на Maya Forstater. Онаа за која пишеше JK Rowling, де Ах, и википедија како аргумент? Уште не научивте?
Сигурно знаеш и дека се конзервативци од партијата на Борис тие што одлучиле за повлекување и истите тие што ги даваат изјавите, не знам што е чудно тука. Исто така ме интересира од која страна е скриншатот. Маја и Rowling се тотално небитни, особено па Rowling, самите глумци што заработија милиони од нејзината приказна и свртеа грб откако си го покажа правото трансфобично лице, што остана за фановите што ги ИМАШЕ... Маја (трансфобијата) победи, ама и не победи. Спојлер: хехе Маја е богата и привилегирана верзија на Славица. Оној, најлошиот вид на Славици, затупените. Спојлер: Славица и нејзината трансфобија Не знам кој дел од скриншатот од википендија е спорен и зошто не треба да се зема за валиден? Пошто наведува кои глупости историски ги правеле овие од трансфобичната организација или што?
Како бе таа Маја трансфобична за искажување основен биолошки факт(да, ѝ ги прочитав твитовите)? Јас сум скроз за разбирање, ама ова веќе надминува граници на здрав разум.
Не очекувам никој ТЕРФ да види проблем во било која изјава на Маја, ниту од овие на сликата, ниту пак во другите.
БЕз разлика дали е спорен или не, на википедија модераторите се бираат "to hold certain beliefs", буквално на огласот за работа стои. Значи нема објективност и непристрасност туку однапред се знае што ќе пишува на темите. Затоа и тие теми се заклучени за едититрање, да не може некој "ТЕРФ" од надвор да ги менува. Шпанија и Германија исто годинава пропуштија да донесат закони за самоопределување. Шпанија под притисок на "ТЕРФ"-овите... Ептен моќни, нема што... Само што финансиските фондови не зборат така... Милијарди долари се слеваат за "унапредување на транс правата". Им било некогаш на милијардерите битно за нечии права? Да, да, Џеф Безос прва да го земеме ако не, што вработените во шишиња и пелени му мочаат. Знаеме дека е ептен загрижен за човекови права Се се тоа капиталистички игри, искористување на тинејџери кои имаат реални проблеми. И тргнав едно огромно мислење да пишам подолу, ама сфатив дека не вреди
Како мислиш БЕЗ РАЗЛИКА? Што на скриншатот од Википедија е НЕТОЧНО? Ако одговорот ти е НИШТО, тогаш стварно е беспотребен муабетот кој е модератор на Википедија. Мнозинството луѓе во светот се трансфобични. И обични луѓе, и луѓе на високи политички позиции. Не знам од каде сега влезе Џеф Безос и неговата експлоатација на работници во муабетот за транс луѓе и нивните права али да во право си за едно, на милијардерите не им е битно за ничии права. JK Rowling е дел од нив
Биолошки факти ≠ трансфобија. Никаков биолошки факт нема во твитовите на Маја и сите други познати терфови, вклучувајќи ја JK Rowling. Напротив, единственото нешто присутно е блатантно непочитување на транс лицата и нивните права (што треба да ги имаат) и во одредени случаи фино замаскирана трансфобија Да образложам: Маја го негира постоењето на родовата дисфорија. Маја упорно се обраќа на луѓе со погрешни заменки, дури и откако и е потенцирано дека е грешка - а од друга страна во судот се правда дека нема проблем со користење на нечии преферирани заменки. Маја, тврди дека транс жените не се и никогаш нема да бидат жени туку секогаш ќе останат она што се родиле (мажи), ова само по себе си е дефиниција за трансфобија, нема потреба од појаснување. Многу е интересно што истото го потенцира само за транс жени, за транс мажи е тивка. Ептен смрди на радикален феминист што исклучува транс жени - ТЕРФ. За JK Rowling да не почнувам да пишувам подобро пошто есеј треба да напишам. Од моментот кога ја бранеше Маја, негирање на фактот дека транс луѓето се дискриминирани велејќи дека таа би застанала на страна на транс луѓето само ако истите се дискриминирани, пишувајќи нова книга при што одлучила да користи сериски убиец - маж што се облекува како жена само за да убива жени (ова е после нејзините трансфобични изјави) - па се до нејзините споредби на терапија за транс лица со conversion therapy, тешка глупост до глупост.
@staycalm Дечко дај бе кажи кој активист си, мислам по реториката претпоставувам, ама дај бар да си кажеме јавно вака, мислам викање терф не е аргумент, не знам истиве муабети ли на сите теми ќе ги збориме? Јас те заборавив дека си ти од минатата тема, ама со ова истото па истото ме потсети, просто нема шанса да не те препознае човек. Не можеш да се родиш во погрешно тело. Може да се родиш во средина која ти наметнува родови стереотипи. И да мислиш дека си во погрешно тело зошто цел живот те труеле како изгледа жена, а како маж. И како се однесуваат. Што треба, а што не треба да прават. Како треба да се носат и кои карактеристики ги имаат. А тука ние правиме калапи дополнителни и ги ставаме луѓето во некои калапи повторно. Тоа ако не е продлабочување на стереотипот, не знам што е. Нели за тоа е борбата, за стереотипот да го нема. Тоа да беше борбата, јас прва ќе бев да ја поддржам. А нешто што продлабочува родови стереотипи не можам да поддржам. Бришење на биолошки маркери нема да поддржам. Сум за секој возрасен да има можност да прави што сака со својот живот и да го живее животот без предрасуди од другите, без булинг, без малтретирање, ама мислам дека во друга насока оди работава. Друго, не може да ми наметнеш дека ти ако се решиш да транзитираш утре јас и ти ќе сме истото, зошто ни ти знаеш како е да се биде жена, ни ги имаш моите искуства, ни некогаш ќе ги имаш моите искуства. Исто како што и јас нема да ги имам искуствата на маж да речеме. Значи, не знам што е навредливо во терминот транс жена или транс маж. За срамење ли е транзицијата, зошто да се скрие под тепих? И да, целава работа испаѓа ајде да си ги мериме, зошто еден обичен назив жена не не оставивте да имаме, мораше ако има транс да има и цис жена. Толку од мене, ајде сега продолжи со терф терф трансфоб итн итн.
А кој дел од постот ти е проблематичен, де? Тој дека транс жена никогаш нема да остане трудна? Тонот им е мислиш FPfW се терористичка организација. За Исис верувам не им е толку остра страната BBC reality check found that it's unlikely that blah blah blah, ама не кaжува колку се Баш ништо спорно во страната на Википедија не гледам, освен што се гледа по тонот дека се обидуваат да ги претстават ко некоја страшна организација. Што везе има Џеф Безос? Апсолутно има везе, оти е all onboard the pride train, а знаеме дека тој поддржува за пари и за ништо друго Ко што напиве невладини се борат за пари и за ништо друго. Мислиш гајле им е за нечии права? Гајле им е за парите што им доаѓаат. Ако ме послужи време, ќе стигне извештај и за тоа