Да. Тоа никој не го негира. Посебно кај млади тинејџерки, речиси секоја млада девојка чувствувала дисфорија кон своето тело или дел од своето тело. Посебно поврзано со менструацијата. Со растењето на градите, со влакнетоста која никако не е "женска". Со притисокот од околината да се понаша како "дама", "девојка". Ама тоа не ја прави трансродова. И транзиција не е начин за лечење на родовата дисфорија, имаш куп истражувања кои го потврдуваат тоа. Едноставно, ако сме поминале после 60тите и сме рекле дека лоботомија не е лек за "женска хистерија", зошто измислуваме лекови и дијагнози кои не функционираат? Зошто за општествени состојби го менуваме телото (оти нели, по истанбулската конвенција родот е општествен конструкт, што дозволува такво менување на родот по желба, т.е. самодекларација)? Родовата дисфорија никој не може да ја негира, јас ретко познавам некој или некоја што е баш еуфоричен за своето тело. Од дисфорија се прават и платични операции, оти некој е дисфоричен за носот на пример. Едноставно, ако се бориме против притисокот на општеството и рушење на стереотипите, нема поента да се бориме за транзиција затоа што тоа е продлабочување на стереотипите. Јбг, основна логика...
@staycalm Ова ми е една од најдобрите дискусии на темата, тука од кај нас, локално. Игор е трансмаж, и фала богу еднаш да се чуе приказната на биолошка жена за транс прашањата. Оти секогаш е трансжените, никако за трансмажите да се спомне... Ко и во транс движењето да се знае кој е "посилниот род"
1. Нит сум активист, нит планирам да бидам. Го оставам тоа на луѓе што се подлабоко навлезени во тоа и безрезервно ги поддржувам. Тоа што секој што има либерални сфаќања поразлични од вашето конзервативно задојување МОРА да е активист е твој проблем, не мој. 2. За болдовите, искрено жал ми е да пишувам. Ако кажам дека е трансфобија ќе се закачиш за тоа, а е textbook definition на трансфобија.. Негираш родова дисфорија само затоа што постојат родови стереотипи кои јас во никој случај не ги одбранив, а ниту пак реков дека секој што не се вклопува во тој „калап“ за маж или жена мора да е транс. Просто неверојатно. 3. Транзиционирањето не е нешто што јас ќе РЕШАМ да го направам, бидејќи немам родова дисфорија, а и тоа не е ствар на избор. Исто како и сексуалната ориентација што не е. На транс мажите и жените им е 10 пати потешко и полошо од тоа што ти е тебе како биолошка жена, и не треба да сум жена за да го потенцирам тоа. На дневна база се дискриминирани, а и за жал голем број од нив физички малтретирани и прилично голем број убивани (само затоа што се транс) во одредени држави. Можеби се прашуваш зошто? Па баш од трансфобијата која што ја негираш. 4. Никој не го брише и негира називот жена, ниту пак некој ти забранува да го користиш терминот жена. Cisgender е антоним на transgender и си има свое значење. Кога ќе го избришеме зборот transgender тогаш ќе го избришеме и cisgender.
За кој пост ме прашуваш и како е поврзано со трудност? Тоа не е тон, тоа се факти за нивното општополиитчко дејствување. FPfW се страшна организација, википедија не ги претставува како таква во никој случај. Џеф Безос нема никаква врска овде, на кој сака train нека е. За нашите организации само шпекулираш, без никакви докази. Gender dysphoria (GD) is the distress a person feels due to a mismatch between their gender identity—their personal sense of their own gender—and their sex assigned at birth. Би те замолил мене да не ми праќаш вакви бљувотини, благодарам. Пресмешно ми е што на транс луѓето исклучиво се обраќаш како „биолошки маж или биолошка жена“.. Ужас Транс жените не се мажи.
А ако излезам со докази? Еј, цитат од википедија Тоа зборува повеќе за тебе, а не за тоа што јас го праќам. Што е проблемот, 3 жени муабетат за женски прашања? Гадно Трансактивист имаш во дискусијата, оти гадно? Оти не е трансжена? Сакаш порно видеа од македонски трнасактивисти да праќам, ако не, оти од прилика само тоа има Шо, и ти во твојот пол не ги сакаш?
Наречи ме како сакаш. Нема да ме навредиш зошто не верувам во постоење на род. Оттаму не можам да имам фобија кон нешто што не верувам дека постои. Немам ништо, ама баш ништо против луѓето да прават што сакаат и со животот и со телото. Дискриминација свесна сум дека има, и за тоа секогаш било кое лице, не само транс лице, макар и Марсовец да се нарече ќе го поддржам ако доживува нешто такво на работно место и слично, ама не значи дека треба да немам став. Инаку сум апсолутно против било кој да малтретира било кој друг, ама тука никој не рече ајде да ги малтретираме транс лицата. Побогу не знам како ме замислуваш, на клада дека ги палам? Не ми смета ништо, ама баш ништо, се дури не ми навлегуваат во моите полово базирани права што генерации и генерации жени пред нас ги обезбедувале. Немаме ние право на тоа? Или треба само да ќутиме зошто на секое ќе лепите етикети дека сме против некој друг? Во постот не мислев на тебе лично да транзитираш, зборував во второ лице општо.
Слободно излези со докази и сруши ги. Моментално само шпекулираш Не ме смеј со муабетите „гадно ти е оти се жени“. Доста вицкасто.
Не ни планирав да те навредам. ТЕРФ и трансфоб не се навреди. TERF = a feminist who excludes the rights of transgender women from their advocacy of women's rights. Transphobia is the fear, hatred, disbelief, or mistrust of people who are transgender, thought to be transgender, or whose gender expression doesn’t conform to traditional gender roles. За да е некој трансфобичен не мора да значи дека сака да ги пали на клада. Ниту пак те замислувам така. Правата на транс лицата во никој случај не одземаат од твоите права.
Не е точно, ама гајле ти е пошто од твоите секако не одземаат, па кој ги тиит другите. Не ми ставај дефиниции, не сум ни трансфоб, ни терф, ни па феминистка општо сум се нарекла во животот. Не сакам етикети, lone wolf сум
Јас сум феминист. Сите заслужуваат еднакви права, вклучувајќи ги и транс лицата, ви се допаѓало тоа на вас или не.
Само да ви кажам дека трансродови лица ја читаат темава. Со сигурност, проверено. Приберете се малку, знаете како е да си minority против маса од народ.
Пa сите транс лица спаѓаат под феминизмот? Феминизмот е за жените. И за оние транс лица кои се жени. Може си SJW, ама феминист? дали озбилно Транс движењето е за трансродовите лица. Ти не си феминист, штом се бориш против биолошки жени. Плус си единствено машко што дојде тука да ни каже како ние ништо не знаеме. Ептен феминистички. Што, ние како жени не сме вклучени во твоето феминистичко движење? Што си ти? WERF? (woman exclusive radical feminist) Ај седи си на брашното и бирај некој друг активизам Како покемони, gotta catch em all
Поголема глупост од тебе одамна не сум прочитал Извини, стварно не знаев дека мажите не смеат да бидат феминисти и исклучиво е наменето жени да бидат, а па никако да не реплицираат на жени, одма е тоа mansplaining, am I right?
Па во принцип, ако како единствено машко дојде да се бориш против куп биолошки жени и да им кажуваш како е да се биде жена, апсолутно не знам што би друго можело да биде освен manspaining. Дали може да биде маж феминист? Би било сулудо јас да кажам дека сум геј активист. Може да бидам ally, може да им помогнам, може да дадам поддршка, ама пред се моја работа би било да седам и да слушам што им е потребно како комјунити и како би можела јас да помогнам. Ама јас не можам да знам што им треба на геј мажите и кои им се најголеми проблеми оти јас не го живеам нивното искуство. Тоа е искуство на ally А не, викаш феминист и им кажуваш на биолошки жени дека не смеат да се борат против рушење на нивните права. Апсолутно нема никаква логика, никаква врска со здрав памет. Ти не можеш да знаеш што им треба на жените, што им се проблеми и што им недостасува. П.С. Убав потпис имаш
Може транс маж чита, од каде претпоставката одма дека е транс жена? Пак дојдовме до тоа, движење на мажи кои сакаат да бидат жени