Да заклучиме, поентите се следните: Мажите не можат да бидат феминисти. Мажите можат само да бидат поддржувачи. Мажите, исклучиво треба да слушаат кога трансфобични жени кажуваат што мислат, во никој случај не смеат да противречат, во спротивно би значело дека сакаат сите права на жените да се скратат. Жени, и само биолошки жени имаат право на збор кога станува збор за транс жени. Секој маж што поддржува транс жени и сака истите да имаат права - се бори против рушење на правата на биолошките жени.
да да мажите што се вклучуваат во борба за укинување на женските простори, специфично создадени за женска безбедност, се мизогини и секоја нивна борба за укинување на овие простори е мизогина борба против жените со транс мажите што правиме? Немаат жените право на збор за транс жените. Жените само не скаат биолошки мажи во своите простори. Не сакаат биолошки мажи во своите спортови и не сакаат биолошки мажи во конкуренција за женски стипендии. Жените имаат право да зборуваат за женските простори, спортови, стипендии, работни околини. ЖЕните имаат право да го именуваат факторот кој предизвикува нарушување на безбедноста на тие простори, па биле тоа и трансжените да повторам:
Шо има везе Безос? Нема везе, супер е дури не си труден https://www.advocate.com/transgende...es-amazon-pregnancy-discrimination-harassment Убо прашав, за каква дискриминација зборат транс мажи а за каква транс жени? Пс. Уште Виталиј фали да биде комплетно феминистичково друштво
А зошто е бљувотина видеото те молам објасни. Еве јас не го знаев претходно, сега го чув, негде до пола, и не сфаќам што беше кажано погрешно. И транс лице зборува и има сосема рационален и аргументиран пристап. Има делови во кои може не се согласувам 100% ама не знам зошто бљувотина. Или и на транс лицето ќе му кажуваме како треба да зборува, како не треба?
Во виножитото има и жени... Покрај трансродовите има и цис жени. Или и лезбејките не ви се "вистински" жени и не ви треба да ве мешаат со нив?
Ама за форумов праиме муабет, и за феминизмот Лезбејките се најбољи жени, со нив барем сме начисто дека сакаат жени Кое видео, какво видео, @Celltica реприза за слепци?
Ммм не си во право.Ова што го опишуваш нема врска со родова дисфорија, прилично јасно е дека луѓето не прават операции и одат на хормонска терапија само заради стереотипи. Зборам за луѓе што имаат реална дисфорија а не за оние што еден ден се осеќат вака а друг така и не знаат што со себе. Не мора да се разводенува туѓата состојба.
Госпојце, ти фали едно с. И да, пошо збориме за матични броеви, нема НИКАКВА ПРИЧИНА да стои биолошки пол, ниту општествен род во ембг. Ниту пак да поистоветуваме работи што де факто не се и не можат да бидат исти, ниту ХХ ќе стане ХУ, ниту обратно.
Дали сериозно го сфати за навредливо тоа што потенцирав дека лезбејките се биолошки (цис значи биолошки жени чиј род и пол се исти) жени? И после LGBTQ+ луѓето сме биле снегулки... Инаку, јас завршив со дебатирање на темава Сметам дека е тотално непродуктивно искористено време за мене, особено бидејќи ничие мислење нема да "променам", а ниту пак вие моето. Премногу време имам истрошено на разгледување и читање научни истражувања, сведоштва и зборувано за трансродовите лични проблеми, за некои личности од форум да ме убедат во спротивното. Морам да признаам дека имаше и легитимни аргументи од некои од вас со кои дури и се согласувам (пр. за термините луѓе со матка и сл), барем тие што не содржеа прикриена трансфобија. .
Вис значи жени жени? Циклична ти е малку дефиницијата. Ај пробај да стои дефинираш зборот "жена" без да го употребиш "жена" во дефиницијата.
Воопшто не се работи за разводнување, ни па имав таква намера. Родово дисфоричен не може да се родиш зошто не се раѓаме со концепт за пол или род. Одреден степен на развој е потребен за почне мало дете да препознае карактеристики на одреден пол. Поентата ми е дека тоа е некако стекнато. Транс луѓето се апсолутно дисфорични, никој не го негира тоа, да не би биле дисфорични, не би имале потреба да транзитираат.
Знам што означува терминот "цис" и понатаму не ми се допаѓа. И немој ти мене хомо/трансфобија плис. Пола луѓе ме нејќат ради тоа што сум ви отворено ally, другата половина јас ги нејќам пошто не ви се. Секој јуни сум ви во први редови, така што пред да се расфрлаш со претпоставки, прашај. Јас и транс жена не можеме да бидеме биолошки исти пол. Невозможно е. И не оти јас не сакам. Туку оти не постои начин да станеме. И да, ако жена ти каже дека сака да биде нарекувана жена и никако поинаку, ниту цис, ниту човек со матка, ниту човек што менструира, ниту родител 1, почитувај го тоа.
*** Студии и статистики покажуваат дека структурата на мозокот кај транс луѓето е послична со онаа на родот кој го преферираат и колку мал дел се каат за транзицијата - а уште помалку од нив така се чувствуваат бидејќи навистина се помириле со биолошкиот пол, туку поради понатамошни притисоци и по транзицијата. Модерната наука доаѓа до заклучок дека родовата дисфорија не е обично mumbo jumbo, ниту е исто со она неприфаќање на телото низ кое вообичаено се поминува во пубертет. Всушност слично на она со женската „хистерија“ токму се рефлектира врз транс луѓето. Фаза им било, ќе се премислат, ќе се каат... Истото минимизирање на чувства и потреби околу сопственото тело со кое се соочуваме ние жените, го правите на транс лицата, не знам како не го согледувате тоа