1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правно признавање на родот

Дискусија во 'Политика и настани' започната од DAngel, 7 јуни 2021.

  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.246
    Допаѓања:
    166.086
    Чекај... дури да замислам... ми текна на ова
    https://off.net.mk/video/razno/krshi-me-samo-ne-me-vikaj-grne
    ...ваљда и твоето сценарио е можно:?:
     
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Предвидено е тоа, забранета е промена ако се во брак. :D
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Дискриминација. Добра основа за тужба :D
     
    На Bezimenka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Па баш тоа е целта, сите бракови да останат хетеросексуални.
    Ти реков единствен проблем нашле што може некој разведен ќе сака да промени ознака за пол, и што тогаш? :D
     
    На theowndemon, Bezimenka90 и Bridget им се допаѓа ова.
  5. 999

    999 Активен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    303
    Пол:
    Женски
    neznam, seedno mi e ,ne me zasega
    no za zatvorenici ke pisam ,mnogu ste zagrizeni dali ke bile maltretirani? a koga tie maltretirale,ubivale nevini zrtvi ,prodavale droga itn,se se toa kriminalci, za ubavi raboti ne zavrsile vo zatvor i sega jas treba da sesekiram ako nekoj si uste smeni rodot deka 'mozebi ' ke go maltretiraat vo zatvor?
    mene mi e seedno, trebalo da mislat na vreme sto pravat (da ne pravat)
     
    На violetblue му/ѝ се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.986
    Допаѓања:
    261.069
    Да, да, немој ти ич да се секираш што некоја жена маж и' ја млател 20 години, конечно се одбранила и ја стрпале во затвор, баш е правдина нов маж да и' донесат пак да ја малтретира.

    Иначе, на темава, се' додека не се обезбедат права за хомосексуални двојки, не сме кадарни за никакво менување на пол.

    На педери деца не даваме да посвојуваат, ама затоа Кире и Трпе ќе решат вториов Трпана да стане, па како и секое богоугодно семејство со маж и жена ќе може. |(
     
    На theowndemon, Sejfullai, KateKane и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.246
    Допаѓања:
    166.086
    Тоа ли е проблемот уствари?
    Гледам некако преку трупа одат работиве, како одеднаш се стигна до решавање на родот ( мислиш иљадници еве ги родово угнетени) покрај жива и здрава хомосексуална заедница, за која знаеме дека постоела и ќе постои. Ама па може полесно им е така да го поминат, од кај знае пратеник шо гласа што е тоа род, затоа сите знаат што е геј и за тоа сите се против:^). Тако је то мали џокица замишљао(facepalm)
     
    На MarijaMi90 и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  8. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    27.790
    Ајде да оставиме на страна дека јас сум за да не постои категорија род воопшто, имам на други теми дискутирано зошто, да не се повторувам пак.

    Да земеме дека секако ќе се воведува правна регулација на род.

    Мене од целава работа најмногу ми смета што маркерот за род е дел од матичен број. Ако веќе правно се регулира родот, може да се додаде маркер за род, не гледам дека некој ќе се навреди од 3 бројки во матичен, а од промена на матичен гледам еден куп проблеми и злоупотреби до кои може да дојде. Живо ме интересира во земја во која да смениш адреса треба да смениш 10000 податоци на 10000 различни места, со несинхронизирани податоци, како ќе се регулира поврзаноста на стариот и новиот матичен број, зошто едноставно не треба да е можно да се добие табула раса идентитет. Значи не промена на име, туку зборуваме за промена на единствениот идентификатор на личноста.

    Втора работа, не можам да сфатам дали комплетно се брише ознаката за пол. Дали ги спојуваме родот и полот? Не ми е јасно како е ова регулирано во земји во кои правно фигурира род, но сепак мислам дека ознаката за пол при раѓање е исто така битна, што заради здравје, што заради учествување во компетитивни сфери: спорт, стипендии, итн итн. Сметам дека разликите во пол постојат и опасно е да се занемаруваат. Не во смисла оти мажот на евровизија носел штикли или зошто жена носи кратка коса, туку едноставно сме физиолошки различни организми и не можеме да занемариме дека за различни нешта различни резултати ќе даваме, секако мерено во глобала. Затоа сметам дека на ваков начин пример ќе се оштетени девојчиња кои земаат спортски стипендии.

    Трета работа, нема да е лошо да се свртиме и да видиме кај живееме. Живееме во субстандардни услови за екологија, работнички права, семејно насилство, и што уште не. Не велам дека треба сите останати сфери да се занемарат, ама фино би било овие кои таргетираат егзистенцијални проблеми да ги решава некој, оти 90% од популацијата е афектирана. Ние не можеме основни услови за пристоен живот да обезбедиме, родот битно ќе е правно уреден. Со прст не се мрднати сите овие 30 години уназад за една работа барем која е егзистенцијална.
     
    На theowndemon, GirlRose, naturallmess и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.246
    Допаѓања:
    166.086
    Мислам дека со родот понапред од ЕУ сте заминати, се некако превртено на глава.
    Матичниот иначе ич не мора да е врзан со пол, ниту па некому нешто значи, ниту па бројот го дискриминира. Не разбирам што точно ги дискриминира- значи Трпе, може да смени име во Трпана, и да се облекува како Трпана, ама утре кога ќе конкурира за работа, ќе видат пол машки во лк и нема да го вработат? Или еве, некој ако разбира нека објасни.
     
    На Celltica му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    27.790
    Епа конструкцијата на матичен има 3 бројки што се доделуваат на база пол и општина и не сфаќам искрено и јас зошто таа промена. Прво матичен број е таен податок, никој не смее да го гледа освен ти и службено лице. Не сфаќам воопшто зошто и воопшто не ми се допаѓа променава која е сосема безначајна. Искрено стварно не знам дали прават ради реда нешто само, мислам дека не се толку паметни за да си смислат механизми за фантомски луѓе и малверзации.
     
    На CameliaMiller и Biljarkata им се допаѓа ова.
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Матичниот има ознака за пол во себе, затоа е избацен во некои екс ју земји, оти содржи многу лични податоци.
    Датум на раѓање, држава и место на раѓање и пол. Тие податоци се дел од матичниот. Со менување на ознаката за пол се менуваат во принцип 4 цифри - трите што го означуваат полот и плус контролната. Целосно нов матичен се добива.
    Во право е @Celltica наместо да мислат како да не мора воошто да се менува идентификациониот број ако промениш пол (да се промени матичниот со некој друг број) им се дава можност да менуваат матичен на лепе очи. Отворена врата за криминал.
     
    На CameliaMiller, Biljarkata и Celltica им се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.246
    Допаѓања:
    166.086
    Добро, знам дека е така, дека инкорпорира бројка за пол, како беше 55 за женско или така нешто. Ама не мора да биде, зар мора да го има тоа значење. 4 бројки ко регистрација на кола, не мора ништо особено да значат.
    Кај е признавањето на родот не разбирам, сето ова е ради ембг или и поле за род ќе се воведе во лични документи или како веќе?

    А чекај, сега род=пол во равенката?
     
    На Celltica му/ѝ се допаѓа ова.
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    По желба, наместо пол ќе ти го пишува родот.
    И да, баш матичниот им е проблематичен, оти полот стои во него. Законот предвидува издавање на нов матичен број со точен пол.
    Апсолутно се согласувам дека треба да се направи промена на матичниот број со друг идентификациски, оти како што знам, основен идентификациски број не би смеело да содржи толку податоци кои ја идентификуваат личноста.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    27.790
    Јас вака сфаќам. Сакам од утре да сум маж. Поднесувам барање за промена и откако ќе се реализира добивам нов матичен број. Поправете ме ако грешам, го читав законот, ама слабо стојам со правни термини. И јас мислам дека едноставно нема зошто да се добива нов идентификатор. Не знам дали ова е некаде пракса, но може да се додаде маркер за род нов и таму да си стои за секого ж/м и што и да ќе има дополнително. Нема потреба да менуваш легален идентитет на лицето. Ние и вака имаме проблем со матичните, верувале или не мој познаник имаше проблем што не можеше да се пријави во агенција за вработување заради веќе внесен матичен број (значи рачно се внесувани, нема синхронизација), уште ако земаме по 3 пати да си ги менуваме матичните, нема да се знае кој пие кој плаќа и кој постои во државата физички.
    Сега гледам погоре, се согласувам, нас и онака ни е матичниот катастрофа во комбинација :D
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.986
    Допаѓања:
    261.069
    Па моментално е врзан, ама не мора, така што најпрво тоа нека си го решат, не мора да има пол во ембг.

    Ама не, не е ок менување ембг по ниту една основа, освен што знам, ако си заштитен сведок на државата и те брка мафија ваљда.

    Иначе секако дека е пренајбитно да сме или мажи или жени, геј божесачувај, грев е тоа.

    Тоа го зборува ДАнгел, дека многу хомо парови единствен начин да бидат заедно ќе најдат преку тоа што едниот партнер ќе стане маж/жена, и бујрум, не сме веќе хомо.

    Да не се разбереме погрешно, јас не ги отфрлам транссекуалците и нивното постоење, треба да се нормализира и нивното постоење, но не така што луѓе што не се транс ќе бидат "принудени" да станат.

    И да не мешаме работи, андрогинија ми е сосема ок, колега да дојде со штикли на работа или колешка во машка униформа, со тоа немам проблем бидејќи истото е чисто општествено поимање на мажественост/женственост.
    Не е исто со де факто игнорирање на биолошкото, тоа што ниту еден ембг ниту име ниту презиме може да го промени.
     
    На theowndemon, Bezimenka90, DAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.246
    Допаѓања:
    166.086
    And here we go again:drunk:
    Како бе по желба род или пол? Ќе се повторам со глупиот пример, ама утре оваа особа на гинеколог ќе оди или на уролог, и во склад со полот или со родот?
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    по самоопределба, да.
    Не знам, ете, не било проблем каде ќе оди очигледно.
    Единствен проблем бил бракот да остане хетеросексуален :D
     
    На Bezimenka90, CameliaMiller и Biljarkata им се допаѓа ова.
  18. SugarHoney

    SugarHoney Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2019
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    1.394
    Пол:
    Женски
  19. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    5.432
    Значи наложено е од судот во Стразбур да постои ваква промена, е сега овие нашиме ,,препаметни,, правници што не знаат еден закон да срочат како треба е друга работа.
    Лице кое било машко има направено промена на пол, со операции со се. Ама цифрите во матичниот број му се како за маж и се води секаде како маж. Затоа ја тужеше Мк и го доби спорот да му се дозволи промена на матичен број. Значи зборуваме за лице што и физички го има променето полот.
    И еве прашањата каде и на кое одделение во болница ќе го сместите ова лице? Нормално дека на женско одделение бидејќи веќе нема машки полови органи.
     
    На 999 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    5.432
    Е што е битно де каде ќе оди? Ако има матка и јајници ќе оди на гинеколог, ако има пенис, тестиси, бубрези, уринарен тракт ќе оди на уролог.