Никој не оспорува дека многу други работи и дискриминација постои како примерот за во болница на @CameliaMiller , ама еве небитно дали има вагина или неовагина, дали има силикони, надворешно пред тебе гледаш жена а во лична карта ембг на маж, зошто матичниот да те обележува дека си транс лице. @DAngel за жал кај нас до ембг има пристап билокој. Почни од вработување, даваш податоци во хр и утре цела фирма знае дека си транс.
Јас мислам дека 90% од луѓето појма немаат која е ознака за машки пол, а која за женски, а не пак да анализираат кој е транс по матичен, а кој не е. И да, реков, има решение за тоа, да се промени идентификациски број, и онака ќе мора да го менуваме за влез во ЕУ. А не е решение да се менуваат идентитети.
Офф, ај да си фатам со ред. На брзинка го скролнав да го прочитам. Навистина боде очи тоа "Секој има право на промена на пол со наполнети 18 години, ако е деловно способен и ако не е во брак". Она кога закон што би требало да работи против дискриминација, создава нова дискриминација. Немав слушнато и претпоставувам 99% од народот нема слушнато. Претпоставувам дека би се вртело масовно по медиуми, ама откако веќе ќе се донесе законот. Не гледам позитивни. Еве и лице што е транзитирано, ќе земеме за пример родена биолошка жена. Не се осеќа убаво во своето тело и се решава за операција. Во врска е и дечкото дава целосна поддршка за тој чекор. Сега е веќе транс маж, со машки род нели. Се сакаат, се решаваат да се земат. Ама упс, не може маж и маж. Инклузивност на ниво. Не гледам како и на транс лицата воопшто им помага законов. Тотален промашај. Најубаво моето мислење сумирано: Да не повторувам веќе се што е опфатено погоре, само ќе кажам нашиве се толку неспособни било што да направат, најдобро за сите маргинализирани заедници е ич да не пробуваат да носат закони за нив. Менталитетот на народот ќе си остане ист, а тоа е многу побитно да се смени пред да се менуваат било какви закони. Инаку ме интересира дали биолошки маж, што тренира било кој спорт, би можеле да го пратиме во женска категорија на олимпијада ако промени род во женски? За крај и јас се согласувам со @Celltica , јас би родови скроз да се избришат место да додаваме 100 нови. Род е социјална конструкција која сама по себе наметнува правила како да изгледа и да се однесува маж/жена. Со самото тоа веднаш се создава дискриминација кога некој ќе излезе малку од тој калап.
Нема ни географија да учат веќе, нели сакаа да ги спојат во 1 предмет со историја? Ако разбрав добро, некој тужел зошто детето им е заведено со место на раѓање Злокуќани, наместо Скопје. И сега од Еу ги тераат да регулираат закон за промена на пол, пошто нели сакаме да влеземе. И нашиве ги замислувам као си рекле "Абе дај да склопиме нешто ради реда, само да пазиме да нема промена у закон за бракови" и фатиле copy/paste да прават од некаде. Мислам, може сум грешка ама така ми делува.
Тоа со Злокуќани мислам онака успат го менуваат, родените во Систина така ги заведувале. А за родот изгубиле некоја тужба како држава, зошто на транс лице да му стои маркер за пол во матичен. И сега пуста држава што не знае нос да си избрише зела за матичниот три цифри ќе менува место да добиваме рандом бројки сите.
Био-гео-сторија Абе пиши нешто зпо цело време, од 3 то одделение до 3та средно и решен проблем Ги прашав децата од маало, во 7 мо учат и географија и историја, во некоја назадна држава изгледа живеам И на попис не пишуваш ни род ни пол ни бутур, јер најбитното прашање е дали одиш на работа со кола или со автобус. Скроз несензитивно.
Во Македонија дефинитивно нема да дознаат од матичен, јас не ги знам кои се за машко, кои за женско во кои општини. Јас и мајка ми имаме различни 3 цифри, а приметив после сите години заеднички живот тек сега кога ја пријавував за вакцина. А инаку ќе дознаат сигурно и без матичен зошто сигурно најмногу преку 2ца се знаеш со сите Одма Петкана што живеела на иста улица со човеков ќе му пренесе на Славко што ѝ е зет на Славица од HR. Така да нема бегање од дознавање во државава, ни па нешто реално менува овој закон во однос на инклузија некаква. Аматери.
Ма на родени во Систина им пишеше дека се родени во Злокуќани, па се побуни елитата, како тие во село родени? И мораше да се менува за нив и план им беше две во едно да ги протуркаат промените. Ама идеа избори, и не сакаа да туркаат вакви промени, па само она з Злокуќани донесоа, а другото се стиши додека да поминат уште едни парламентарни, да си ги сместат гузиците на фотељите. Сега локални идат, па полека и без помпезности сѐ оди, ама не е криза ко да се парламентарни, па може да ризикуваат да донесат. Плус фино им е испланирано, со загушување на јавното мислење. Коментарите на ЕНЕР не се објавуваат. Не знам, да спамаме министерство? Собрание? Да праќаме мејлови, реакции до ваму-таму?..
Човек да помисли опозицијата би реагирала на ова остро. Нешто по медиуми да објават? На ваков конзерва народ ко кец на десетка ќе им дојде.
Абе тие сите светски мистерии ги открија, не па ова да не разберат. Еден наслов "Од утре може да станете маж/жена ако сакате", некој поп да излезе да им го објасни насловот и готово, продадено.
И тоа како се дознава од матичен. Датум, место на раѓање, пол... Мене ми е чудно што луѓе не знаат. На пример мојот матичен ќе ти каже дека сум родена 13 фев 91, Скопје, женско. Премногу инфо Според се' ова, што не е таен податок, прилично лесно можеш да го конструираш мојот ембг, со малце труд ќе ги сфатиш и последните три бројки
Зошто да реагираат, нема гејови да се лапаат по улица и деца да посвојуваат. Скроз богоугодно ти викам.
Родителите немаат исти права за болно дете. И ова нема никогаш да се смени. Имам пишано и зошто. Оти се плашеше мајките дека некој татко ќе ги опне. Дека татковците се плашеле дека ако има мажи таму, некој жената ќе им ја опне. Не се плашат дека детето е болно, за пиздата има поголем страв. Ние сме од таа држава, за жал. Не знаат. Не го ни знаат својот матичен број, а не па што значи. Сигурно 10 000 пати некаде го пишуваат низ институциите ама не знам како не ги копка што значи. Ако де, стануваш ти маж, ама маж ти ќе те остави прво. Да има трачот да се направи. Те фатил на дело па те оставил Да, на елитата им смета што сиромаштијата родија деца у Центар, старо Скопје , Чаир, а они кај циганите у Злокуќани. Дали го гледате простотилакот?! Не е радост дека му се родило дете, ама тага за по судови, оти родени било у Злокуќани. Па да се ака по судови. Посвоител е еден. Не двајца. И според правилниците поголеми шанси за дете имаат богатите. Не стрејтот.
По шлакната од тебе НЕ ПОСТОИ на форумот !!! Шо се овие модерни работи да ми је знати. Машко е, има неовагина се вика Трпана има машки ЕМБГ Лично немам ништо против нека си се менува секој како сака, ама некако многу бараме од држава во која што има 700 луѓе кои немаат, да повторам немаат никаков матичен број и нема ни да имаат (еден од тие 700 умре минатата недела и својот живот го помина без матичен број ), за да некој си менува како што сака, кога сака. Многу бараме од држава во која во секоја институција треба да однесеш хард копи на НОВ извод од матична книга не постар од 6 месеци Да кренеме рачна си велам
Да да, можат да дознаат, не е дека не можат. Друго мислев, луѓето ако земаат да бараат да дознаат нешто, не ќе да иде по матичниот да ги бара ознаките за род. Инаку и јас сум за тоа дека не би требало да се такви матичните, ама ете се. Матичен како основ за дискриминација ми е муабетот, е нереално. Накратко, баш ништо нема да смени ознаката за род, освен што ќе отвори врата за 1000 други проблеми. Иначе секако дека Славица ќога ќе ти види матичен и тебе, што не си транс ќе си рече во себе зошто уште не е мажена пример
Сериозно луѓето во HR имаат толку многу слободно време да анализираат матични? Јас изгледа сум ту мач мрзлива да би анализирала која бројка што е... и АХА - ете, бројот вели едно, ама човеков друго.... ајмо на трач рубрика @Biljarkata .... па ќе се бори за вагината, нормално.... уште кога учи во место што се вика Дунде