Одлично. Конечно мрднуваме од некоја мртва точка. Транс лицата и понатаму ќе останат дискриминирани од народот, ама барем правно ќе имаат некое основно човеково право. Потполно разбирам зошто се носи законот „тајно“, знаејќи со каков народ си имаме работа а и гледајќи кое мислење е најлајкнувано на темава. До сите што се прават упатени на темата, а немаат никаква појма - пробајте да дознаете како лица што транзитираат живеат во земјава, многу игнорантно и себично настапувате, оти никогаш не сте искусиле такви проблеми. (Не Славице, тоа што некој административен работник ти го згрешил името во документот не е ист проблем) Комуницирајте со транс лице, распрашајте се за сите правни и медицински пречки. Одбивања за услуги, одбивања од матичен лекар, непрепишување лекови, понижување од доктори, шалтерски работници и уште еден куп други работи. И да, за жал се' од ова погоре се има случено на транс маж во Македонија, што веќе не живее овде од причина што НЕ МОЖЕШЕ да има ни приближно на нормален живот а една од причините за тоа беше што во сите документи му пишуваше дека е ЖЕНА. И дај ве молам не бидете смешни. Никој геј маж или геј жена нема да избере да смени пол за да биде во брак. Пробај кажи на геј маж дека е жена или дека ќе „стане“ жена па ќе слушнеш одговор. Срам ми е што ги читам таквите мислења, не па да реплицирам на истите.. Дно
Колку повеќе сексуални партнери, толку поголема шанса за ХПВ, ризик за рак и редица други сексуално преносливи болести. Погрешна перцепција за сексот од прерано практикување, порно и сл. ЛГБТ е едно силно лоби со огромно политичко влијание, затоа и се турка напред. И аман веќе со таа сексуалност, во тоа ли се состои напредноста, во касапење на полови органи и изопаченост? А од друга страна, неписмени на секое поле. Дрогата е само boost на ова движење. А тебе ако не ти одговара, извини.
Шо збораш мори жено? Каква врска има дрога и 'колку повеќе сексуални партнери'? И во хетеросексуалците има зависници од дрога и во хетеросексуалците има такви кои менуваат 'повеќе' сексуални партнери.
Се обидувам да сфатам- какво е тоа одбивање од матичен лекар и каква врска има тоа со матичниот број Никој не рече дека дискриминација не постои, ама не ја гледам врската со матичниот број.
Неќел матичниот тестостерон да му препише оти не му пишело маж во документите До тоа дојдовме, дека одат сами која лекар и бараат да им се препише што им треба, оти нашите лекари се "неедуцирани и немаат осет" Ко "Славица" со антибиотиците, ама "Славица" е проста и глупа, а тие се кул и образовани.
Може да ти е срам, ама тоа е реалноста во многу држави кај што истополовите партнерства не се легализирани, а правното признавање на родот е. Знаеш зошто? Оти ако си со некој цел живот сосема е во ред да можете здравствено еден од друг да користите. Да можете заеднички со финансии и живот да раководите. Да можеш да го посетиш на смртна постела како "животен партнер", да можеш да останеш во станот кој заедно сте го купиле, а не неговото семејство да те протера по неговата смрт оти ти си никој и ништо и немаш право на ништо негово.
Мене целава тема со полови, родови, луѓе со матки, со тестиси, луѓе шо менструираат, па нонбајнари па шотија знам ми е толку многу факд ап и збунувачко што не знам што да мислам. Да не звучам ко некоја Славица со "не се знае кој е машко, кој женско" ама да бидам искрена, отидено е до таму да не знаеш шо смееш да кажеш, макар и за банални работи и да ти е измешано во глава шо е дефиниција за женско, што за машко. За законов...не знам. Ко шо реков, ту мач факд ап Али мене лично нит би ми било пријатно "дечкото" со кој се гледаме да видам дека има вагина, ниту "другарката" да дознаам дека има пенис. Не ценам луѓе по тоа меѓу нозе, ама во некои ситуации не можам да игнорирам. Така што, целосно, ама баш целосно прифаќање на овие работи невозможно е да има, особено од поединци, колку и да одиме напред со вакви закони. Едит - Али еве во мојава идна професија, побитно ќе ми биде мене личноста какви хромозоми има и биолошки како е роден/а не како се осеќа за да можам соодветно да си ја работам работата и да можам да напишам у резултат. Зашто куп генетски болести различно се наследуваат од мајка и татко и различно се менифестираат кај машко и женско потомство. И после можам јас да го кркам оти таму сум пишала (пример) женско лице, а оно се сметало за машко. Еве сериозно сакам да знам како ќе треба да постапам тука.
А јас ако сум жена по документи, може да барам да ми препишат естроген? Правно и здравствено е регулирано- транзитирање и терапија или како? Пошто ако не, стварно е ко шо рече Каме, праиме куќа почнувајќи од ќерамиди.
Главен аргумент на членот е броење лајкови и градење став врз основ на тоа, нешто дежаву имам А баш би било фино да се сподели перспектива и аргументи, може ќе разбереме повеќе ако знаеме повеќе
Искрено, ја отворив да отворам дискусија и да покренам мислење, и да добијам подобар осет за темата и чисто да видам дали јас живеам под камен или стварно тотално пробаат тивко и скришно да го донесат законот.
I'm non - binery, cd, drag queen, и сакам да ми се обраќаш ко таква! Има да ги научиш сите полови и "родови".
Многу параноични и антагонистички настроени сте станале колективно овде на темава, и тоа и од феминистичка страна за жал. За случајов во Стразбур мислам уште пред некоја година беше донесена пресуда во корист на транс лицето, не знаев дека дури сега се преземаат некакви промени, но според мене може само напредок да биде тоа. Никој нема по правно признавање на родот одеднаш утре да стане и да рече „јас од денес не сум веќе жена, туку маж“ и обратно, па дури ни за наоѓање loophole во законот за стапување во брак (ма да сметам дека ако не пред ова, барем во исто време треба да се легализираат и геј браковите - ама тоа е, во ваква држава изгледа само со конкретен притисок од надвор може да се мрдне напред). Не е плукни-залепи таа работа, не зезајте побогу. И фала богу не е дека сме Среден Исток па хомосексуалците да треба да бираат дали да ги убијат или да „транзитираат“ (т.е. да ги кастрираат) за да испаднат стрејт, туку ќе биде додатно право за тие што им треба - транс луѓето. A од друга страна ги имате транс лицата кои се најранливо малцинство, со реални проблеми со егзистенција, ментално здравје, осигурување, административни пречки насекаде - плус демонизирани и од народот како нешто некст левел неприфатливо. Имав прилика да го видам неколкупати транс момчето во емисија на Анета Кочишки мислам што гостуваше, работеше до пред некоја година во продавничка кај мене во близина, и на фб ми излегуваше баш тогаш со статуси за проблемите со кои се соочува и како се чувствува. Не ни се тие непријатели и не нè загрозуваат, ниту нас жените, ниту геј луѓето. Можам да разберам и сум за радикалност на феминизам во други сфери, ама оваа параноја и edginess кон една уште поранлива категорија ми е скроз разочарувачка.
Леле, многу ранлива категорија, не знае шо да прави со парите па ајде на пластична хирургија. Ромите се ранлива категорија, жените шо работат во конфекција за 10.000, оди во СОС детско село и види што е ранлива категорија. ЛГБТ од сегде цица пари, дури и на повеќето странски универзитети има посебни стипендии за нив. Значи, не е битно шо имаш во главата, туку половите органи како ги (зло)употребуваш.
Очигледно не си го прочитала законот. Баш за тоа се коментира, дека не е плукни-залепи, ама законот има за цел така да направи. Знаеш што ќе треба за промена на пол во лични карта? Изјава од нотар дека сакаш да промениш. Зошто мислиш дека нема геј луѓе да транзицираат за да остварат основни човекови права? Истото се случува во Индија. Зошто мислиш дека Македонија е подобра од Индија кога многупати се докажавме дека не сме?