Правно признавање на родот

Дискусија во 'Политика и настани' започната од DAngel, 7 јуни 2021.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Алекс во комшилук работеше, да.
    Си ја гледала емисијата? Тогаш сигурно го патиш делот: "пробав да бидам жена, да носам фустанче и да ја врзам косата во репче и ќе ми речеа "еј дечко"". Тоа ми е најболен дел од таа емисија. Зошто? Затоа што не те прави жена фустанот и репчето. Оти е очигледно дека Алекс тотално се борел со интернализирана мизогинија што морал да побегне од женственоста. Ако не грешам, далеку посреќен е кога се тргна од социјалните мрежи, дека го исполнуваше работата и беше ок. Ах, што ти прават социјалните мрежи.
     
    На Biljarkata и Sceptical им се допаѓа ова.
  2. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    На каков начин сме оштетени ние што не сме директно засегнати од законов?
    Ако дојде ред за дијагностицирање на болести, ваљда знае да процени личноста дека животот и е побитен од тоа да не изусти дека биолошки е жена или маж. И онака не ти препишуваат терапија според матичниот број и полот на лична карта туку разговараат со тебе и прашуваат за симптоми, здравствена состојба, мајка, татко...

    За затвори, во крими земји и мажи и жени се силуваат и на никој око не му трепнува пошто така било и така ќе остане и нема кој да смени. Се бутаат во една ќелија со различен степен на криминални злодела и нема закон што те штити. Во поразвиени земји со поинтелигентен и освестен народ, затворите се ко студентски домови, а затворениците со права и обврски. И ваков закон е веројатно донесен од вакви земји каде што се е толку лесно и едноставно. Менуваш закон, луѓето прифаќаат и почитуваат и толку. За земји каде уште педер се вика како навреда наместо хомосексуалец, ова се 10тина чекори прескокнати и ефектите не можат ни да се претпостават. Така да, поделени мислења каде може да се имплементира а каде уште не.

    За бракови, нека дозволат брак помеѓу хомосексуалци и нема да се потресуваме како еден од геј партнерите сменил пол на лична карта за да стапи во брак со партнерот.
     
    На Bezimenka90, WildMk, Pixi5 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.803
    Допаѓања:
    25.961
    Пол:
    Машки
    Каде реков дека е заради матичниот број?
    Не станува збор за тестостерон, ама верувам дека и тоа не сакала.
    За болдот си апсолутно во право, но убеден сум дека никој што не е транс нема да реши да „смени пол“ за ова.

    Како дали и бројам лајкови? Па цела тема ја исчитав пред да пишам што пишав, и видов дека највеќе лајкови има она што беше најкласично трансфобично мислење, негирање на трансродовоста, ќе останеле што се родени независно како се декларирале, па нешто со глумење, па сисање пари од фондови и триста други пичкематирини. Истото мислење преовладува кај народот надвор од форумот и темава, дури и полошо.
    Смешки. Пази, од целото мислење си извадила една реченица во која се спомнуваат лајкови за да се објасни дел од аргументот, ама битно немам споделено перспектива и аргументи. Аргументи се само ако е пишано од тебе, и ова што ти го пиша исто се аргументи. :) Дежаву такоџе..
     
  4. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.803
    Допаѓања:
    25.961
    Пол:
    Машки
    Приватно споделени работи со мене се тоа, и нема да откривам за што станува збор. Доволно е што бил одбиен за нешто што цис (лице што не е транс) нема да биде одбиено.
     
  5. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.871
    Пак не знам на кое мислење збориш, а и јас цела тема ја прочитав, небитно. Ама дека лајкови ќе гледам кое мислење имало стварно не гледам зошто и како е тоа битно.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  6. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.803
    Допаѓања:
    25.961
    Пол:
    Машки
    Како бе не се битни лајковите? Па тоа најчесто изразува со што мнозинството се согласува? Не за џабе е пишано Ми се допаѓа.. Не знам дали треба да глумиме дека на социјалните мрежи не се изразува поддршка и револт преку реакции или што..
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.266
    Допаѓања:
    189.640
    Ај да се задржиме на темата, ако е можно. Темава вика-правно признавање:|
    Јас од темата разбрав дека станува збор за административно регулирање, матичен број кој не дефинира пол и признавање на род. Значи административна операција на ниво на документи и матични книги. Со полот и родот е многу измешано, јер пол не можеш да смениш, пол е биолошка категорија, базична. Ако наместо внесување нова категорија род, менуваат во категорија пол, не знам што да речам. А ако матичните броеви остануваат со полова детерминанта, па на секое менуваат матичен број по желба, исто не знам што да речам.
    Прашав за твои аргументи и перспективи, како лицата се/биле дискриминирани, врз основа на овие административни параметри. Општ пример, не мора конкретен, инаку не знам како би можеле да разбереме како административна категорија дискриминира.
     
    На Celltica му/ѝ се допаѓа ова.
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Имаш емпириски докази дека тоа се случува.
    Твоето и моето убедување се апсолутно нерелевантни :D Јас не зборам за лични мислења, јас зборам за факти и научени лекции од други држави. Да учиме на туѓите грешки, нели :)
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  9. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.803
    Допаѓања:
    25.961
    Пол:
    Машки
    |-)
     
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.266
    Допаѓања:
    189.640
    Епа дури не се научиш да дискутираш ќе ја поддржуваш во живот предрасудата, дека некој од аргументи има само ароганција и гласно вреска ,,дискриминација ова, дискриминација она,,.
    Одговарањето со емотикон за на социјална мрежа да си го чуваш, ова е форум, место за разменување мислења.
    Фала, пријатно:hai:
     
  11. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.333
    Па некои работи (биолошките разлики) не можат да се игнорираат, колку и да се правиме либерални. Така што, факт е дека ќе има вака или онака пак некоја пречка до тоа "целосно прифаќање"
    Јас можам да се дружам со него/неа, да го/ја сослушам, да помогнам за било што итн, тоа не е проблем. Ама на друго место, нема да е толку едноставно и само да биде битно што си човек.
     
  12. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.871
    Па добро ако се толку битни лајковите, што не се придружиш на тоа мислење, ако толку е релевантно колку лајкови има и му даваш значење врз база лајкови.

    Лајкови ако ти се показател за релевантност, тогаш можам да замислам дека само се присоединуваш на текови кои се најпопуларни и многу ретко гледаш од друга перспектива. И тоа да, поминува на социјални мрежи, ама ова е форум, не е фејсбук. Така што еве кажи ми која е придобивката од сменет маркер за пол во матичен број? Како е баш тоа чекор напред во поголема интеграција на овие лица? Што ќе се смени во пракса? Како ќе дојде до намалување на дискриминација и кој проблем на овие лица потекнува од матичен број?

    Не прочитав дали пиша, кому му била лекарска грижа неукажана заради маркер во матичен број и на кој начин? Каква грижа му била ускратена?

    Едит: Сега видов си пишал со лекарот не било заради матичен. Мислам дека не е општа темата да зборувме за општата дискриминација, зборуваме за каков е моментално предлог законот и што е добро/лошо. Јас сметам дека на никое лице не смее никако да му е ускратена здравствена заштита, ама не сфаќам ако тоа навистина се случува, како е ова мрднување од мртва точка?
     
    Последна измена: 11 јуни 2021
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  13. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    А што придобивка ќе имаат транс луѓето од одземање на бројот за пол на ЕМБГ?
    Бројот може лаже, ама адамово јаболко не лаже.
    А и убаво пишав, како сакаат нека се декларираат, дека конкретно овој сегмент на луѓе од LGBT ми е омилен, не ми е. Дека сакам да им наштетам, далеку од тоа. Дека нешто државата им должи, не.
    На фб има куп македонци транс. Сликите кои се објавуваат се чист калаштурник, со вулгарна еротика. Добар дел од нив нудат и еротски услуги. Што тука да ми биде прифатливо да гледам, а воедно да прифатам?!? Едно е да бидеш транс и да си културен, друго е да го правиш женскиот пол по дифолт курвање. Уште па навредени... Нема што, навистина слики за жалење. Еднаквост на сексуални работнички. Барем мене таква слика ми создале и затоа не можам да гледам спротивно, да застанам во нивна одбрана и се тоа да ми изгледа нормално и прифатливо.
     
    На Sceptical му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.852
    Допаѓања:
    41.126
    Пол:
    Женски
    Искрено мислам дека не разбираш баш и мислењево ти вришти од игнорантност...кој прави операции од што нема што да прави со парите, а не заради реален проблем?
    Доколку е нешто што е поврзано со биолошкиот пол, логички е да е одбиен нели?За други работи, зошто да биде?Сега не зборувам за стигматизации туку чисто од технички аспект.
    .
    .
    .
    Во врска со законот, од тоа што сфатив што сте напишале, мислам дека е апсурдно да може туку така да си ја смениш ознаката за пол и да немаш никаква историја дека си го направил тоа.Зошто да не стават посебна ознака во матичен за некој што е транс, да може да си смени по своја волја ама да се евидентира дека транзиционирал?Или не знам, друга ознака која што нема да го направи полот како нешто небитно што може туку така да се брише и менува.Зашто ова баш на тоа го сведува, на нешто неважно.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.259
    Допаѓања:
    67.815
    Пол:
    Женски
    Сите оф-топици и навреди се избришани. не е општа темава, прочитајте вовед, па потоа коментирајте.
     
    На Biljarkata, Celltica, Bezimenka90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.222
    Допаѓања:
    9.049
    Пол:
    Машки
    Тоа е барем лесно. Може да праша некој бодибилдер кај да најде стероиди.
    There, solved it

    Инаку на темава.
    Законски според мене мора да постои некаква назнака за некој со променет пол од многу причини. Баш како што беше спомнато на почетокот, да се се има ред во јавни установи каде услугите одделно се делат на машки и женски лица. Затвор не е услуга де, ама исто е. Освен тоа, би требало инфоромацијата да биде достапна за спортските клубови и слично.
    Инаку ок, светот се движи во некој правец. можеби човештвото еволуира "интелектуално" и теоретски. Ама телата сеуште не хаха, така да днк си е днк и хромозоми си се хромозоми. Има биолошка разлика што не може да се игнорира колку и да има желба и спремност за тоа.
     
    На Sceptical му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.266
    Допаѓања:
    189.640
    Што се најбитни спортските клубови сега?:^)
     
  18. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.222
    Допаѓања:
    9.049
    Пол:
    Машки
    Реков и слично. Еве не мора да се клубови де, ама било што во спортот: првенства во фудбал, бодибилдинг, олимпијада и еден куп други слични настани.
    И не се најбитни, ама се област во која физичката нееднаквост на учесниците ќе биде визуелно воочлива и ќе влијае на резултатите.

    Не работи цел свет само интелектуално, некои ги користат и своите физички способности за работа
     
    На Sceptical му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.266
    Допаѓања:
    189.640
    Шознам, мислев побитно е дали има матка и такви некои баналности, основна биологија(facepalm)
     
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.222
    Допаѓања:
    9.049
    Пол:
    Машки
    Ја и влагам на проблематиката на молекуларно ниво хаххаха
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.