Бев кај неа затоа што и' требаше помош* Што знам, ќе видиме дали ќе врне или не. Мајками отиде на пазар.
Точно е и зашто: се користи и во македонски, не само во српски. Мајка ми отиде на пазар. Во колку немаш идеа, јас ке смислам нешто.
Сара и Јана утринава береле рози. Одсега натаму, јас ке бидам таа која што ке го каже последниот збор.
Од сега натаму, јсс ќе бидам таа која што ќе го каже последниот збор. Не разбирливо е кога некој меша дијалекти до дека зборува.
Отсега натаму, јас ќе бидам таа којашто ќе го каже последниот збор. Неразбирливо е кога некој меша дијалекти додека зборува. Ова е доволно: не е морално да се зима и тоа во предвид.
Ова е доволно: не е морално да се зема и тоа во предвид. Или: Ова е доволно: не е задолжително да се зема и тоа во предвид. Вајда нема да ми се налути што не го викнав и него да дојде на јадејне.
Ова е доволно: не е морално да се земе и тоа предвид. Веројатно нема да се налути што не го викнав и него да дојде на јадење. На која дата е св. Климент охридски?
Оригиналите ми ги пуштија вчеравечер. Денес бефме на гости и пре убаво си поминафме, утре пак сакам дами доете, ќе Ви напраам од омилениот дезерт.
@candy.cane, само предвид, без „во“ . На која дата е Св. Климент Охридски? (со голема буква и с кај св. бидејќи како празник е една целина) Денес бевме на гости и преубаво си поминавме, утре пак сакам да ми дојдете, ќе ви направам од омилениот десерт. Неможејќи да се справи со родителите, реши да се одсели од дома.
Не можејќи да се справи со родителите, реши да се отсели од дома. Ќе зимаме стамбен кредит, вака не не бива.
Ќе земаме станбен кредит, вака не нѐ бива. Ја отвори вратата и низ неа излезе мириз на свежо печено лебче.
Ја отвори вратата и низ неа излезе мирис на свежо печено лепче. Леле колку ладно било! Не предпоставив дека волку озвежило послем дошдоф.
Леле колку ладно било! Не претпоставив дека олку освежило после дождов. Ја отвори вратата и низ неа излезе мириз на свежо печено лебче. Спојлер Да не мислам нова, да ја искористиме оваа од погоре хаха. @candy.cane дружи нѐ бе, се дешава ее
Ја отвори вратата и низ неа излезе мирис на свежо печено лепче. Колкав доплаток е пресметан за оваа кола?