Каша попара е играва. Треба по редослед да е, едноподруго мислење но изгледа не е можно тоа. Ајде, битно да се трудиме што е можно поправилно да пишуваме. Многу корисна тема. Со социјалниве мрежи и користењето скратеници и жаргони заборавивме да пишуваме како што треба. Темава треба најмногу децата да ја посетуваат и да покажат интерес.
Колкава доплата е пресметана за оваа кола? Не може било кој да ми кажува што да правам јас во животов. Ви кажал ли некој на вас колку сте убава?
Не може било кој да ми кажува што да правам јас во животов. Вчера станав, се измив заби и бев да купам киселавода.
Однатре е, без в. @Frosty! извини, не ги знам и разбирам зборовите, нека одговори друг, сакав само да ѝ пишам на zuto пред да се напишат повеќе мислења .
Егремни е име на плажа, ама ја отупев ептен, иначе и басамаци дека одамна не се користи го ставив како грешка да биде.
Јас избегнувам да користам премногу, па и поспецифични дијалектни зборови, затоа што и тие се дел од нашиот јазик и прифатени како такви. Играва ја разбирам повеќе како поучна и се трудам да користам повеќе грешки со кои се соочуваме во секојдневниот живот, а стануваат веќе нормални. Е сега, сепак ова е игра, па не е ништо страшно. И не се разочарувајте ако згрешите, ова е добар начин да научиме како е правилно, а како не. Од мене голема поддршка за темава и за сите учесници кои грешат и за оние кои не грешат.
Се согласувам со сите вас погоре, оваа форумска игра ми е најинтересна и ми е добра ментална вежба, како и повторување и доучување . За да продолжи темата : Одсекогаш сум сакал да го искусам Америчкиот живот.
Во среда имам закажано на фризер. II светска војна започна на 1. IX. 1939 г. П.С. имав грешка погоре, не ја забелешавте не е било кој, туку кој било.
Точно е било кој. Кој било е разговорно, го користиме во секојдневниот говор. (линкот е од македонско-англиски речник) Втора светска војна започна на 1.IX 1939 г. (или 1.9.1939 г.) Спојлер Не знаев дека постои опција и со римски броеви, еве според правопис: И покрај резултатите, се гледа себе си како најак.