1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правопис

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Ariel, 26 април 2010.

  1. slatkacicata

    slatkacicata Активен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2020
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Кога преведувате на латински текст, што е точно: ќ или kj? :$
     
  2. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.867
    Малку комплицирано ќе звучи, ама се надевам дека ќе биде сфатливо:
    Дотолку повеќе го користиш за да искажеш дека ако нешто важи (1), тогаш уште повеќе ќе важи ако се направи/е исполнета уште некоја работа (2).

    Еве еден пример што најдов на интернет:
    Screenshot_20200725_224438.jpg

    Што сака да се каже со реченицата?

    Ако гледаме според тоа што го напишав погоре:

    Што важи (1)?
    Првиот дел од реченицата (пред тирето) нѝ кажува дека важи тоа што активниот мозок не сака да ги намали своите функции.

    Која работа треба да се направи/е исполнета за ова погоре да важи уште повеќе (2)?
    Вториот дел од реченицата (после тирето) нѝ кажува дека ако личноста има и добра програма на физички вежби, тогаш уште повеќе ќе важи погорната реченица, т.е. активниот мозок уште повеќе нема да сака да ги намали своите функции.

    Со други зборови, активниот мозок не сака да ги намали своите функции, ама ова е уште повеќе или особено точно ако личноста плус и прави физички вежби.

    Се надевам дека ти е појасно :).
     
    На boomsleng, piglet1, martiiinna и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.099
    Допаѓања:
    163.518
    Пол:
    Женски
    Мислиш кога транскрибираш на латиница? Не постои првата варијанта т.е. нашата буква ќ како ваква во латиничното писмо, второто е прифатена транскрипција за истата во официјални документи и општо. :)
     
    На thelittle17 и boomsleng им се допаѓа ова.
  4. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.867
    Леле, добро што напиша @Someonespecial, јас мислев дека се работи за латински јазик :tmi:. Всушност, го смениле правописот од порано и и јас се зачудив кога видов дека ќ се пишува (скоро) исто и на латиница, иако остана kj за официјални документи.

    @slatkacicata, еве што вели правописот од 2017-та година:

    upload_2020-7-25_23-52-19.png
     
    На Loli4ka444, boomsleng и Someonespecial им се допаѓа ова.
  5. Norah Jones

    Norah Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    1.070
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    уште повеќе или особено.... готово..... ти благодарам.
     
    На boomsleng и pdb123 им се допаѓа ова.
  6. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.099
    Допаѓања:
    163.518
    Пол:
    Женски
    Па вака и јас имам учено првично во основно (пред 13-14 години) кога почнавме со латиница и македонски на латинично писмо, исто како k само со цртичката горе, ама одамна го користам во пракса секогаш ова за во документите... :tmi:
     
    На Loli4ka444, boomsleng и pdb123 им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Како се пишува правилно:

    не носење или неносење ?

    Срам да ми е... стварно не знам :lol:
     
  8. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.436
    На pdb123, mira.mira и WildMk им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Фала ти :hug:
     
    На zuto му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ПрилепЛео

    ПрилепЛео Нов член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2020
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    - Разделено се пишуваат кратките заменски форми, кога се употребуваат со присвојно значење зад именки што значат сродство: мајка ми, татко ти, баба му, ɡеɡо й, сестра ви, брат им; исто и: зет ми, ɡругар ми, ɡругарка ми и сл.
    - Формата „си “ од повратната заменка „ себе “ во исказите: во себе си помислив, во себе си реков, себеси си реков и сл.; исто и кога доаѓа со именка, како во примерите: татко си, мајка си, сестра си.
    – Но слеано се пишува во исказите: си дојде на себеси, сам со себеси и сл.; во овие искази формата себеси ја заменува обичната форма себе (си дојде на себе, сам со себе).
     
    На Loli4ka444, Annath и mira.mira им се допаѓа ова.
  11. Bezobrazna01

    Bezobrazna01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2020
    Пораки:
    400
    Допаѓања:
    3.093
    Пол:
    Женски
    Како правилно се пишува: Затоа што- За тоа што или затоашто
    Го имам среќавано на овие 3 начини и не знам како е правилно
     
  12. martiiinna

    martiiinna Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.356
    Пол:
    Женски
    Затоа што или зашто скратено. :)
     
    На cresa-jagoda, pdb123 и Bezobrazna01 им се допаѓа ова.
  13. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.092
    Пол:
    Женски
    „Затоашто“ никако да не го употребуваш. „Затоа што“ и „за тоа што се правилни“, меѓутоа имаат различно значење.

    Пример: „Не купив ништо затоа што цените беа скапи.“
    „Не кажувај никому за тоа што го зборувавме.“

    „Затоа што“ е сврзник што се употребува за да искажеш причина, додека „за тоа што“ се однесува на некоја тема, некој предмет и сл.

    Нема да погрешиш ни со „зашто“ како што кажа членката над мене поради тоа што има исто значење со „затоа што“. Се надевам дека ти помогнав.
     
    На Bezobrazna01, Norah Jones, mira.mira и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Norah Jones

    Norah Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    1.070
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
  15. Norah Jones

    Norah Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    1.070
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    Одстои или отстои? Во дигиталниот речник е Отстои Патем кој е одговорен за дигиталниот речник? Кој го напишал недигиталниот?
     
  16. Norah Jones

    Norah Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    1.070
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    Преку глава ми е да читам книги со непроверени лектори кои само ми го замаглуваат знаењето за нашиот правопис. Казни треба да има за тоа, а не секој да може да се декларира како лектор. И ние и децата учиме погрешно и после сме полуписмени. (ова се пишува слеано или со тире? С'е ми е испомешано). Ми фалат документарците на Прва со правилниот македонски јазик. Сега и на вести почнаа со непотребно македонизирани англиски зборови што дури звучи смешно, очаен обид да се претстави некој како елоквентен, а си имаме прекрасни наши зборови кои одлично ја искажуваат смислата.
    Вести во 6 и 9 правилно е? (Ако се знае дека вестите се во 18 и 21 часот).
     
    На poenta и martiiinna им се допаѓа ова.
  17. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.509
    Допаѓања:
    17.520
    Пол:
    Женски
    "Отстои" е правилно, поради обезвучувањето.
     
    На mira.mira и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  18. Mila987

    Mila987 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2014
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    Како е правилно, потикнува или поттикнува ,знам дека е поттикне правилно ама за поттикнува не сум сигурна
     
  19. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.867
    Со оглед на тоа што е истиот глагол, само различна форма, поттикнува е точно. Како што и при сам изговор звучи како 2 пати да велиш т.
     
    На martiiinna, zuto и Mila987 им се допаѓа ова.
  20. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.867
    Пред некое време буричкав низ темава и наидов на една стара дискусија (негде овде почнува) за заменките за директен и индиректен предмет, односно дали покрај заменките за индиректен предмет може да се користи и форма „на“ + заменките за директен предмет (пример, покрај нејзе ѝ, да може да се користи и на неа ѝ). @DAngel имаше поставено добро прашање: ако не може да се користи таа форма, тогаш зошто покрај „кому“ може да прашаме и со „на кого“ за индиректен предмет. Читав ќе се распрашате по професори итн, ама ништо не испадна од тоа; на крај пак остана недоразјаснето прашањето :D. Еве сега постои Јазичарница, можеби може да ги прашаме нив, освен ако не дошол некој лингвист тука или некој што би знаел (hollest).

    Мојата теорија е следна:
    Мислам дека прашањето „На кого?“ може да се користи за индиректен предмет, бидејќи кога индиректниот предмет е именка, со оглед на тоа што немаме падежи, т.е. не ја менуваме формата на именката, мора да се употреби „на“ за да се разликува од директниот предмет кога е именка.
    Пример:
    Ја видов мајка му.
    Ѝ кажав на мајка му.

    Всушност, тука може да се каже дека задолжително ги користиме кратките заменки за директен/индиректен предмет, па се гледа разлика во нив, но мислам дека ваквите конструкции се сметаа како падежни остатоци, па затоа има и „на“ која ќе прави разлика и кај именката. Па, кога веќе мора да користиме „на“ за индиректен предмет, зошто да не би можеле да формираме прашање со „на“?

    Но, кога наместо именка користиме заменка, мислам дека би требало да се користи заменка за индиректен предмет, бидејќи постои баш за таа употреба, инаку не би морало да се прават такви форми. Полесно би било да се користи „на“ + заменка од директен предмет, отколку да се смислуваат целосно нови заменки. Мислам, не дека не може истовремено да постојат две опции, но што знам, ми се чини тоа почесто се случува кај правопис на конкретни зборови, отколку вака во морфологија, која дава помалку простор за различно интерпретирање на поими. Барем мене не ми текнува во моментот примери за другите зборовни групи каде би можело да се користат различни форми за искажување на иста работа :wasntme:.

    Дали некој друг има поразлично објаснување? :call:
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.