1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правопис

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Ariel, 26 април 2010.

  1. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Забуната се јавува бидејќи многу закони во јазикот всушност не се закони, туку само трендови. За ова правило (закон) конкретно, никаде не е потенцирано дека мора да се користат индиректни заменки. Впрочем, како што кажа:

    индиректна заменка = на + директна заменка

    нејзе = на неа

    Во суштина е исто. Има логика зад тоа. Она што нема логика е нешто ко на нејзе бидејќи би се трансформирало во на на неа. Од слична причина ни звучи неписмено на тебе ти рече. Причината е што и за директен и индиректен предмет заменката има иста форма, па останува на нас да сфатиме дали станува збор за директниот или индиректниот контекст. Мозокот ни одлетува кон нелогичниот (индиректниот) па затоа звучи неточно. Иако во пракса е само расцепкување на индиректната заменка на на и директна заменка.

    Па така одговорот на прашањето зошто може да ја ,,расцепкаме" индиректната заменка кому, а не може да ги расцепкаме другите е кој вика дека не можеме да ги расцепкаме и другите? :D Може, само што досега тренд било да викаме нему, нејзе, ним, небитно од која причина (заштитување јазик, автентичност, курци палци). Во поново време сè повеќе се исфрлаат индиректните заменки, не знам зошто, ама и јас ретко ги користам нејзе, нему и компанија. Можеби бидејќи во мојот дијалект нема соодветен збор, па ми звучи pretentious.


    Во секој случај, скоро сите граматички закони можеме да ги прекршиме и да се оправдаме затоа што не се set in stone. На крај краева, правилното во јазикот е само она што се покажало како најпрактично. Затоа јазиците еволуираат, бидејќи се чистат и збогатуваат по потреба.

    Како извор за ова ми е учебникот за трета година, што за жал го немам на располагање. :D
     
    На pdb123 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.867
    Ме мрзи да го барам учебникот од трета година по кутии, а и може не сме учеле од исти учебници, бидејќи мислам дека си 6-7 години помлада, ама при рака ми е учебникот од втора година. Го најдов тоа на што мислеше, или барем нешто блиску до тоа :wasntme:.
    IMG_20201218_201932.jpg

    Искрено, никаде досега (ок, освен кога пишувам е-маил на професори) не ми и било потребно да се изразувам литературно, затоа што имаме прилично разбирлив дијалект и не настапувам на формални настани и слично. Затоа на форумов се трудам да пишувам литературно чисто за вежбање и да не заборавам некои „правила" кои сѐ уште важат, иако може да се сменат во иднина.

    А за искажување на индиректниот предмет, во нашиот дијалект претежно се користат само заменките за директен предмет; единствено наговестување за индиректен предмет се кратките заменки ми, ти, ни, ви и му. Blink and you'll miss it :D. Останатите заменки мене лично ми звучат како остатоци од постар македонски јазик, не знам оти така 8-|. Можеби дека моите баба и дедо велеа „ними", па кога ќе се спомне „ним" одма ме асоцира на тоа. Останатите заменки само си ја добија „клетвата" од „ним" :D.
     
    Последна измена: 18 декември 2020
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  3. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.436
    Како може ова да е исто?

    "Нејзе" се употребува со "ѝ" - Нејзе ѝ реков.
    "Неа" оди со "ја" - Неа ја видов.

    Во никој случај пред "нејзе" и "неа" не се употребува "на" - На нејзе, на неа...

    Не сум баш во тек со муабетов погоре, ама ќе прочитам подетално за што точно дискутирате, па ќе се обидам да напишам доколку најдам соодветно објаснување. Само ова цитираново ми падна во очи, па затоа искоментирав.
     
    На Ana Marija 1 и Annath им се допаѓа ова.
  4. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Заменските форми за индиректен предмет имаат значење: на *директната форма*

    кому = на кого
    нему = на него
    нејзе = на неа
    вам = на вас
    итн.
    Исто како што би рекле ,,кому?" – на мајка ми, на Трајче, на публиката... Само место именка, имаме заменска форма.

    Нејзе ѝ реков = На професорката ѝ реков = На неа ѝ реков

    Последново не е вообичаено и може да се тврди дека е неправилно, ама мојата поента погоре е дека нема неправилно во јазикот, туку неконвенционално. Особено па кога се работи за правила кои повеќе се однесуваат на стилски одлуки.

    Како што пишав во претходното мислење, а претпоставувам не си го дочитала како што кажа, потенцирав зошто на нејзе нема смисла, а зошто на неа има.

    А инаку не е точно дека на неа не се употребува во никој случај. Се употребува во случај кога ќе одлучам дека сакам да ја разделам индиректната форма бидејќи така подобро ми се пренесува поентата, што е всушност целта на јазикот. :)

    Сосем трета работа е што се употребува и со предлошки предмет. Сите се потпираме на неа.
     
    На martiiinna му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.154
    Допаѓања:
    5.370
    Пол:
    Женски
    Расшири или рашири??
     
  6. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.867
    Рашири.
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.
  7. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.436
    За последново во спојлерот си во право.

    Инаку јас никаде немам сретнато на неа како лична заменка низ литературава, или пак дека е еднакво на нејзе. Можеби грешам, ако има некаде такво нешто, баш би сакала да видам.

    Од овие само првото е точно. Од заменката кој се изведени формите за предметот - кого, како и за дативниот предмет - кому.

    Нејзе ѝ реков може, ама каде тоа нејзе се изедначува со на неа? Зошто јас не можам да најдам никаде вакво нешто. Еве пред мене имам Правопис и Граматика на македонскиот литературен јазик и никаде не можам да го прочитам ова.

    IMG_20201219_103531.jpg IMG_20201219_103950.jpg IMG_20201219_103908.jpg
    и за крај ако нешто ви значи IMG_20201219_103406.jpg
     
    На IRBBB и Annath им се допаѓа ова.
  8. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Знам што може, што не може, трипати кажав. А и во делот што си го цитирала убаво ги наредив и склопив едно до друго за да ти покажам од каде излегува дека нејзе го има истото значење како на неа, иако и интуитивно е очигледно.

    Нели индиректниот предмет се вика и на-предмет затоа што се конструира со на+нешто друго, на+именка, на+придавка, па што нè спречува да имаме на+заменка. Логиката вели дека ваква конструкција е возможна (со заменки за директен предмет секако), традицијата вели имаме веќе заеднички збор за на+заменка. Ама од друга страна никој не вели дека традицијата е недопирлива. Тоа зборам цело време, а ти ми викаш ама традицијата е ваква таква. Знаеме сите како е правилно, не е тоа муабетот.

    Инаку граматиката што си ја сликала е на Конески, апдејтирана е, деловиве со погрешноста не се спомнуваат. Има и причина за тоа: јазикот е жива материја, или поточно социјален конструкт што е дефиниран од општеството, т.е. луѓето што го зборат, а не обратно.
     
  9. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.436
    Ете, значи сепак не сме се разбрале како што треба. Јас не спомнав традиција, туку факти, како е правилно, оти мислев дека тоа е тема на дискусија. Ја читав и онаа дискусија од поодамна што ја посочи членката погоре, ама ете, не сфатив дека вие сте зборувале за логика и сопствени убедувања, а не за факти.

    Инаку јас немам проблем, кој како сака може да си збори. Јас не сум лингвист, правам и грешки, но се трудам секогаш да зборувам и пишувам што поправилно, прифаќајќи ги и новитетите во нашиот јазик. Никој не е совршен, нели?

    И дај Боже да видиме некои од вашите имиња на следни изданија на некои од литературниве дела кои ги коментираме цело време, баш е убаво што имате идеја и визија да ги менувате нештата на подобро.
     
  10. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Фактите во јазикот се традиција. Она што е факт сега, утре ќе престане да биде, не е како во математика стриктно дефинирано. Инаку темава може да биде и само за мислења од тип прашање-одговор и затворен случај, ама па не е интересно така. :D
     
  11. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.436
    Затоа вие сте тука. Ние што немаме визија ќе ги употребуваме сегашните правила и ќе ги усвојуваме иновациите од вас, поинвентивните. ;)
     
  12. Bezobrazna01

    Bezobrazna01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2020
    Пораки:
    400
    Допаѓања:
    3.093
    Пол:
    Женски
    Уфф многу се нервирам за ова, можеби е глупаво ова прашање но, како е правилно- Снима или Слима?
    Буквално никаде немам сретнато(во разговор со пријатели) некој да каже "Снима"
    Скоро сите велат "Слима"
    Јас како што знам правилно е "Снима"
    Па ваше мислење?
     
  13. martiiinna

    martiiinna Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.356
    Пол:
    Женски
    Што би требало слима да значи? Дај ни пример.
     
    На tinka-mace, cresa-jagoda, Bezobrazna01 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Loli4ka444

    Loli4ka444 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2017
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    При тоа или притоа?
     
  15. Star_dust

    Star_dust Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2019
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    9.186
    Пол:
    Женски
    Притоа
     
    На tinka-mace, cresa-jagoda и Loli4ka444 им се допаѓа ова.
  16. Norah Jones

    Norah Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    1.070
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    не сум знаела дека се пишуваат со голема буква жителите на државите.
    Значи треба: Јас сум Гркинка?
     
    На mira.mira и IRBBB им се допаѓа ова.
  17. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.867
    Да.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Cacii123

    Cacii123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2019
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    113
    Пол:
    Женски
    Кога пишувам, пишувам правописно, можеби некогаш од брзање правам грешки, но во главно пишувам правописно. Со другарките понекогаш си пишувам на дијалект, но сепак кога ќе прочитам некој да напише
    "че" наместо "ќе",
    "незнам" наместо "не знам", "одкога" наместо "откога"
    "сватив" наместо "сфатив" итн.
    Се нервирам, посебно доколку го знае правописот на англискиот јазик и го зборува перфектно подобро од македонскиот. Во Македонија живееме, мора секој од нас да си го зачува својот мајчин јазик, за да не исчезне и да го знае. Срамота е странскиот јазик да го знае подобро од својот мајчин јазик. (Нека учи странски јазици, но нека не го заостанува својот).
     
    На Loli4ka444, mode-kristina, poenta и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Со голема буква ли ги пишувате јазиците на филолошки?
     
    На CameliaMiller, Just.do.it и mode-kristina им се допаѓа ова.
  20. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.560
    Пол:
    Женски
    Со голема буква знам дека се пишуваат, само кога се како име на наставен предмет, нели? :)
     
    На mode-kristina му/ѝ се допаѓа ова.