1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правопис

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Ariel, 26 април 2010.

  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.783
    Допаѓања:
    131.221
    Саат, не сат.
    Баш ме интересира што учеле на час луѓево и дали имаме нормални професори по македонски?
     
  2. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.310
    Пол:
    Женски
    Џабе зборите, кој не слуша.
    Јас исто така на сите ги поправам и они се вадат, демек ова е фб кој ме гледа како пишувам и викам ајде така нека биде и на писмена другарка ми такви глупи грешки направи што ти доаѓа да се фрлиш од Вардар. :D
    НЕЗНАМ, НЕМОЖАМ, СВЕ, СВАТИВ и уште мал милион такви глупи грешки и си доби 3ка заради тоа.
    Не дека и јас се правам паметна или не знам што, знам си имам и јас грешки, на некои места пропуштени запирки, користам нелитературни зборови, ама најосновните работи бар мислам дека ги знам.
    Знам дека се остава празно место после интерпукциски знак, знам дека глаголот кога се пишува со негација се пишува одвоено, дека се пишува се, а не све и дека е сФатив, а не сВатив. |(
    Барем најосновното го знам, ако не друго, па и тука можеме малку да се потрудиме подобро да пишуваме, сепак не читаат многу луѓе.
     
  3. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Толку имав да ти кажам. :D

    -----------------------------------------

    Како и да е...
    Зошто да се трудиме да пишуваме НАЈЛИТЕРАТУРНО што можеме овде? Пропуштени запирки, прашалници, цртички, точки, нови редови. Нема грешка за нас.

    И што ако пишуваме најлитературно на форумов? Што, најпаметни сме или? Форумов е најнеписмен форум што некогаш постоел и дефинитивно ќе остане така. И сите знаеме дека тоа е реалноста но не знаеме зошто сеуште го полниме кога никој не го празни од непотребни работи (а ги има многу).
    Пишувајте како знаете. Апсолутно СИТЕ правите грешки, а на темава дури и гугл отварате за да бидете со совршен аргумент иако не ви успева.

    Зборувам апсолутно за СИТЕ.
    Пријатно.
     
  4. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.310
    Пол:
    Женски
    Ариелке нели реков правиме грешки и си користам зборови од секојдневието, ама глупо е да се прават такви грешки што ги набројав, ама да беа само тие добро ќе беше...
    Не НАЈЛИТЕРАТУРНО, ама може бар литературно, тоа ми беше поентата.
    Си знам и јас дека имам грешки, ама со мојава возраст и гледајќи ги моите врсници (на форумов, на фб, во училиште), задоволна сум од мојот речник и правописност. :)
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Не ти реплицирав тебе инаку, туку на сите што пишале овде за да се пишува политературно.

    Јас немам видено неписмен на форумов освен некои кои се нови од места во Македонија каде зборуваат на... "Куманово стил" if ya know what i mean :D

    И да пишале "незнам" наместо "не знам" не им замерувајте. Не значи дека се неписмени. Едноставно глупаво е да биде нацистички настроен форумов и да бидеме у стил: Еј мори, не е "незнам" туку "не знам" ! Неписмена една, пишувај литературно.

    Што ако непиша "незнам" не ја разбравте? :D
     
  6. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Не сум сигурен дали се заебаваш и не тролаш или сериозно ти е ова. :^)


    Пази го генијалцов...

    - Не знае како се користи голема буква
    - Не знае како се користи точка, запирка, три точки, генерално интерпункција.
    - Реченицата му нема логика, сфаќаме дека сака да праша, ама реченицата е бесмислена.
    - Абер нема од празно место, освен онаму каде не треба да го има.

    На крај дури и редактирал, за да изгледа како што изгледа и ти ни кажуваш дека не си видела неписмен на форумов? :o Жити све, дај да собереме пари за наочарчиња. :geek: Може и кул ќе ти стојат. :lol:
     

    Прикачени фајлови:

    • tajna.jpg
      tajna.jpg
      Големина на фајлот:
      113 KB
      Прегледи:
      442
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    А де те молам кажи ми дали членов е редовен, некој обичен сељак или сепак некој се заебава на форумов?

    Како што кажав. Нема потреба да го исправуваме членот. Ако сака да не знае и не го интересира правопис нека тера по своја некоја си логика.

    Јас стварно не гледам причина зошто да внимавам на точки, големи букви (за обични работи), нови редови и слично. Најбитно е да сфати читателот што сакам да кажам. Она што ти не го правиш во моментов. :)
     
  8. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    Разбрав*. :)
     
    На ariela09 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Епакакодатесфатинекојаконекористишинтерпункцијаголемабукваточкаиновредстварнонемасмислатоа
    затоаипостоиправописот.
     
    На glosipgirl, clock.pot, Rock.Lady и 10 други им се допаѓа ова.
  10. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Добро бе луѓе, инатот ве води до крајни граници.
    Реин, си видела некој вака да пишува? Ај де баш дај ми линк, некој што сериозен бил кога не знаел да користи точки и тие глупости.

    Одете отворете БИЛО КОЈ форум и споредете го со овој. НЕМА тема на која си замеруваат за правописот и не може ниту да се споредува со фемина затоа што...кажав претходно.

    А уствари што знаете правете. Секако не значи дека си писмен ако знаеш да пишуваш "правилно" по форуми, само страв ми беше да не почнат да банираат поради грешки како сватив, незнам, кој/кои и слично. :o

    И јас се нервирам на такви грешки но не мора да се прекоруваме и зорле да правиме писмено од неписмено.
     
    На francais му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.379
    Допаѓања:
    17.576
    Пол:
    Женски
    ^^ Па не е работата некој да се банира зошто неправилно употребува интерпункциски знаци, туку да се научат луѓето правилно да ги употребуваат и правилно да пишуваат, барем кога станува збор за почеток на реченица со голема буква, правилно употребување на запирка, точка, извичник, три точки, две точки итн.
    И не е само - "битно да ме разберат луѓето", бидејќи некогаш е навистина тешко да се прочита нечие мислење, од причина што не знаат правилно да употребуваат запирки. Не само што не знаат дека после запирка има празен простор, туку една малку поголема реченица не знаат содржински да ја поделат со запирки, покрај тоа што започнуваат со мала буква или на крај на реченицата ставаат две точки (..), па продолжуваат со нова реченица, исто со мала буква на почеток и крајот на реченицата повторно го завршуваат со две точки (..).
    Начинот на изразување (говор и пишан збор), е она што го отсликува карактерот на човекот.

    А правописните грешки се друга работа, исто така алармантна.
    Употребата на дијалекти треба да се ограничи на темата-"да зборуваме на дијалект" и "вицови".
     
    На Lella и sesilija им се допаѓа ова.
  12. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    :) Ипак не си не тролала. :tmi:
    Пази ја девојкава, дури и два лајка има под постот. И јас после ова, нормално, едино што ми паѓа на памет е да си играм играчки со нејзе, па после ќе дојде да ме банира администратор и во право ќе биде. И зошто, само зашто некој наставник одбрал да не го интересира иднината на децата кои ги учи македонски јазик.
    Истиве овие се жалат по теми дека нема работа во земјава. Па кој ќе те прими бе девојче кога не знаеш името да си го напишеш. Како се викаш? Маќедонка Иванова. |(

    Види, не се фаќам за тоа што користиш латинични наводници, ниту што исправаме го претвораш во исправуваме. Прерипувавам такви ситници, ама ако секое петто отчукување на тастатурата е хаварија, тогаш срц, неписмена е, не зезај. :x
     

    Прикачени фајлови:

    • mislewe.jpg
      mislewe.jpg
      Големина на фајлот:
      445,1 KB
      Прегледи:
      355
  13. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Па тоа ти зборував цело време, само очигледно требаше неколку мислења покасно за да сфатиш. Јас разбирам ваква неписменост но има многу членови кои се фаќаат за ситници и тоа ме нервира затоа што се прават паметни дека писмени биле.

    Еве и јас не можам да разберам "надеш" во примерот кој го сподели зашто нели, надежта умира кога ќе ја пишат со Ш. Но на она "наспроти" наместо "напротив" не би замерила затоа што очигледно дека девојката доаѓа од место каде можеби таму зборот се користи како што го напишала. Ко на пример сега би ја сфатила Кумановчанка ако напише "руку" наместо "рака" но само ако е очигледно дека доаѓа од Куманово.
    Како се фатив за Кумановчани... :lol:

    Како и да е, ситниците нема потреба да се исправаат.
    Пример: "радиотелевизија", "радио телевизија" или "радио-телевизија".
    Пример: "Имам и др примери но..." или "Имам и др. примери но..."

    АХА неписмена ! (за примериве)

    глупости |(
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  14. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    На glosipgirl, Rock.Lady, Lella и 8 други им се допаѓа ова.
  15. KatFem

    KatFem Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2014
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    658
    Добро девојки итно ми треба помош за нешто што е поврзано со алманахот.

    Имам една реченица во која сакам да напишам НЕ, и кога велам НЕ не мислам на негација, туку на оноа НАС НЕ... Не знам баш да објаснам, слабо македонскиот... :tmi:

    Нејсе, реченицата е следнава:
    Затоа што НЕ разбирате.

    Мислам на затоа што нас НЕ разбира... И сега потврдете ми дали на НЕ-то треба да му ставам акцент т.е апостроф, овака:
    Затоа што нè разбирате.

    Во право сум или слабо? :drunk:
     
  16. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    ^ Треба, инаку ќе биде негација.
    Истото важи и за ѝ. Една цртка многу менува :)
     
    На KatFem му/ѝ се допаѓа ова.
  17. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.198
    Допаѓања:
    4.238
    Како што рече и AnaKarenina, треба Е со надреден знак, еве вака: è

    Значи во твојот пример правилно би било:

    Затоа што нè разбирате.

    Е со надреден знак, односно (è) со цртичка пишуваш на пример:
    Вие знаете македонски и затоа нè разбирате.

    Без надреден знак Е-то (без цртичка) треба да се стави во следниот случај:
    Вие не знаете македонски и затоа не нè(нас) разбирате.

    И за секој случај пример со буквата И со надреден знак (ѝ):
    Не треба во:

    Куче и мачка.

    треба во:
    Кучето ѝ намигна на мачката ;)
     
    На KatFem му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Арно ќе беше да се работеше за вакви работи. Ама коса ми се крева кога ќе видам сестрами. Едноставно не личи мислењето. Како сега јас нешто да и’ верувам на таа девојка кога основни работи не знае да напише.

    Форумов врие од вакви грешки, јас веќе се откажав од поправање иако ми иде во СДК да ги напишам веќе познатите најгрешени зборови, зашто овде никој не гледа.
    И јас имам некои зборови кои сум ги пишувала грешно, а сега ми доаѓа да се убијам заради тоа.

    Ариела, очиглено ние различно го гледаме поимот неписменост. Јас под неписмен подразбирам не да не знае да чита и пишува, туку да не знае основни правописни правила. Потенцирам: основни



    Мора ли да биде вака, бе? Мора ли? само чрапааат без да гледат во екранотт ,ако мее сватифте . После оди Мачи сее ... да прочиташ нешто ....цццццццццц :puke:
     

    Прикачени фајлови:

    • omg.jpg
      omg.jpg
      Големина на фајлот:
      33,8 KB
      Прегледи:
      174
    На Daydream и ariela09 им се допаѓа ова.
  19. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Како е исправно:

    -потенко, попаметно, поубаво, подлакобо итн.

    -или по тенко, по паметно, по убаво, по длабоко?

    Разбирам дека ако се пишува повеќе паметно, повеќе тенко е одвоено, ама за овака мислам дека би требало сврзано да се пишува (сега не знам граматичко правило да цитирам), ама приметив во постовите дека сите (или скоро сите) пишувате одвоено.
    Ме збунивте, а сакам да знам.

    Ајде некој поупатен (по упатен) да каже... :)
     
  20. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Заедно се пишува.
    - потенко, попаметно, поубаво, подлабоко.
     
    На Sky-butterfly му/ѝ се допаѓа ова.