1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правопис

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Ariel, 26 април 2010.

  1. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.403
    Допаѓања:
    96.167
    Негација се пишува одделно и од глагол и од глаголски прилог како што имаш во случајов. Така да,
    не знаејќи. :)
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  2. BlackMarket

    BlackMarket Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2012
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    266
    Луѓе, ај да ве прашам сега нешто.

    Ѓи земав, ѓи видов, ќе ѓи однесам...

    Сериозно ова? Јас сум толку неписмена што прв пат ЃИ забележувам овие детали, или отиде писменоста во неповрат? :?:
     
  3. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Правилно е ги, а не ѓи.
     
  4. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    36.060
    Пол:
    Женски
    Согласката ѓ се изговара и се пишува пред самогласката е во иницијална позиција (пр. ѓеврек, ѓердан).Од ова правописно правило отстапуваат сопствените имиња, имиња на градови и географски правила.
     
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.783
    Допаѓања:
    131.225
    Еден ден, не една ден.
    Солта, не солот.
     
    На eliesaab, sweet-star, Sunshine.Sunshine и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. evamia81

    evamia81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    И не ќе да е само навика. Јас буквите ги пишувам слеано и ако не ставам цртичка тешко дека некој ќе разбере дека токму таму има ш а не м,л,и и сл. патем, ја ставам од неодамна токму поради могубројните примедби од типот - не можам да разберам што ти пишува овде. хихи
     
  7. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден, два саати потрошив читајќи „Лектор“. И сфатив дека всушност, ништо не сум знаела од правопис. :D И потоа се враќам назад во реалноста, и се’ уште читам „незнам“. Зошто? Е зошто де? :|
     
    На Sunshine.Sunshine му/ѝ се допаѓа ова.
  8. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Посвети/обрни внимание на учењето.

    Соодветна замена за посвети/обрни ?
     
  9. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Оддели целосно внимание можеби?

    Мислам дека тој збор би се заменил само со фрази. Нема некој синоним.
    А и мислам дека зборот посвети си е доволно соодветен за било какви прилики. Само затоа што го користиме во секојдневниот јазик не значи дека не е литературно правописен зборот.
     
    На danniela5 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.499
    Допаѓања:
    9.186
    Отколку или одколку?
     
  11. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.310
    Пол:
    Женски
    Отколку :)
     
    На Kataklinkers му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.811
    Допаѓања:
    23.320
    Пол:
    Женски
    Денеска трипати желудникот ми се преврте.
    (Сега правилно ли е трипати или три пати?)
    Туку,на социјалната мрежа наречена Фејсбук разгледував неколку македонски страници и постојано е пишувано ѓи,базенТ,фЛизура и секогаш косата ми се дига кога ке прочитам нешто вакво.Ама врв беше кога прочитав Маќедонија.
    Сериозно?
    Сериозно?
    Сериозно?

    Не сум некој патриот,но,преку десет години се расправаме со југ за тоа како да се вика нашата држава и вие,ко паднати од Марс најдовте да пишете МаЌЌЌЌЌЌЌЌЌЌЌЌЌедонија?
    И погоре на истата страница видов маќедонец.

    Друго прашање,што е проблемот со зборот Превземи ?

    Користењето на кратка заменска форма „му“ за сите рода и за сите броја,дијалект ли е или неписменост?

    Кажете ми дека е дијалект,ве молам.

    Ама сеедно,многу ми боде очи кога ќе прочитам.
     
    На Daydream, Sunshine.Sunshine, Lella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Не чуди се Срцка, јас со тоа веќе одамна се помирив. :emo:
    Па уште и некои ќе се дрзнат да зборуваат, абе ајде, послободно треба, не е ова писмена, дрн дрн јариња. |(

    На МРТ прееска видов СЕУШТЕ, во учебникот по македонски - ОБЗИР, низ книгите - можи, незнам и што ли уште не. Еве уште мал милјон што сум ги пронашла.
    Јас колку што знам, дефиницијата за правопис, барем во мојов учебник гласи вака:
    - Правопис зачи правилна примена на правописните знаци и на правилата за пишување. Правилата на пишувањето треба да ги почитуваме и применуваме, а со тоа ја докажуваме и љубовта кон мајчиниот јазик и почитта кон него.

    Јас тука никаде не гледам да пишува „да се почитуваат правописните правила само на писмена, на семинарска или на магистерска.“ И како што гледам, пукнавме од љубов и почит кон јазикот.

    Едит: Она со „превзема“, е една од најнелогичните грешки што некогаш сум ги видела. Ај за другите, луѓето пишуваат како што зборуваат, ама ова... :x Глаголот е „зема“ и најлогично е да биде „презема“, а за „превзема“ треба да биде „взема“. :fubar:
    Уште кога ќе го видам или слушнам, толку ми е сељачко, значи...
     
  14. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.911
    ^^
    Зошто некој би напишал Маќедонија не ми е јасно, или е грешка или буквата на тастатура му е заглавена или е некоја нова фора за која ние не сме запознати. Неписменост не може да е.

    Му кажав ним пример е дијалект. Може некој да не знае дека треба Им, ама јас да го прочитам кај некој пријател на фб и знам од каде доаѓа, ќе мислам нормално дека е дијалект. Јас си пишувам на фб секогаш на дијалект, а кој не го познава дијалектот, нека се прави писмен на нечии официјални текстови.

    Некои зборови вистина е за грев да не знаеш да ги напишеш правилно, ама што почнаа сите паметни да се прават за зборови за кои и наставник можеби би се подразмислил и тоа благодарение на оној дигиталниот речник на нет, мислам, плииис.
     
    На Hipica, ariela09 и kolovoz им се допаѓа ова.
  15. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Навистина се нервирам кога ќе видам некои неправилно напишани зборови.
    Одделение го пишуваат со една Д :^), сфатив со В (сватив), претставуваат со Д (представуваат) и уште мал милион други прости грешки.
    Не знаеме да ги пишуваме сите зборови, но некои кои секојдневно ги користиме, срамота е да не се знаат.
     
  16. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.783
    Допаѓања:
    131.225
    Замислете како се нервираат од правописните грешки во Англија, Франција, Италија... Земјите каде не се пишува така едноставно како кај нас.

    Е сега замислете ги нашиве неписмени како ги учат тие странски јазици, каде е уште потешко да се пишува :)

    Во секој случај, и мене Маќедонија ми е најгрдото нешто што сум го видела.

    Сигурно имате забележано, неколку пати при цитирање, јас им лекторирам, онолку колку што знам и можам, лоши мислења на членките со ужасни правописни грешки, а потоа сум забележала дека се поправаат :) Сакате да почнеме таква Феминска кампања за лекторирање на мислењата? Белки ке видат кај им се грешките и ќе се подобрат. Да се надеваме :)
     
    На senza.parole, Lella, Srckata28 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Dr.Strangelove

    Dr.Strangelove Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2014
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    151
    Читам доста странски сајтови и форуми, а имам пријатели на социјалните мрежи. Верувај дека се каде-каде пописмени од нас, пишуваат многу богато со интерпункциски знаци, не јадат букви, не редат „хахаха“ и „хехехе“ пола реченица. Можам да кажам дека како нација сме доста неначитани, просечно речити. Пола од речениците ни сочинуваат пцовки, навреди и “набутувања“.

    Кога ги читам Македонците како пишуваат и како се изразуваат по социјалните мрежи, дневни весници, форуми ми паѓа жал колку сме слаби на изрази, а да не кажувам правописни грешки. Најстрашно е тоа што таквиот начин на изразување е присутен и кај голем процент на дипломци и магистри, а да не зборувам за постари генерации луѓе кои се со 8 годишно средно или воопшто без средно образование. Како ли ги завршуваат факултетите?
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Форум ли е место за докажување колку сте писмени? Не бидете смешни. Да пишуваш на социјалните мрежи е исто како да разговараш со другари, дури глупаво е чувството постојано да се изразуваш литературно.
     
    На Hipica, ariela09 и kolovoz им се допаѓа ова.
  19. Dr.Strangelove

    Dr.Strangelove Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2014
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    151
    А, каде е место за докажување? И, јас , а претпоставувам ниту ти не докажуваш на никој колку си писмен/а, затоа што не е поентата во никакво докажување, туку во олеснување на комуникацијата со некој и се тоа да биде визуелно убаво. Не сум ни јас експерт, сигурно правам и јас правописни и интерпункциски грешки не ме сфаќај погрешно, но кога нешто не ми е јасно истражувам, а проблемот е тоа што денес никој не истражува при толку информации пласирани насекаде.
     
    На Lella и Cka им се допаѓа ова.
  20. rrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrr Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    168
    Ама и ти не стоиш најдобро со правописот а критикуваш други. Иронија се вика тоа, да подучуваш за писменост а да не си доволно описменет ;)
     
    На ariela09 и kolovoz им се допаѓа ова.