Може ли да ми каже некој како иде процедурата за инвалидска пензија? Знам дека треба мислење од матичен за да се поднесе за инвалидска пензија,туку дали треба исто вакво мислење и од специјалисти или се оди директно на комисија? Исто дали има некој скоро искуство со поднесување на инвалидска пензија и дали уште важи правилото ако нема пари во плик не се добива ваква пензија. После обелоденувањето на тој скандалот со митото дали се има подобрено нешто во овој поглед и дали даваат пензија на луѓе кои стварно ѓи исполнуваат овие услови. Во фамилијата имам личност која сака да поднесе за ваква пензија па ме интересира како иде процедурата,затоа ја отворив темата