1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прашања без одговор

Дискусија во 'Насмевка' започната од ivance5, 17 август 2010.

  1. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски

    Мислам дека си грешка, не може да изгрее сонце, затоа што... Како шо вика „по полноќ“ значи рачунам накај 12 саат навечер. А еден ден трае 24 часа. Што значи ако е 12 саат по полноќ, после 24 часа, се паѓа исто другиот ден по полноќ. Што значи: 72:24=3.
    Што значи дека после 3 дена, во исто време по полноќ се паѓа, а како што знаеме на полноќ не грее сонце. ;)

    Незнам дали објаснив баш јасно, али се надевам дека свативте. :* :$
     
  2. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.074
    Допаѓања:
    6.693
    Пол:
    Женски
    ^^^
    Па кажа девојчето во спојлерот дека после тоа пресметала па и испаднал резултат дека не може да изгрее сонце ;)
     
  3. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски

    Не го видов скриениот текст. :$
     
  4. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    *Ако велиме дека љубовта е слепа, зашо веруваме у „Љубов на прв поглед“?
     
  5. ToRmEnTeD.LoVe

    ToRmEnTeD.LoVe Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    50
    Има некои лажат со едното око... :D :D :D
     
    На glorijaMKD и Elennaa им се допаѓа ова.
  6. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    На прашањава можеби има одговор и секој ќе си одговори како што му одговара нему, т.е немаат точен или неточен одговор, некои и воопшто немаат одговор, а некои богами и ќе ве замислат.
    За некои вреди да се размисли повеќе од една минута и да се превземе нешто околу тоа што не замислило.

    1. Колку години би имал, кога не би знаел колку години имаш?
    2. Што е полошо: да доживееш неуспех или никогаш да не се обидеш да го направиш тоа?
    3. Ако животот е краток, зошто, сепак, правиме толку многу нешта кои не ни се допаѓаат и ни се допаѓаат толку многу работи кои не ги правиме?
    4. Кога е сè кажано и направено, дали си кажал повеќе од она што си го направил?
    5. Која е единствената работа која сакаш да се промени во светот?
    6. Ако среќата би била национална валута, каква работа би те направила богат?
    7. Дали го правиш она во што веруваш или се помируваш со она што го правиш?
    8. Ако просечен човечки живот би изнесувал 40 години, како би го изменил твоето секојдневно живеење?
    9. До кој степен го контролираш текот на твојот живот?
    10. Дали повеќе се грижиш да ги направиш работите на вистинскиот начин или пак ги направиш вистинските работи?
    11. Замисли си дека си на вечера со тројца луѓе кои ги почитуваш и им се восхитуваш. Сите тројца ќе почнат да го критикуваат твојот најдобар пријател, притоа не знаејќи дека ти е пријател. Што ќе направиш?
    12. Хипотетички, ако би можел да му дадеш совет на новороденче, што би го посоветувал?
    13. Дали би го прекршил законот само за да ја спасиш личноста која ја сакаш?
    14. Си видел ли лудило кое подоцна се претворило во креативност?
    15. Што е она што те разликува од другите луѓе?
    16. Како е можно нештата што тебе те усреќуваат, да не ги прават среќни другите луѓе?
    17. Која е онаа работа што сакаш да ја направиш, а не си ја направил до сега? Што те спречува?
    18. Дали си приврзан за нешто од кое веќе е време да се ослободиш?
    19. Ако треба да се преселиш во друг град или држава, која би била таа?
    20. Дали го притискаш копчето на лифтот повеќе од еднаш? Дали навистина мислиш дека така побрзо ќе дојде?
    21. Дали попрво би биле загрижен гениј или среќен глупак?
    22. Зошто си ти тоа што си?
    23. Дали си онаков пријател со каков што би сакал да си опкружен?
    24. Што е полошо: кога добар пријател ќе се отсели или губење контакт со добар пријател кој живее блиску?
    25. За што си најмногу благодарен?
    26. Дали порадо би ги избришал сите стари спомени или кога би можел, никогаш да не би направил нови?
    27. Дали е можно да ја дознаеш вистината без претходно да ја предизвикаш?
    28. Дали твојот најголем страв некогаш станал реалност?
    29. Дали се сеќаваш на мигот кога пред 5 години беше многу лут и вознемирен? Дали е тоа навистина толку важно сега?
    30. Кој е твојот најсреќен момент од детството? Зошто е тој толку посебен?
    31. Во кој момент од твоето минато си почувствувал голема страст и живот во себе?
    32. Ако не сега, тогаш кога?
    33. Ако уште не си го постигал тоа, што имаш да изгубиш?
    34. Дали некогаш си бил со некого, без двајцата да проговорите ни збор, а си почувствувал дека тој бил најдобриот разговор во твојот живот?
    35. Зошто религиите кои ја поддржуваат љубовта, предизвикуваат војни?
    36. Дали е можно да знаеш што е добро, а што зло без притоа да се посомневаш?
    37. Ако добиеш милион долари, ќе дадеш отказ на работа?
    38. Што сакаш повеќе: да имаш помалку работа или да работиш повеќе, но тоа да те исполнува?
    39. Си почувствувал ли некогаш дека овој ден го имаш проживеано милион пати досега?
    40. Кога последен пат си шетал по темна улица, каде единствената светлина била твојата сјајна идеја во главата?
    41. Хипотетички, ако знаеш дека сите што ги сакаш ќе умрат денес, кого би посетил прв?
    42. Дали би го намалил својот животен век за 10 години, а на сметка на тоа да бидеш помлад и славен?
    43. Кога е разликата помеѓу тоа да бидеш жив и да живееш вистински?
    44. Кога е вистинското време да се престане со пресметување на очекуваните ризици и признанија и да се прави само она што ти мислиш дека е вистинско?
    45. Ако сакаме да учиме од нашите грешки, зошто толку се плашиме да ги направиме?
    46. Што е она што би го направил различно, ако знаеш дека никој нема да те осудува?
    47. Кога последен пат си го слушнал звукот на сопственото дишење?
    48. Што е тоа што го сакаш? Дали работите кои ги преземаш, отворено ја искажуваат таа љубов?
    49. За 5 години од денес, дали ќе се сеќаваш што правеше вчера? Или завчера? Или денот пред тоа?
    50. Одлуките се донесуваат веднаш. Прашањето е: дали ги донесуваш за себе или дозволуваш другите да ги донесат за тебе?
    Превземени се прашањата.
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Зошто ја викаме кисела вода, кога е газирана?
     
    На ViKtOrIjA21 и L-enna им се допаѓа ова.
  8. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    536
    Мене не ми е јасно зашто често предметот што ми е во рака го барам ? Носам ночари и често ми се на очи значи гледам со нив , а јас ги барам ..... :D
     
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Заљубена - збунета ;)
     
  10. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Мене ми се има слично случено со стегач. (на рака ми е, а го барам) и сл.
    Заљубена- изгубена. :P
     
    На MonnaSi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.708
    Пол:
    Женски
    кокошката пред јајцето или јајцето пред кокошката мојата вечна дилема. :D
     
    На cresa-jagoda, N1ky и Elennaa им се допаѓа ова.
  12. argentina

    argentina Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    10
    кога ќе биде ...
     
  13. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.012
    Пол:
    Женски
    Зошто кога киваме секогаш очите ни се затвораат ?!

    :D :D :D
     
    На Grunge му/ѝ се допаѓа ова.
  14. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    2. Зошто жените не можат да стават маскара со затворена уста? ова ми се случува мене а зошто незнам :lol: :lol: :lol: :lol: :lol:
     
  15. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.665
    Пол:
    Женски
    Зошто жените не можат да стават маскара со затворена уста? - јас ставам со затворена :)
     
  16. anamariia.x3

    anamariia.x3 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    856
    [​IMG]
    :lol:
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  17. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.665
    Пол:
    Женски
    Ако се обидете да не успеете и успеете во тоа, дали сте успеале?
    Која е брзината на темнината?
    Ако џогирате наназад, дали ќе се здебелите?
    Ако давите штрумф, каква боја ќе му добие лицето?
    Зошто столот е стол, кога на него не се стои туку се седи?
    Зошто стискате посилно на копчињата од далечинското, кога и така знаете дека батериите се готови?
    Ако ноќта температурата е 0 степени целзиусови, а прогнозата за утредента е дека ќе биде два пати постудено, колку ќе биде тоа?
    Ако желката нема оклоп, дали е бездомничка или е гола?
    Зошто ги стерилизираат смртоносните инекции во САД?
    Ако ништо не се лепи на тефлонот, како го залепиле тефлонот за тавата?
    Ако црната кутија во авионот е неуништлива, зошто и авионите не ги прават од истиот тој материјал?
    Зошто камиказе пилотите носеле шлемови?
    Што бројат овците кога не можат да заспијат?
    Како тоа ако вртите на погрешен број линијата никогаш не е зафатена?
    Дали после оброк водоземците треба да чекаат да измине еден час па да излезат од вода?
    Ако белото вино оди со риба, дали белото грозје оди со суши?
    Ако некој со синдром на подвоена личност се заканува со самоубиство, зарем тоа не е случај на заложништво?
    Ако наместо да им зборувате на растенијата им се дерете, дали тие ќе пораснат како исфрустрирани билки?
    Има ли друг збор за синоним?
    Зошто овците не се смалуваат кога врне?
    Дали рибите ожеднуваат?
    Зошто немузикалните пеат најгласно?
    Зошто не можете да си ги исончате дланките?
    Зошто на јогуртот ставаат рок на траење?
    Ако земете некој ориенталец и го завртите неколку пати, дали ќе го дезориентирате?
    Ако нашите мали деца јадат со мали лажичиња и вилушки, дали малите кинесчиња јадат со чепкалки за заби?
    Што е спротивното на спротивното?
    Можете ли да плачете под вода?
    Зошто луѓето велат „спиев како бебе“, кога бебето се буди на секои два часа?
    Ако глува личност треба да оди на суд, дали тоа се уште ќе се нарекува „сослушување“?
    Зошто Шиљо оди исправено а Плутон на четири нозе, кога и во двата случаи се работи за куче?
    Ако лезбејката спиела со многу жени, но никогаш со маж, дали таа е девица?
    Еврејските вампири се плашат од крст или од Давидовата ѕвезда?
    Дали ќелавите луѓе имаат првут?
    Како Фреди Кругер си го брише газот?
    Дали Адам и Ева имале папок?
    Дали вампирите можат да фатат СИДА?
    Како ќе знаете дека ви се потрошило невидливото мастило?
    Како се пишува нула со римски број?
    Дали притискањето на копчето во лифтот повеќе пати прави тој да оди побрзо?

    http://motika.com.mk
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MonNy.B

    MonNy.B Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    36
    Еве уште од мене...
    Зошто топката нема краеви?
    Зошто кога сме нервозни врескаме?
    Зошто годината има баш 365 дена, а неделата 7?
     
  19. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.634
    Допаѓања:
    4.451
    Пол:
    Женски
    Зошто никогаш не изглегува како што сме испланирале?
     
  20. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Зошто нештото кое итно ти е потребно го наоѓаш без проблем откако веќе нема да ти треба?