едно и единствено таванско прашање кое ме мачи: -зошто упорно отварам фрижидер кога знам дека нема ништо да каснам и исто така не сум гладна?
But, we should celebrate our differences, што би рекле "мудрите" американци Се сложувам со тебе во целост, прашањето е зошто толку многу се трошиме во нетрпеливост и омраза. Повторно се навраќаме кон вреднување на сопствената индивидуалност, изградени и силни ликови не осудуваат, не се склони кон критика, имаат разбирање за сите и ничие однесување не го сфаќаат лично. На пример, ако некој е арогантен или вулгарен кон нив, тие не му се лутат, не се вреѓаат и не дозволуваат туѓото однесување да им го диктира личното чувство. Едноставно си мислат: може не му е денот на човеков, може немало кој да го воспита, можеби е истрауматизиран... Така го прекинуваат процесот на ширење омраза. Само во денешно време многу тешко е да не се реагира и да се одржи таков пацифистички мајндсет.
Јеах , јеах ....се замислив кога пушував, ама покоен/покојна употребуваат поповите и веројатно и глаголот е тој...ама никогаш како сега, по разно разни портали не сум го слушнала, секогаш било "почина" " умре". Упокои е како накитен збор, заедно со преведеното rip... Оф ,стареам изгледа, кога почнав да читам вести за кој починал....