Јас мислам дека тоа треба да се смени. На други форуми може. И јас имам нешто да прашам. Ми текна нешто при посета на друг форум. Ако некој при регистрирање овде кога дава податоци дава туѓо име и презиме, датум на раѓање, на пример некој што ме познава моето го напише наместо неговото, тогаш што? Треба да сноси некакви санкции, нели бан, ако дава туѓи имиња и презимиња, така? Ама како би се открило тоа?
^на други места,знам дека одма треба да се пријави истото,е сега секој форум си има свои правила....односно последици кои би ги сносила таа членка
Да, ама како би знаела јас на пример за да пријавам, ако не го прави тоа јавно.. Се зачленува и го пишува моето име и презиме и мој датум на раѓање. Кој може да го види освен администратори и модератори? А замисли познаваш некој од нив или утре се прошири некој муабет, ќе мислат ти дека пишуваш. Ме подзамисли. Интернетот не е безбедно место. Приватност и заштита нула.
Никој нема пристап до тие податоци освен администраторите. Никој не може туку така да влезе во нечиј профил.
Па од каде да знам јас, секакви има. На фејсбук малку лажни профили се отвараат? Уште едно прашање. Вечерва само кај мене кочи сајтот кога испраќам одговор или и други имаат таков проблем?
Кочи форумот, се работи на него. А и да стави некој твое име и презиме какво фајде од тоа кога и онака не е видливо?
Женски се обидувам да ставам слики али воп скриен текс и никако не ми успеава, веќе 4 пати го реадактирав мислењето... Помош малку
Сакам да прашам нешто во врска со постирање видеа на форумов, зошто на некои членови им се покажува видеото откако е постирано, а на некои им го покажува само како линк(како на пример и на мене), има некоја опција со која се средува тоа или? Прашав и во темата Видео, видов и други форумџики со истото прашање ама никој не дал одговор! Поздрав
Под рамката каде што го пишуваш текстот, таму под копчињана "Преглед" и "Испрати", ти пишува "прикачи фајл". Го кликаш тоа, па Browse, избираш слика и кликаш "Додај го фајлот".
Кога ти се појавува прозорецот за пишување пост(мислење),доле под копчињата Зачувај,Прегле,Испрати, имаш Опции, и до него Прикачи фајл. Ќе стиснеш на прикачи фајл, ќе ти се појави Cgoose File, ќе кликнеш на него, ќе ти се појави прозорче од компјутерот, ќе ја најдеш сликата ќе кликнеш на неа,ќе стиснеш Open, и ќе ти се затвори прозорецот. Потоа стискаш на Додај го фајлот, ќе ти се рефрешира цела страна, кликаш со маусот во делот накаде сакаш да ти биде сликата, и потоа доле стискаш на Постави како текст, кога ќе го завршиш постот, по испраќањето б требало да се појави. Пробај