Прво, зошто може само 5 души да се означат, а од 6тиот натака нема да им стигне известување? И ако се редактираш пак нема известување. Второ, зошто кога некој игнорираш, не му стигнува известување? Чисто да си знае за да не те цитира. - Членот Трајче те стави на игнор. Нема да биде во можност да ги чита вашите објави и цитирања.
Значи треба да се караат членовите за да дојде некој од ГОРНИТЕ и да одговори....Ајде бе нека дојде некој да се караме Вака ако поставиш културно и фино прашање, никој не те рецка. Прееска случајно сум била ко гостин, а не сум била најавена па читајќи низ една тема, видов дека некои членови што ги игнорирам ме цитирале. Предлог: -Праќајте известување кога некој те игнорира, конкретно кажувам за тие јас што ги игнорирам за да не губат време и да не очекуваат мој одговор пошто секако не ги читам, и не ми стигнуваат известувања. Дури жал ми падна...
Што па жал, не ги игнорирај ако толку си сочувствителна. Се шалам. Мислам нема поента да стига за тоа известување, само расправии може да поттикне, исто затоа и нема не ми се допаѓа копче. За известувањата Михајло пишал толку се за да не се спамира, ама добрата вест е дека може на десет да се покачат. Јеј. Ќе го потсетам. За редактирањето веројатно е нешто технички. И за тоа ќе спомнам. Ух, добро е, нема да има сега кавга (се надевам, иако кавгата е секогаш само зад аголот) Ај да си легнам, се гледа дека сум прекорачила со времето за легнување.
Па и јас се зачудив кога ми стигна твое известување на полноќ Ама жешко е не се спие... Ако го средите тоа за да стигнува известување при редактирање и да може барем 10тина души да се означат, супер ќе биде. Михајло кога ги правел опциите на форумот, не верувал дека олку познат ќе стане, ама сега време е да се промени нешто И пренесете му да размиси за кога притиска некој Ми се допаѓа, да може срце да стави или возбудени човечиња или нешто слично (ко на фб де )
И ако може да биде достапен на телефон за сите активни членови, од кои јаде леб, за кога не можат да спијат да им пее на уво таа новата песма што ќе ја искомпонира п.с. И секако повеќе видови на емоционални човечиња нека стави - вакви
Кога веќе сме кај известувањата... Зошто не стигнува известување од тема што си ја следел кога се бришат мислења оттаму? За новите мислења после бришењето не стигнува известување.
Мислиш за твои мислења или туѓи? Мене за мои не ми стигнуваат кога ми бришат, а не за туѓи Нов ден е денес...може сега 10 души да се означат?
Не мислев да стигне известување дека биле бришени мислења. Туку откако ќе бришат мислења во таа тема, а некој пишува ново, не ти стигнува известување дека има нови мислења. Исто ко да не ја следиш веќе. Не знам како да објаснам. Туку дај да се скараме, за да приметат.
Сфатив сега Треба повеќе пати да пишеме на темава за да видат, но исто може и да се скараме Може ќе ни ги исполнат желбите за смајлиња, известувања, нови песни и тн. @LivingGlam Зошто тролаш не ми е јасно? Колку профили користиш? Мислиш не те сетивме? Стварно не знам уште колку пати треба да те банираат за да ти дојде паметот Реин, види...Се караме
Јас @Mihajlo сакам кога ќе ми стигне известување од тема да пишува, тие и тие се расправаат во таа и таа тема, или, во таа и таа тема има бројни оф топици. Може? @LivingGlam не знам што да одговорам на вака технички прашања, немам увид. Веројатно треба пак да се отвори темата, може се регистрира како непрочитана и пак треба да се влезе. Има доста вакви работи со известувањата за жал. Ти кај брзаш? Знаеш каква е процедурата тука. ене кај е 2018.
@Sesil или @referentka зошто само моите мислења се избришани од Идеална возраст за брак, додека на сите останати членови мислењата сте им ги префрлиле во друга тема Идеална возраст за да се стане мајка? 3-4 страни наназад беа оф топик и од сите тие мислења се префрлени, а моите ги нема во ниедна тема. Само на моите мислења нешто им фалеше? Може беа оф топик за темата за брак, но потполно се вклопуваа во другата тема за кога да се стане мајка.
Се убив од барање додека ја најдам темава, Не било Прашања, Прашања до форумот туку Прашања за форумот ... Каде можам да го лајкнам новиот аватар на @Someonespecial , барав и за тоа на секаде но не успеав да најдам. Ако може некој да ме упати, а се надевам на место каде што ќе можам да лајкам и други аватари Фала однапред, Ваш Читко
Еве. Тука можеш да ги видиш и претходните аватари на @Someonespecial https://forum.femina.mk/threads/Мојот-аватар.17681/
Мене ме инрересира што се случува со напалени машки членови кои пишуваат во лп? Се превземаат мерки ако/кога ќе се пријават? Или никој не се замара? Во последните месец дена добив две пораки и не знам кое сфаќање го имаат истите за форумов.