Да не е дип блу? Како да го снема тој лик Он изглеа имаше и женска на форумов? Само нешто ви смета, па ваква тема, па оваква тема ви фалела, не сте биле за околу 20, ама ни за околу 40, ви требало за околу 30. Дај не зезај, може треба и тема за споделување на плетки? Сосема во ред си се темите и служат за целта за која се отворени. На некој може не му е до филозофирање и контрање во едни исти теми, па рчкање со други членови, па банирање, туку слободното време го користи да помине тука и да сподели нешто со другите, а темите се далеку попрегледно место од чет или лп. Морам за чудо да се сложам и со @Someonespecial кога рече дека треба и тема за удварање со гифчиња, почнува да ми се сфиѓа и нејзиниот стил на изразување, станува онака позитивно валкан и перверзњачки Така даст, срцка, вади стапчето, нема лабаво Зашто наминав ја уствари...
За да ме рчнеш Пропушти голем сеир и драми со членот што го спомнала Мања, се откри кој е, ама не ти кажувам
Па ако сакаш да ме мислиш цела ноќ, не ми кажувај. Нема да спијам поради тебе Не дојдов да те рчнам, не сум ја како тебе, дојдов у одбрана на +- 40 И така... Ќе ми го кажат сеирот некоја од сеирџиките од омилената ми тема +-40
Да ја тагнам @flower30 дека прашуваше пред некој ден како се става слика. Долу десно под постов имаш копче прикачи фајл одиш во галерија и ја одбираш сликата/сликите што сакаш да ги ставиш. Едноставно е
Зошто е една ваква тема во Канта? https://forum.femina.mk/threads/Химни-и-свечени-песни.16720/ Ако била дупла, дајте линк..?
Зошто упорно се заклучува темата “врска без секс”? Со исклучок на некои мислења кои можеа да бидат избришани, како што се прави во сите други теми, во оваа тема се разви дискусија и баш беше интересно за читање. Не мора секаде да се согласуваме.
Банирајте ги членовите од темата кои се напорни и кои упорно вреѓаат и омаловажуваат, ама цела тема под клуч нема смисла, глупости
Може ли да кажете причина зошто е заклучена темава? https://forum.femina.mk/threads/Зем...-топка-која-се-врти-околу-својата-оска.27616/ Се согласувам со погорното мислење.. Мора ли во се да се согласуваме за да не се заклучуваат темите?? Не значи дека ако сте админи дека форумов е ваша сопственост и може да го правите она што сакате. Најголеми побуненици на форумов сте некои од админите и модераторите. Делите правда секаде а спроведувате неправда и ја злоупотребувате вашата функција тука.
А зошто да биде отклучена? Ако почнат за сите вакви квазинаучни претпоставки и теории да се отвараат теми од тврдоглави членови што Ајнштајн да им се симне не би ги разубедил од истите, кај ќе ни биде крајот? Има општа тема за теории на заговор, сосема доволна е. Или пак најсериозно може кога веќе постои да иде во насмевка, бидејќи реално на тема за ваква небулоза не може сите да се воздржат и да не постираат шеги што ги има безброј за истата на интернет. @Vitaly, aко не прочита - јас не сум веќе во модераторскиот тим, се откажав токму затоа што со членови ко тебе со такви „факти“ не можам (и не сакам) да се воздржам озбилно и објективно да дискутирам. Така да нема на кого од тимот да се жалиш веќе
Па знам дека не си веќе, ама пишав за модераторите кои делат правда а режим спроведуваат а ти си се препознала изгледа... Жалам, ја немаш функцијата веќе. Инаку и мене има многу теми кои се на простачко ниво, особено тие поврзани за секс и страшно ми сметаат ама пак не се заклучени. Поединци не прашав туку ова беше порака до модераторите и админите незанм зошто се јавуваш а ниту прашав за мислење некој кој не е на функција на форумов. Се додека темата е во согласност со правилата не треба да биде заклучена, а ти си таа која може најмалку да каже дали да биде отклучена исто како и сите др. членови кои се само членови на форумов.
@Vitaly па ти ме молеше да се заклучи темата затоа што си бил мета на навреди, а сега се буниш зошто е затворена?! Врска без секс беше затворена за чистење, прееска ја отворив. Воздржете се од мешање религија во темата и навреди на лична основа. Врска без секс, кратко и јасно. Не брак без секс (има таква во Брак), не религијата како пречка за сексање во врска итн итн итн
Барам да ми се избрише мислењето од темата "Светата тајна брак", наместо да се редактира до тој степен што ќе ја изгуби смислата.
Не молев туку од револт напишав направете нешто ако треба и затворање бидејќи ме нападнаа со секакви зборови а вие го премолчеве тоа, но сметам дека не е правилно бидејќи никого не навредив во темата јас, ниту содржи навредувачка содржина туку одредени членови ме навредуваа мене, мислам дека требаше да ги избришете нивните навреди и да ги опомените како што ме опоменувавте пред некој месец мене за ич ништо. Сепак ако сметате дека треба да остане затворена нека остане, но тоа покажува колку сте неправеди и не си ја вршите должноста админ или модератор правилно. Не го сфаќајте како навреда..
Мене темите што ми се безсмислени не ги отварам. Кажав дека има такви теми кои ми сметаат ама не барам да се затворат бидејќи на друг му се интересни. Немаш право да кажуваш која тема да се затвори ако истата не навредува никого лично ниту одредена група, ниту содржи порнографија, расизам или слично..
Темите каде што има по неколку страни офтопици, навреди и сл, не можат да се средат додека се отворени. Пример во врска без секс, додека јас избришам или едитирам едно мислење, уште 5 напишале..и така до недоглед. Затоа и беа затворени двете теми, а делумно и за да се олади малку од навреди.. И двете ќе бидат отворени, само малку трпение. И ние иако сме се нафатиле да модерираме без пари, имаме дома семејства, а тука вложуваме и повеќе слободно време од што треба. Имајте разбирање за вакви работи