Дискриминација е што секој член што поинаку размислува од ова што погоре го напишав е баниран. Не носиме розеви наочари, сфатено е како функционира форумот. Содома и Гомора и продолжете така само се надевам дека некој што ги чита вашите мислењата нема да почне да ги применува.
Некому сериозно му се помешале лончињата тука... Требало да се банираат сите што поддржуваат абортус, хомосексуалност Ги прочитавте ли правилата вие воопшто пред да се зачлените? Еве, да прочитате јасно и поубаво еднаш засекогаш! Место да се приберете што веќе 2 години интензивно ве трпи администрација како во секоја прилика ги кршите најпрвин болдираните правила во секоја дискусија, па после и за лични навреди да не збориме - вие уште сте први да се буните! Политичка пропаганда само од една страна читаме кадешто не ѝ е местото, во СДК секој ден имавме бесплатна ППП и на форум, еве сеа и после изборите има пост... во СДК еј!!! Вчера во ек на избори, темата за истите во најдобар ред помина освен навредите на clen1, кој од летоска на неколку наврати трола и вреѓа, ни постари почитува, ни имаше некаква култура дечково. Од авион се гледа која „страна“ ги прави тензиите. И добро бе, ако толку ви смета атмосферата и мислењата што преовладуваат на форумот, крај краева не се уклучувајте како што се имате збогувано неколку пати. Не е никој должен да ја трпи вашата негативна енергија! Еве јас за Кајгана мислам дека повеќето се шовинисти, хомофоби, арогантни и дрски суштества со алфа-мажјак синдром, па затоа можам само еднаш на 3 месеци за сеир да отворам од страна таму, немам профил и никогаш не би се зачленила. Толку е едноставно. П.С. Содома и Гомора ич не е навреда, не...
Не може да те навреди она што го подржуваш. Факт е дека твоите ставовите твои наликуваат на Содома и Гомора П.С да беше верник тоа што горе го наведов немаше да го подржуваш. Ајде сега пријавувај ги мислењата и барај бан за членовите. Продолжи со провокациите, подмолните игри и оговарање по чет. Пак ќе повторам двојни стандарди важат на форумот.
Уххх, пак ли бре луѓе? Пак ли со тие двојни стандарди, пак ли со истите муабети... Членот неколку пати е предупреден, беше и еднаш краткотрајно баниран со опомена по истекот на банот да ги почитува правилата. Ама продолжи пак со истиот конфликтен тон и со навредите. Не е само политика категорија на форумов, патем. Не знам за darko clash што никој не се побуни, чудно навистина. Ајде доволно е веќе од истото.
Зошто неможам да прикачам ниту една слика на форумот? Кога и да сакам ми излегува дека има настанато грешка... ?
Хaхaхaхaхaхa ме изнaсмеa. Регистaрoт се викa "Лa бaнитoс" Нa фoрумoт не јa oтвaрaaт темaтa зa бaнирaни личнoсти, a имa мнoгу членoви кoи се бaнирaни.
Еве од темата Банирани корисници, почнале да апдејтираат. Ама другиве не ни текнува да ја проверуваме темата, битно Џиа ни е тука да се изначуди и да се побуни за бан на некој што правел беља
На секој што и реплицираше на било што му се закануваше, само што брзо се бришеа заканите па не си приметила можеби... Очигледно претерала некаде
Каде во прашањето прочита дека се бунам? Поставив прашање, кое се разбира мора да биде искоментирано од тебе како и сите други мои мислења. Листата треба да биде многу подолга не пишува за дарко1991, veteruska, hard core, tamatam, aleksandar1212 и др. Последно што видов е бан за Βικτωρία- која е причината за нејзиниот бан и дали ти @Someonespecial бараше бан за Βικτωρία?
Јас прочитав нејзино мислење дека се заканува со тужби , се повикува на членови од закони оти нели во Суд работи каде не секој може да се вработи( нејзини зборови), можеби не и е прв пат истото да го прави. Βικτωρία? Банирана ли е, навистина? @Someonespecial тема- Банирани корисници е под клуч уште од месец Мај. Нема други мислења од тогаш.Нема инфо за други банирани членови.
@makedonkamak, „новите“ банирани членови ги додаваат на листата објавена во првиот пост на Михајло https://forum.femina.mk/threads/Банирани-корисници.1960/ . @RainBow пиша дека ќе се ажурира списокот и навистина си стои на зборот
Во врска со измените на темата што последно си купивте,лични слики..може и фискална да приложеме за да бидеме поубедливи? Измените се непрактични,модел и боја не се доловува со обична фотка. Треба да одам по соби и да фотографирам,некогаш е згужвано,некогаш отишло одма на перење итн...баш ме интересира членките кои барале измена дали мирно спијатзарем имало и такви кои ставале нешта кои не ги поседуваат? Мислам дека не.. Не сум сигурна дали за овде му е местото ама сакав да си пишам..