@Dust @RainBow Да нарекуваш некого со погрдни зборови, да навредуваш и тоа повеќе пати нели за тоа бан следуваше? Ги пријавувам мислењата на @DAngel повеќе пати а не реагирате, дури и цела тема отвори за да ме исмева. Барам само да ме остави на мир бидејќи не ја споменувам никаде ниту за неа пишувам. Ако важат правилата за сите нека важат.
Зошто ја затворивте темата? Имам приметено дека секогаш кога ќе се замаше модератор, на било која тема, темата умира. Бришете оф топик и тоа е доволно. Ограничени сме за дискусија.
Твоето и на другата членка не беше дискусија, туку бесцелно префрлање една на друга. Ќе се отклучи темата за кратко.
https://forum.femina.mk/threads/Земјата-е-топка-или-коцка.28088/ Ја отвори само за да ме исмева и постојано ме означуваше само затоа што не и се допаѓала мојата тема.
Ми ги избриша мислењата кои беа од таков карактер. Не се бунам за тоа. Тука имаш право. Него е забелешката општо. Секогаш кога во тема ќе дојде модератор да воспостави контрола, дискусијата се пресекува. Можеби е до членовите, не знам. Истото се случи и на темата за замислено другарче.
https://forum.femina.mk/threads/Земјата-е-топка-или-коцка.28088/ Отвори само да видиш колку пати ме има означено. Не само тоа и денес и вчера и пријавив мислења ама ништо. Не те обвинувам тебе, не си само ти админ и модератор тука. Сакам само на раат да ме остави да не ме исмева и да не ме означува, дали ќе ја банирате или опомените тоа е ваша работа.
Мене не ми е јасно зошто се бришат мислења во мојата шминка, а истите не содржат навреда. Да пишам : личиш на кобила или магаре во суратот е навреда. Да пишам: користиш фотошоп? И тоа е навреда? Се фаворизираат членки на форумов и тоа како и се настапува селективно.
Храна и пијалоци Секс Врски Сингл Толку.. Подалеку од тоа не е мое. А темава не е во моја надлежност, затоа не сум ја пипнала.. Ниту сум ти ги игнорирала пријавите.. Знаат членовите дека кај мене нема такво нешто...се е експрес сметено..освен кога не е а тоа е ретко ама ете се случува
За сите пријави е реагирано, погледни прво. Пријавуваш мислење, во следна секунда ми пишуваш порака зашто не било реагирано. Мислам... @DAngel и јавно те опоменувам веќе да не го закачаш @Vitaly . Не беше заклучена темата за замисленото другарче, константно се бришеа оф топиците само за да не се затвори. А се затвораат баш од таа причина. Ем се гледа дека се брише, ем упорно се пишува истото, па за да може да се среди темата како што треба се заклучува на кратко. Се бришат оф топици. Како на пример твоите во секоја тема дека модератор те бришел поради ова или она. Те замолувам да не правиш повеќе оф топици и модератор нема да те брише. Доколку сметаш дека мислењето било он топик, а сепак избришано слободно пиши ми порака, па ќе биде проверено. За фотошопот мислам беше расчистено дека веќе сите користат ефекти помалку или повеќе и истото тоа се смета за оф топик. Доколку не е коментар во однос на шминката е оф топик.
Реин, јас јавно те прашувам во кое тоа мислење денес сум го закачала Витали? Значи нему му пречи што ме гледа на теми во форумот. Ако не, да не ни коментирам воопшто. Дај ми мислење од денес кое основано ми го пријавил.
Ме цитираше во темата на која религија припаѓате. Мешаш баби и жаби, спомнуваш рамноземец а нема врска со темата, закоравен верник? Не ми преши што те гледам ми пречи што ме навредуваш исмеваш врз основа на нешто што сум го пишал во некоја тема во случајов повеќе, што и да пишам ти се исмеваш и се ти смета а никаде те немам споменато ниту цитирано.
Не се однесуваше за тебе, читав на нет изјава на еден Американец. Дај човече не живеј во илузии, не си ти тој закоравениот верник што го спомнав. Не мислам на тебе и кога спијам