Името,т.е.никот на овој форум не може да се промени,само можеш да направиш нов профил со нов ник од нова имејл адреса за логирање на форумот.
Зошто ми ја избришавте темата. Воведот беше добар, и пример реален додадов. По кој критериум одлучувате кои теми се за во канта, а кои не се @Lella @referentka @RainBow https://www.huffingtonpost.com/entr...-for-ice-cream-or_us_5a2c4846e4b04e0bc8f3b52c Немојте да ми кажете дека не сте сретнале машко што се срами да јаде банана? Или машко што одбило цевка во кафич затоа што не бил женско? https://247sports.com/college/michi...r-man-to-eat-banana-in-public-26429084?Page=3 Вакви теми и дискусии има на секој можен форум, и во секоја можна форма на интернет. Не е дискусија која сум ја измислила јас. https://www.huffingtonpost.com/entry/14-manliest-foods-ever_us_55e5d720e4b0b7a9633a56d2 https://www.prevention.com/food-nutrition/healthy-eating/a20452173/food-steroetypes/ https://incidentii.wordpress.com/2010/08/11/eating-bananas-in-public/
Мене ми беше пред некое време избришана смешка во „преозбилната“ тема Dirty talk, дури не беше ни цитирање ни ништо, само смешна сцена од филм во контекст на темата... Некои од модераторите се скарани веќе со хумор и сарказам, прво во таа категорија (секс) па и во сите други. А што убаво би било да се зафатат со тоа да банираат асално и трајно тешки шовинисти со 100 профили што слават тепачи и војни, и манијаци ама приоритети...
100 пати го имам пријавено дека е дупли профил на претходно баниран член. Ни самиот не негира. Администраторите/модераторите како богови, се збори за нив, ама уште не е докажано дека постојат, не ме удостоиле никогаш ни со одговор на пријава. Не реагираат додека не почнеш да пишуваш јавно по темите.
@Dust, @RainBow - може ли да ми објасните зошто ми е избришано мислењето во темата „5 прашања кои би му ги поставиле на првиот состанок“, и моето и оние за телегонија што се пошегуваа? И тоа без ни нотификација ни бакрачи... Се пронашле децата во шала иако никој не ги спомнал, пријавиле, и вие музички желби им исполнувате? Па не е ни 100% тролање и зафрканција искрено, јас од форумов дознав дека има кај нас луѓе што веруваат во такви работи и озбилно не би сакала со такви. Не смееме тоа да се искажеме? За ова зборував, која од вас и да средува поредовно и брише во категориите љубов и секс (а претпоставувам Реин е) стварно треба да олади малку.
Погрешно претпоставуваш. Но сепак и покрај претпоставката, ќе ти кажам дека тролање нема да се дозволи Ако ви се пишува на темата ОК, ако не скокнете ја. Не може во секоја втора тема да се трола онака од ќејф. Тролајте во кафич, во кафана...на форум каде што треба да се дискутира по правила - НЕ. Ако вчера не сум стигнала да избришам поради лични причини, не значи дека ќе стои трајно така..
Музички желби им исполнуваат. Се пожалил господинот дека веќе не си ја сака темата која ја отворил и одма му ја бришат, патем бришат и тема од насмевка во која имаше буквално ХУМОР. Патем, уште чекам да ми одговорите што не беше во ред со мојата вчерашна тема. И од кога тоа теми и мислења се бришат по барање на личноста која ја отворил темата? Молам да ми ги избришете мислењата од 2014 назад, каква ви е таа селективна правда? И јас се покајав што сум ги пишала, како што се покајал господинот што ја отворил темата.
Слободна проценка на модераторот, поради сите минати теми и разговори кои веќе одамна преминале во тролање па биле избришани
Јас лично мислам дека треба малку да оладите со тролањето по темите. Не е еден пост со зафркавање, страници и страници. Една ќе почне и надолу само надоврзување. Ако ве оставиме една тема нема да остане за било каква, освен сеирџиска, дискусија. Ако сакате да отворате теми за сеир, сторете го тоа во насмевка. Сите теми да станат теми за сеир и за тролање на неколку членки нема да дозволиме. Затоа ве замолувам да се зафркавате во насмевка во рамките на правилата на форумот. Едит, еве ја темата отклучена, продолжете таму со тролање и ослободете ги другите теми за дискусија. Ако немате што да кажете скокнете ја темата. Благодарам. https://forum.femina.mk/threads/Мажи-кои-јадат-сладолед-банана-смуди.28986/
Веќе сфативме дека е океј на форумов некој слободно да пишува хомофобични, расистички, навредливи мислења кон одредена група луѓе и тоа во осетливи теми, да нарекува некого убиец и притоа да биде толериран. Ама кога на некого ќе му плеснеш дека појма нема од наука и нема општи познавања па си тресе глупости, леле тие сироти се навредиле. На нас останува да се помириме.
Реин, а зошто ми е избришана тема од насмевка, ако за таму е тролањето? И тоа не ни знаев дека е избришана, додека не ми се пофали еден член дека ја избришале затоа што тој побарал. Музички желби, much?
И двете теми си го истераа текот, само препукувања, ништо повеќе. И уште еднаш повторувам, тролање во теми каде што не му е местото нема да се толерира. Нормална дискусија веќе не може да се има низ форумов и време е да се сменат некои работи. Мислам јасна сум веќе.
Супер, значи нема да толерирате сексизам од 100 пати реинкарнирани профили и ќе се потрудите барем да ни одговорите на пријавите. Одлично, благодарам
Не си во право Реин. Не разликувате тролање од хумор и сарказам. Од кога сум тука, во разни шашави теми имало мислења од квалитетни членки екстра зачинети со хумор и зафрканции. Вакво цепидлачење никогаш немало. Темава со петте прашања е уште од почеток ridiculous, и тие мислења што останале се саркастични и нормално е. А во тие категории апла се гледа како се модерира и на каде иде форумот. Нашето „тролање“ е проблем, а стојат и огласи за тројки, мислења на манијаци што си пишуваат слободно со месеци. Срамота е.