Ако е трајно банирана ќе пишува дека не е достапен. Ако е на ограничен временски период си го покажува нормално профилот ама не можеш да ја означиш.
Јас разбирам дека работа е на самите модератори ( се изненадив колку ги има ) да проценат кога треба да се блокира некој, но тоа нека го соопштат барем во темата која ја отвориле за таа намена. Вака сите сме во ????? зошто и поради што ?????
Дечки, јас колку што знам, само @RainBow, како глобален модератор, има овластувања да банира некого, модераторите таква „моќ“ немаат. Инаку, имало ситуации кога некои членови одмарале и по месец од форумов, можеби тоа се случува и со Вајлд, имајќи во предвид дека не е пишана на списокот на банирани корисници.
За се што се случува мора да има причина. Сигурно не за џабе се ставени тие правила на форумот. И мене WildMk ми е омилена ако не и фаворит од сите членови поради нејзината искреност и отвореност во коментарите. Уште во првиот нејзин пост си има пишано дека сака многу да дрдори Во правилата на форумот стои 100 % сум сигурна дека поради тоа е ставена во мирување на неколку дена - се надевам на краток период бидејќи жената во ниту еден момент не навреди никој туку бараше одговор на нејзините прашања. И јас бев опоменета преку лична порака да не го прекршувам ова правило кога се расправав во темата Дали постојат магии и морав да прекинам и да го испочитувам правилото кое важи за сите. Ама тоа не значи дека сум го сменила моето мислење, магии и те како постојат .
До утре ѝ е банот на Вајлд, тридневен. Иако не сакам да се мешам оти целава тема ми е омрзната, да пренесам само за членкиве што се распрашуваат со добри намери. Доста им е толку одмор на тие што ги боли глава од цитирање.
Мислам дека сите прво добиваат опомени ако прекршуваат некое правило па ако не престанат со однесувањето за кое добиле опомена, следува бан.
Само стисни на пријави (мислењето што е прво отворено во темата), па после модераторот кој е надлежен за подфорумот каде што е темата, ќе ја среди
Извинете на офф топик ама морам да ја замолам членката @SummerGirl ако може да ми пише порака макар и празна оти јас не знам како да те контактирам , ми рекоа да сум кликнала да те следам , кликнав тоа, ама не ми покажува за лична порака како да ти пишам.
Знае ли некој да ми каже како можам да го сменам името на мојот профил? Нејќам веќе да се викам worried