Ветрушка реши да не напушти. 17ти Октомври беше денот кога си замина. Ни глас , ни трага , едноставно си замина. Остави дупка во моето срце , а верувам и во многу други срца на форумов. Како казна бидејќи не направив доволно да ја задржам на форумов не се логирав 6 месеци (скоро). Кога се вратив се надевав дека е тука , ама изгледа си заминала засекогаш (или се логирала на друг акаунт) Се надевам дека еден ден пак ќе се логира повторно и ќе не дружи . макар и на еден ден, све и е простено , ох ветрушке... ветрушке врати се
Различна личност сте со @bittersweet , или од двата ника пишуваш ? Не ми е јасно, имате ист ник, па да прашам......ништо лично.
Имам предлог за конкретнава тема, ама затворена е, па ќе пишами. овде. https://forum.femina.mk/threads/„Кафе-муабети“-–-број-на-мислења-и-лајкови.3107/ Првите 10.000 лајкови ги добив пред да станам активна на тој дел од форумот, и сите беа добиени на мислења пишувани во конкретни теми. Наредните 10.000, ги добив 4 пати побрзо, и 90% се производ на 'мангал муабет' на подфорумот: Кафе муабети. Вака се зголемува квантитетот на мислења, но не и квалитетот. Ако наједонставно се добиваат лајкови на теми кои не се со конкретни ставови и мислења, на врвот, со најмногу лајкови, ќе се најдат оние кои најмногу постирале на тој подфорум и на теми кои суштински не допринесуваат ништо во поглед на едукација. Мојот предлог е да се укинат лајковите на тој подфорум, исто како и на теми кои се со лични фотографии (од себе), и на Форумски игри. Или, доколку платформата нуди таква можност, тие лајкови да бидат одделени од останатите. Воедно, би се избегнало разглабањето на теми во Кафе муабети, кои веќе си постојат како засебни на форумот. Единствено, СДК, може да се префрли на друго место и да се рачунаат и бројот на мислења и лајковите, бидејќи повеќето се квалитетни постови.
Мене не ми е јасно зошто мислења во Сакам да кажам не се бројат, а слики во Што ве насмеа денес? се бројат.
Или: Што последно си купивте? 5000 лајкови за тоа. Суштински допринос 0 (нула). Или: Македонски јавни фаци. Лајкови за оговарање. Суштински допринос 0 (нула).
Што се замарате со лајкови и постови?! Пишете нешто паметно и секако ќе биде прочитано.. Затоа и постои форумот, а не за да си ги мерите силите во лајкови и број на постови. Тие не треба ни да ги приметувате.. Нема да станете ни поактуални ни посакани ниту пак било што со билдање мислења и лајкови.. Тоа се само виртуелни бројки, тоа што останува меморирано се мислењата.
По лајковите и коментарите се цени 'квалитетот' на одреден член. Не е прашање дали јас се замарам, или ти, туку што е целта на форумот? Повеќе индексирање од гугл, или квалитетна дебата?
^^Ако е небитната бројката, зошто во Кафе муабети не се бројат, а во други категории каде не се постира мислење, туку слика се бројат? Сликата се брои, реферат во СДК не се брои. Не дека менува кој колку мислења има, ама кога веќе постои бројач, нелогично ми е броењево.
Како па да не. По лајковите се ценел.. Кој цени така ајде кажи ми?! П.С... некој се измачил да направи фотка, а некој спамира и собира по некој лајк.. Квалитетна е таа "дискусија" или поквалитетна е професионалната фотографија?
Ако биле глупости, немало ни да постои оригиналната тема поставена од администратор, додека се одлучувало во кој правец ќе се движи форумот.
администраторот и те како треба да се грижи за платформата на форумот. ама јас да земам да се замарам за лајкови значи стварно немам поумна работа. али вие си знаете...
Јас не знам јас колку лакови имам и не се замарам со тоа. Зошто би се замарала со лајковите на другите ?
По дифолт е тоа. Психологијата налага дека со тоа се покажува некакв 'квалитет' на членот. Ако не сум во право, немало ни да има оценување. Лајковите се практично, оценување на членовите. И имаат некаков 'авторитет', тие со повеќе мислења/лајкови/трофеи/она истакнат, популарен член итн, иначе, немаше ни да постојат тие 'оценувања' Знам дека ова го знаеш... Пост со повеќе лајкови, означува дека повеќе луѓе се согласуваат со тој став и дава на значење. На странски форуми, најгоре се појавуваат оние мислења со најмногу лајкови... Јас предложив што мислам, дали ќе прифатат, е на водството на форумот. Сепак, нивни е, не мој Не зборував за Професионални фотографии, назначив: Што последно си купивте.
Не се секогаш спамови во Сакам да кажам. Имам приметено дека некогаш и таму произлегува дискусија кога некој ќе напише нешто. Инаку не мислев на професионални фотки. Тие теми за професионална фотографија на место се. Мислев на оние во Насмевка каде обично се постираат смешни слики преземени од друго место.
Како наоѓате време за вакви работи да мислите? Што знам, мене не ми е важно воопшто ни кои мислења ни кои допаѓања се бројат. Пишувајте што имате за пишување и не се мислете многу.
Наоѓам време, за теми кои ме интересираат. Не ме интересира за 'јавни' фаци во МК, ама за културолошки развој и едукација, ме интересира... Плус, си реков, ај да видам што мисли водството на форумов? Ионака темава е за прашања за форумот...
Епа тоа е што е, на врвот со најмногу допаѓања се оние кои ставаат слики а не оние кои се интересираат за културолошки развој и едукација. Мене ми е сеедно тоа. Ако тебе не ти е, во ред, еве можеби ќе смениш нешто.