Нема потреба од инаетење Темата на која алудирате е слободна тема за секојдневието кое опфаќа повеќе сфери од животот. Не е архитектонско катче, па да се пишува се по мерка. Што мислите дека треба да се пријави, слободно пријавете, веќе реков, ќе биде разгледано. Како ќе се одлучи по пријавата веќе не е Ваша надлежност. Притоа да Ве известам, Вашите постови од СДК беа пријавени повеќе пати од различни членки, што значи дека некому смета таквата дискусија во тоа катче. Мислењата се моментално тргнати од таму, ќе бидат преместени на ПОсоодветна локација
Не е инает. Искреност е. Знаеме дека ја 'промашивме' темата, не бараме да ги вратите таму коментарите, туку на соодветно место. Иначе, нормално дека ќе пријавува кому што смета... И јас пријавувам коментари.
@referentka, ако ние се инаетиме, тогаш ти си пристрасна Или со други зборови- абе да, ама за нас е океј И пак ќе речам, не се бунам Ако де, и мене ми сметале други дискусии. Не се лутам што пријавиле, и јас сум пријавувала Исто, не сакам да звучам безобразно, ама како модератор, позиција за која ти се пријави, една од обврските ти е да префрлаш мислења. Фемина, како форум, постои поради напишаните мислења (квалитетни, неквалитетни, не битно). Ете, се разви дискусија во тема во која е дозволено цитирање. И сама виде дека темпото на пишување беше динамично, реплика врз реплика. Форумов не е мој па да ги знам сите теми, на страна што еве навистина не знам дали има соодветна тема за таа дискусија. Тука стапуваш ти на сцена. И не е фер сега да префрлаш што не сме направиле пауза во дијалогот за да пребаруваме низ форумов и да листаме веќе отворени теми за да процениме дали се соодветни. Доволно беше да пишеш дека мислењата ќе бидат префрлени во друга тема, а ако ти е тешко да го правиш тоа за кое сама се пријави... епа знаеш и сама кој е одговорот. Знам дека не е лесно да се биде модератор, и благодарна сум за тоа што го правите за да го разубавите форумов ама си го ценам и времето и трудот што сум го одвоила за да напишам мислење, во тема во која е дозволено цитирање.
^ Вашата дискусија океј, ама што правиме со некои (кхм) што буквално 99% од мислењата во СДК им се цитирање - и тоа со буцкање/желба за расправија (не муабет), на постови во кои сакаш нормално да си се искажеш за нешто воопшто неповрзано со нив? Јас мислам дека за ова треба траен бан од ваква тема... ама кој ме слуша мене СДК темата баш замира btw, во последно време вообичаено едвај има 2-3 поста на ден (минус расправија)... Само продолжете да толерирате, така ќе биде
@Someonespecial, јас сум за тоа сосема да се забрани цитирање во Сдк, па дури и ако може да се тргне опцијата „цитат“. Пет години сум тука, пет години не си дозволив да цитирам таму, се додека не кажаа дека е дозволено. Вака, кој е критериумот што може да остане, а што не?
Или нека се забрани цитирање во СДК или воопшто на никој нека не му се бришат цитирањата. Вака, ни се водите, ни се терате.
У сдк по дифолт не треба да се цитира,јер темата е сакам да кажам значи секој да си го каже своето мислење.Али има дежурни цитирачи што одвај чекаат да напишеш нешто
Од вчера e известувањево, ама да, за ова сум крива и не се бунам. Твоето мислење од тема Сакам да кажам... беше избришано. Причина: Вашите постови од СДК се избришани.Ве молам не се цитирајте.Не е забрането цитирање, ама да има некоја граница. ***** не е тема на муабет во СДК.
Во сдк е дозволено цитирање, но не и чет муабет, мислења со една реченица од ти реков-ми рече и така страници да се тера. Или зафрканции од збор-два кои се интересни само на тие што ја полнат така темата. Имаме тема каде што е забрането цитирање и една доволна, сепак ова е форум и е направен за дискусија и цитирање. Доколку произлегла интересна дискусија од сдк се префрла во соодветна или нова тема, кога сакаат да се надоврзат повеќе членови. Еве ги разгледувам избришаните мислења, меѓутоа малку се измешани, можеби најдобро е во нова тема да се префрлат. Ќе ве известам кога ќе се среди.
Не знам дали има техничка опција за тоа, би било најидеално иначе. Ако не, да се додаде во прв пост како правило, како што има во На срце ми лежи..., па секој цитат експресно да се брише како и во таа тема (фала Богу барем таму се внимава цело време досега и се брише, не можам да се пожалам). Не се сите цитати малициозни, далеку од тоа, произлегуваат и добри дискусии ама нема филтер за вакви негативности. Не е ни само за мене, истата дотична на сите за сешто се закачува, 2-3 пати имаше буцкано и членка што никогаш никаде се нема расправано... Свашта.
Ти отвораме работа бе... Дај да отвориме нова тема: Дали и колку жените зборуваат отворено за секс? Ама не знам во кој подфорум е соодветно... Не би сакала во Секс, оти тие што не коментираат таму, пак може да не коментираат. А и темава е и од општествен и религиски и психолошки карактер... Има капацитет ... барем така мислам де...
https://forum.femina.mk/threads/Дал...-форумот-и-надвор-од-него.29548/#post-4189081 Еве ги мислењата префрлени во нова тема. Повелете продолжете таму со цитирање и дискутирање.
Ако е форум не значи дека треба да се расправаш и навредуваш за сенешто што ќе ти падне на ум со првиот што ќе напише пост во СДК, а ти нели сакаш да си извадиш негативност од себе пред да се запрашаш дали всушност навистина тој/таа некој/а имаат било каков удел во твојата нервоза. Незрело однесување е да ја користиш секоја прилика да се впуштиш против оној кој ти е трн во око, ама па на некои личности на форумов тотално им одговара според впечатокот кој го имам за нив, да се однесуваат токму така. Незрело, па макар имале и 50+ години повеќе од мене или некои други квалитетни членки тука.
Многу глупава политика терате, да ви кажам искрено. Во 99% од случаите кога се развива дискусија (квалитетна, жестока или интересна, небитно) вие како администрација би требало да оставите да се исцрпи сета дискусија, па после преместувајте мислења. А не вака, на сред муабет! Па после немало квалитетни мислења? Е како ќе има де?! А за двојниве аршини да не почнувам
Точно така, незрело однесување е да ја чекаш секоја прилика да се впуштиш против оној кој ти е трн во око. Тогаш, зошто неколку членови на форумот се упорно "следени" по темите, едвај се чека да пишат нешто за да се почне со директни навреди и исмејувања кон нив, кои воопшто не наликуваат на интелигентна дискусија? И тоа од баш истите членови кои овде се жалат и тужакаат за истото. Или навредата боли само тогаш кога лично сме засегнати? Двојни аршини, everywhere.
На ептен погрешна членка се обраќаш. Токму за @Purplelilac мислев во претходниот пост, девојката е една од најмирните членки на форумот, а дотичната „искрена“ и „јака“ фрау стигна и нејзе да ѝ се закачи на најобични постови во СДК со потценувачки тон. Значи конкретно за СДК зборувам. 6 години сум членка на форумот и секојдневно ја читам. Темата има вајб, непишано правило и намена членките да се искажат со нешто општо што им лежи на душа, само не толку лично и интимно како во скриената тема. Мене лично (што се побунив прва) ми се блуело доста пати и од постови таму, па сум се воздржувала од директно цитирање - жити 2-3 пати што имам направено исклучок. Знаеш ли при еден од тие исклучоци, кога одговорив на најбезосетно можно мислење (и потоа се створи цела полемика, ме вреѓаа лично а се воздржав, а моите постови бидејќи немаше никаква причина за бришење - си останаа да стојат), што ми се деси? Ме банираа три дена од цел форум, заедно со тие што ме вреѓаа. Епа што тогаш заслужува некој кој постојано се буцка во сите свои постови во истата тема? Ова доволна причина ли ти е да се бунам јас за двојни аршини и да не бидам „нежна“? Не е нормално некој да постои на форум само за да мрчи и контрира на сѐ и сешто, ама вие си знаете. Додека на широка група им се кул, искрени и интересни bullies и мрчатори, ќе се силат и на форум, и на твитер, и секаде.
Не оправдувам ничии навреди, без разлика за кој член/ка се работи. Но еве ме интересира кои се тие членови кои се постојано следени и исмејувани од други членови? Ако под следење подразбираме коментирање на скоро секој пост што го напишал одреден член/ка, тогаш еве јас ќе ти посочам на една твоја драга пријателка од форумов која ми има коментирано неколкупати баш на ваков начин за каков што зборуваш ама ете поддршката од тебе за ваквото нејзино однесување пак не изостана. Двојни аршини нешто спомна а?