Бришат друже бришат, не се секирај, не си ни прв ни последен шо си бришан без причина...сите сме ја укусиле таа неправда :/ Кулирај си...не им е гајле на лујЏево
Друг пат кога бришете мислење прашајте дали е пасивно цитирање. Некој не чита километарски постови. Членката одма плачеше во лп дали е за неа а уствари немав ни прочитано како и секогаш кога се работи за километражен пост. Не е во ред ова.
Во бројот на оние поените од трофеи што ги пишува на профил е разликата, е само не знам од колку до колку која „титула“ е. А трофеите во голема мера зависат од тоа колку години си член на форумот (на годишнини се добиваат неколку од нив, до 5-та година), така да не е ништо посебно и релевантно.
Разликата е во пораките. Еве за споредба ...јас сум на форумов од 2012 година, а палешка од 2013 , арно ама она има многу повеќе пораки + скриени пораки на форумов напишано , а јас помалку од неа. Се надевам сега ти е појасно Да не пукнеш, кај ти текна прашањето
Не ти треба апликација Кики. Форумов е направен со Mobile-friendly платформа и се супер си работи преку мобилен браусер.
Зошто нема посебна категорија за миленици? Знам дека постовите се во категоријата ДОМ но прилично е збутано таму, мислам дека заслужуваат посебна категорија.
Зошто ми е избришано мислење во темата Абортус? Немаше лични навреди. А,гледам дрски постови упатени кон мене и уште еден член стојат.
И мене ми е избришано ама изгледа овие кога бришат како мачката со опашката, што ќе фатат фатено, не оти гледаат или читаат. ЈА ЗАМОЛУВАМ БРИШАчКАТА НА МИСЛЕЊА ВО ТЕМАТА АБОРТУС ДА СЕ ЈАВИ НА РЕЦЕПЦИЈА И ДА ОБЈАСНИ ШТО ТАА ВСУШНОСТ БРИШЕ...и тоа со брзина на светлоста???