Ме интересира зошто некои модератори имаат забрана за лични пораки? Што знам, со самото тоа што се модератори, мислам дека членовите би требало да имаат пристап до отворен разговор со нив. Некогаш, за некое мислење кога го пријавуваме, или член, можеби имаме некое подолго образложение, како јас пред некој ден што имав. Глупо ми беше сето тоа да го напишам како причина за пријава, затоа што тука треба текстот да биде краток и јасен, т.е. да се наведе само причината. И сакам да прашам зошто не е обновена листата на банирани членови?
@RainBow оти се правиш наудрена, демек не ме читаш, а Втор пат те прашувам, до кога ќе бидам банирана..уствари, не, извини...сакам да ме одбанирате во темата за модни критики на не срамежливи феминки...Сакам бре лепото и јас да турам фотка моја, да делам мислења, критики
Добро,дали модератор мисли да реагира во темата Модни Критики за Не Толку Храбри Феминки? Има оф топици и препукувања кои треба да се бришат!
Во категорија Кафе муабети Линк од истата https://forum.femina.mk/threads/Општи-прашања.9731/page-1544
Зошто одвојувате контроверзна тема кога не сте спремни ни самите да дискутирате? Модератор на самата категорија скока да не се зборело против бабини деветини и ограничува дека може да дискутираат само одредена група луѓе, другото осудување било... Темине за вера и деца, а камоли па двете заедно, за доста луѓе би било најкомотно да се затворат - само за верници, трудници и мајки, и жени кои сакаат деца - па да си се тапшаат по рамо ко во фб група. Врие од луѓе незрели за форум на секој чекор...
А ти нешто помагаш во темата како што и е насловот? Темата е да споделуваат членките каде си го нашле лекот, а за тоа дали верувате во такви работи или не, може да си отвориш посебна тема па коментирајте си што сакате во неа. И скокање од типот посвојте си ако не можете да имате дете, а не да одите по бајачи мислиш дека е во ред?
До админите во Политика... Кога веќе бришете коментари и преуредувате, барем нека имаат смисла, а не нешто само приоставено некаде, без никаква смисла!