Мислењата за срамежливост се префрлени овде https://forum.femina.mk/threads/Срам.259/page-6 СДК не е тема за прашања, најдете ја соодветната тема и прашајте таму. @Keanu_R.Wick во сдк не е забрането цитирање, но исто така не мора да се реплицира на секое едно мислење. Пробај да реплицираш само кога навистина имаш да кажеш нешто, а да не е мислење од два-три збора. Ова е апсолутно неточно. Модераторите модерираат кога имаат време и на доброволна основа, не мора да исполнат некаква норма.
Не е апсолутно неточно, во една тема прочитав дека имало порано други модератори на кои им биле одземени привилегиите затоа што не покажале доволна активност. Ако оттогаш сте промениле пракса, тоа е друго.
Жити модераторите.Бришат мислења и ги нарекуваат спам иако не се тоа,а СДК е полна со разни муабети,а некои мислења стојат иако се за во други теми.И пријавувано е,но модератор не реагирал. Потребна е смена на модератори и крај!
Тоа беше сосема друга работа во која немам намера пак да навлегувам. Повторувам дека модераторите не се на некаква норма за бришење на мислења зашто секако средуваат на доброволна основа.
Но,не средуваат како што треба.Многу пати сум пријавила оф топици во теми,а немаше реакција од модератори.
Членовите имаат опција да пријават мислење и сме благодарни кога го прават тоа и помагаат зашто нормално не можеме сѐ да читаме, но не значи дека модераторот секогаш ќе се согласи со пријавата. Ако не било реагирано веројатно не сметал дека е против правилата.
Не ми се навлегува ни мене зашто не ме интересира, само сакав да укажам дека не е апсолутно неточно. Од модератори би ги пофалила @cresa-jagoda и @Dream-Girl бидејќи се редовно достапни и имаат слух, барем досега кај нив две не сум забележала пристрасност и необјективност при бришење, а има доста такви ситуации на форумов.
Мене ми се одмили од дотичниов модератор погоре што се објаснува, кога си го пцуев дечкото во таа темата што би му кажале и ми дојде во пп како шериф демек многу навреди има во постот те бришам. И не реагирав си викам ај ок терај мада реално требаше да и пишам кој фактор ти ма модератор на форум да ми кажува јас што да му кажувам на роден дечко ама ништо и следно си пишував еден пост и тоа цел реферат беше за кој сум забележала прво тука и си пишав таа и таа ја забележав зрачи со позитива пример сигурно и надвор е таква позитивна и истава дотична ми пиша не ти е тоа анализа на членови те бришам и така не ми се троши тука скапоцено време да мислам да пишувам и да ме брише некој којзнае зошто пошто реално во моите мислење не можам причина да најдам зошто би биле избришани. И ред други којзнае колку кога одам и гледам ги нема, значи уште полошо-избришани без да ми се објасни ко јас да сум принудно тука и морам да бидам. Не морам и не сакам и во голем обем поради тоа. Ако не ми било тоа анализа на членови тогаш префрли ме таму не ме бриши со толкафи реферати пишани, не сум јас тука за тебе да те задоволам да ти пишам совршен пост, ти си тука за мене, т.е за форумов си ама пошто си шериф нема да има луѓе, а пошто нема луѓе нема форум, а модератор без форум што ти е...
I don’t get it? Ако може да пазите малку кому испраќате објаснувања.. Се скапав од читање и не си го најдов ,,преместеното мислење”. Не знам кој е модератор таму, ништо лично ама ич никој ништо не пази на форумов. Тие што бришат и не праќаат известување зашто е избришано наводно никогаш немаат време за тоа, а мислам дека би фатило помалку од минута? А овие другиве префрлаат мислења ама пишуваат на грешни луѓе.. Ако толку не можете да се посветите на форумо подобро не бидете модератори уопште.
Не можеш да пишеш на грешен член. Кога селектираш мислење/мислења за бришење или преместување тогаш имаш опција да штиклираш да пратиш известување или да не пратиш.. Значи мислење си имала префрлено, само што можеби е избришано после тоа..или сепак не?!
Јас преместував вчера, нема грешка. Само што мислам од крај на август ти е мислењето, па затоа не го гледаш на последните страни во темата каде што е преместено.
Затоа што не се менува додека не се гласа.. во понеделник ќе има анкета. Не бевме во можност ни јас ни крејзи да ставиме анкета и сликите да ги преместиме, немав технички можности за тоа во понеделникот. Овој понеделник ќе имам..