Зoштo нa Џинџер темaтa јa зaтвoривте a зa интрoвертите се претвoри вo кaтче зa муaбетење и oстaнa? Или дa се избриши и тaa темa или секoј штo мисли декa припaѓa нa oдреденa групa дa мoже слoбoднo темa дa си oтвoри зa "свoи" луѓе.
Остави бре тај младеж нека си праве муабет Али темата е у категорија - Психологија Да отворам јас некоја тема во категоријата Бременост каде ние од 'Вештачко' ќе си правиме лајт мубети за боцкање, суплементи, одење бо бајачки, камења и разни др врагови. Да си кукаме де , онака уз кафенце, на раат
Не е прoблем, oтвoри си, истo некa е зa сите. Вaкa едни мoже други -не. И aкo е вo психoлoгијa штo мaјкa имa дa читaме чaт муaбети?
За да не може да се создаваат плитки муабети и мислења полни со иронија. Не се пази што се коментира. Затоа интроверт изобилува со позитивна енергија. Ти и онака сегде шириш негатива, па за интроверт се буниш.
Мора нешто да смета секогаш и да се мрчи само. Темата не е за млади, туку за интроверти од која било возраст. И е една од најпозитивните теми на форумот. Ако толку ви боди очи нека ја преместат во кафе муабети, нема зошто да се затвора. (Темата на Џинџер не ми пречеше инаку, сметам дека можеше да стои.)
Епа тоа е работата де. Зш за едни бива, за др Не. Никој не рече таа тема да ви ја затворат. Ама чет и кафе муабети Не се за во тема психологија, нели?
Темата за интроверти е за интроверти од сите возрасти. Преку разни муабети си даваме поддршка.И тие муабети се за одликите на интровертите и зошто екстровертите не ги разбираат. @Bubce38 Се зборува за мисли и за чувства.Поради тоа е во делот Психологија.
Па,реков разни муабети има. Најмногу се поставуваат прашања поврзани со карактеристиките на интровертите. Битно,нема ограничување за возраст.Секој кој е интроверт може да коментира таму. Нема зошто на некој да му пречи.
Пишав и во темата, се извинувам што не сум видела до сега до каде стигнала и тука ве замолувам да се држите до првичната намена на темата и без чет муабети. Да бидеме реални дека се доволно такви теми веќе, има и чет плус ако сакате да си поправите муабет да се исконтактирате и да си зборувате таму, плус има опција и за повеќе луѓе во разговор и две теми за различни категории на возрасти и една за мајки. Го знаете веќе моето мислење за чет темите и колку ги "голтаат" и другите теми во кои би можеле да се вклучат повеќе членови, наместо само одредена група. Благодарам.
Ме интересира, зошто и откако го пријавив коментаров, сеуште стои? Се толерира ли национална нетрпеливост на форумов, @RainBow ? Да знам само...
Кога сме веќе кај нелогични нешта на форумов, ќе искоментирам за уште нешто. Годинава се испоотворија еден куп теми за секоја вест од нет, додека истите одговараа да бидат сместени во некоја од веќе постоечките теми од политика или општи дискусии. Дали беше навистина прашање на тоа дали одговараат да се стават во веќе постоечки теми или прашањето беше на посебен третман за некои личности на форумов? Ќе да е ова второво.