Дали кога е префрлено мислењето од една тема на друга за истото останува известен членот за кој е наменето? Или се губи тагот?
Зошто ми е избришан постот во Сакам да Кажам (без цитирање) кој не прекрши ниту едно правило на форумов, како и на темата? Освен што беше дадено свое видување за тема која ја почнала @Dream-Girl , ниту имаше навреда лична кон неа, ниту пак постот беше наменет за неа. И ај не само мојот, туку и на @Idedemja сте го избришале која исто така дала споредба на тоа како било некогаш, а како е денес. На форумов ви фрчат лични навреди, префрлања, саркастични цитирања и ниски удари, а вие бришете пост кој не е упатен никому, туку само критички осврт на денешното општество. Се повеќе и повеќе ги разочарувате членовите со вашето модерирање каде некому дозволувате да ги прекршува сите правила на форумот, а на друг да не смее да напише мислење и експресија за одредена тема, да даде општествена издржана критика или едноставно да се искаже. Со оваков пристап само се повеќе го губите примарот на еден угледен форум и го бркате квалитетот од него, а давате простор да цутат тролови и кловнови.
Сигурно те избришале? Да не те преместите негде? Не ми личиш како лик чиј коментар би избришале и сега сум љубопитна да прочитам што си пишал
Да, ми го избришаа и наместо овде, ми дадоа објаснување по ПП и ме известија дека следен пат требало да се бунам ПП, а не овака јавно. Не го преместувале постот, затоа што таква им било праксата, такви биле правилата во СДК (без цитирање), па затоа го пишав истиот пост во СДК (со цитирање) каде не прекршувам ниту едно правило. Можеш да го прочиташ таму.
Кога веќе е очигледно што нема никаква контрола и реакција на секакви членови на форумов, а магично исчезнување и преместување мислења без објаснување, зошто не ангажирате уште некој да го средува ова ако ете не може да се постигне? И да се подразмисли малку кој ги прави сето ова? Цитирање до недоглед од страна на тролови- никој не реагира. Навреди, плукања- никој абер нема, си стојат мислења со секакви информации на располагање секој да чита додека не се удри чистка нареден ден.
Оти во таа тема пишуваат луѓе кои не сакаат да им се дава видување на напишаното. Ако е без цитирање темата ќе преќутиш, не го побарала членката твоето видување. Затоа и е во „без цитирање“
Ако те цитирам значи ти се обраќам тебе, ако не те цитирам давам мое мислење за која тема сакам јас. Едноставно е.
Еве и јас сега дадов мислење дека не сте во право. Не ве цитирав. Значи доста, ако е темата без цитирање не може да одите и да се надополнувате во мислењата едно под едно. Затоа ставаат луѓе во цитирање, оти знаат дека ќе има такви што „сакаат да си го искажат мислењето“ Речено е, ако сакаш да дадеш мислење на темата, отвори тема која одговара на мислењето и давај до утре мислења ако сакаш
Изгледа ќе треба сите мислења над моето во СДК (без цитирање) да ги читам, случајно да не погодам иста тема со некој член над мене.
Мислам дека не треба многу памет за да сфатиш кое мислење е напишано во одговор на некого, кое е за да се оговара некое мислење од форумот. Не сме малоумни, де... Имаме интелигенција над 25.
Ова е токму тоа што е против правилата на темата, си се надоврзал на постот, а таму нема ни почнување на теми за кои треба да се даде мислење од други членови. Значи, нема надоврзување, затоа и пишуваат таму членовите, за да не се објаснуваат што мислеле, туку напишале што им дошло во моментот.
Форумов има газди очигледно е дека ним им одговара да се брише селективно, а не дека модераторите не може да постигнат. Наше е само да се радуваме дека бар 5 мин ќе ни постои некое мислење. Живела демократија и слобода говора!
Можеби ако користиш помалку навреди во постовите ќе постојат и подолго од пет минути. Прочитај ги ти, а и другите, препораките за однесување на форум, не е на одмет да се потсетиме дека треба да пишуваме цивилизирани мислења.