Може евентуално, да треба да ги префрлат во темата за короната во Македонија... Постовите сами-по себе не се проблематични. Барем за мене...
Ти очигледно не си ја читала цела „дискусија„ Дел од мислењата се избришани, ама дел уште стојат. И не е во ред на одредени ликови да им се дозволува офтопичење, навреди, исфрлање фрустрации итн, а други да бидат ограничени за истото. Ако има правила, да важат за сите! Темата е корона во Германија, постови за Македонија, за нејзината култура (некултура), патишта, патарини, лифтови и слично нема потреба да бидат во истата. Особено што, како што реков, одредени мислења и членови ги бришат и ограничуваат со брзина на светлината. Третманот треба да биде ист за сите. А за @FreeMind и нејзините фрустрации од Македонија, нема потреба да зборам пак. Само читни и ги мислењата, ќе видиш дека секое второ малтене збори за Македонија, народов, колку сме прости, злобни итн.... И сето тоа го збори на Македонски форум и за Македонските граѓани со кои секој ден општи. Тебе ако ова ти е во ред, ок. Мене ете не ми е.... Може оти имам слободно време, ко што кажа една високопочитувана членка Или па дека сакам да исправам криви дрини
Ова мислење не го имав видено, почнав од другата страна, го редактирав и ова. Ќе стојат овие мислења зашто сепак се за короната, да префрлам само неколку мислења нема смисла, а кога веќе ќе стојат ќе стојат каде што се напишани. Немаме правило за плукање по Македонија, секој кој ќе пишува лошо за Македонија да е баниран, ако имавме веројатно ќе требаше форумов да не постои. И за тие мислења е доволно веќе време потрошено.
Ок Реин. Следниот пат кога ќе бришеш мислења и банираш за офтопици и слично, ќе те потсетам на постов и темата Ако е забрането офтопичење, треба секаде да е забрането и за сите! Што се однесува до плукање по Македонија, жално е што ова е твое мислење, а си модератор на Македонски форум. Друга работа е што истите фрустрации драгата @FreeMind ги пишува каде стигне, а тоа не се санкционира. И не само тоа, туку еве бесрамно најавува дека секаде ќе офтопичи. Ама... знаеме дека има двојни аршини на форумов. Ич не се чудам, ниту очекувам да се исправи ова. Само... секогаш кога ќе ми биде досадно или ќе почувствувам потреба да се произнесам за ова, ќе си кажам. @Biljarkata Биле, едно е фрустрирање од Мк, а сосема друго е да труеш цел форум со секој пост за тоа, па тоа. А всушност ич не си директно засегнат, оти одамна си иселен од тука. Чуму? За да нас што сме тука ни кажеш колку сме мизерни, или да ни ги отвориш очите, или само да ја покажеш сопствената супериорност, а нас да не навредуваш? Навистина, се уште не ја разбирам потребата на секое да се плука по МК
Па тоа ти велам, избришани се мислења со навреди, ова што стои не се навреди. Ај ќе се навредуваме ако некој го напише истото со кое се среќаваш секој божји ден. Искрено ич не ми смета кога било кој пише вака за кај нас пошто така е. Особено па некој кога живее на друго место, навикнат е на ред и кога доаѓа тука и шокот му е поголем одколку ние што веќе знаеме што да очекуваме кога ќе излеземе од дома. Ти не мислиш дека е најосновно домашно воспитање да пуштиш жена со дете пред тебе? Да не застануваш да му дишеш во врат на некого на каса во време на пандемија? Нема да те нервира ако мораш со количката да одиш на улица пошто сељаците се паркирани на тротоар? Ти ако не си таква, што се пронаоѓаш и навредуваш? Јас не се пронајдов во ниедно од мислењата и не се замарам кој што напишал. Не знам зошто мислиш дека ако си во македонија или македонски форум не треба да плукаш по работите, нема да плукам кога нема да ми се дешаваат и нема да се нервирам на дневни бази, а се додека ми се дешаваат, зошто да не зборувам колку сум исфрустрирана? Верувај, и ти да живееш на посредено место, кога ќе дојдеш овде ќе го забележуваш секој детал кој сега го игнорираш пошто уште кога ќе излезеш од дома знаеш дека ќе го видиш и се помируваш со тоа.
Ајде доволно е. Избришани се последните мислења, ако некој не ви се допаѓа едноставно игнорирајте го.
А за говор на омраза по Македонци имате правило ? Односно генерално настојување да се деградира, вознемири,со гнев или омраза, вербално насилство или презир одреден народ ? Мора да имате правило против говор на омраза. Јас на Фри и напишав дека претерува со плукање на Македонци,а истовремено секој ден се дружи со истите тие Македонци на форумов. И апсолутно не е во ред да се толерира. А ако се толерираат навреди кон Македонци, тогаш да почнеме да пишуваме за дијаспорците какви се,или за Роми,Албанци, може? Па нека игнорираат,кому смета. Значи не е никако во ред да се генерализира и директно или индиректно да се омаловажуваат,понижуваат,навредуваат членовите кои се Македонци на овој форум и вие тоа да го толерирате.
Имам приметено дека има членки кој едвај чекаат да се закачнат и контраат со некого. Нема тема, а таму да не се и да контраат на некоја "жртва" што ќе ја одберат, најчесто некоја понова членка или некоја која не е нешто многу акривна. Чекаат некој да напише мислење и безразлика какво е одма контра и навреди кон членот како е застанат/а во 15 век како може така да размислува... триста работи ќе му изнапишат, зошто само нивното мислење е најправилно другите ништо не знаат и се глупи и заостанати во 15 век. Еве сега нека влезе @RainBow во темата Хомосексуални врски и нека прочита и нека процени дали има навреди кон членови кој немаат исто мислење.
Ајде додека сме на темава, барем да кажам дека ви треба разграничување на некои нешта. Постои нешто што се вика слобода на говор, која опфаќа искажување на лично мислење. Исто така постои нешто што се нарекува ширење на говор на омраза кон поединец или одредена група на луѓе кои се идентификуваат во иста заедница според одредена карактеристика (било тоа да е националност, раса, религија, сексуална ориентација и сл.), а која омраза може да биде пласирана на нет со повикување на насилство кон конкретната група, нивна дискриминација, опресија, користење на секакви недолични изрази за нивно опишување како на пример ненормални, пореметени, ментално заостанати и уште ред други дијагнози кои се давани од интернет експертите, па и уште после запрашување зошто тоа се смета за навреда. Воедно, постојат и луѓе кои си го пукнале балончето во кое биле израснати на Балканов, земале да прочитаат нешто подетално за различностите во светот и која е убавината во тоа, па сфатиле дека ако некој не наштетува со тоа што е или го прави, многу е веројатно дека ништо не му фали и дека истовремено постои и таа можност да е и вашето и неговото/нејзиното „правилно“ живеење. Токму затоа вие кои не го сфаќате тоа ќе бидете напаѓани. Едноставно поради тоа што и вие напаѓате некој кој не наштетува никому, а ви го нарушува концептот на вашето „нормално“. Никој не ве спречува да дадете мислење кое не повредува некој, но кога не го правите тоа, не очекувајте дека ќе бидете и ептен милувани зошто сте спешл сноуфлејкс со вашата нормалност. И додека сум тука, @RainBow пред неколку часа пријавив мислење од темата Расизам. Има нешто во контекст „ментално заостанати“, па те молам да го средиш. Јас секако нема да ѝ реплицирам понатака на членката. Фала. Едит. Сега видов дека е избришано.
https://forum.femina.mk/threads/Мислења-кои-треба-да-останат-запаметени.3105/ Ваква има,ако ти одговара.
До кога ќе ми се бришат мислењата кога во нив нема ништо погрешно? Сакате да ви дадам 488585 теми кај што има реклама и да ја истераме лошо до крај или што?
Зошто не следат некои мерки (казни) за оние што не пишуваат кирилица? Општи правила за дискусија Користете кирилица. Придржувајте се кон правилата за пишување на мислење!