Најверојатно поради дискусијата со една членка што беше во некоја од темите за слабеење. Треба да не известуваат кој член и зошто е баниран, ако Реин не може да постигне нека стават друг модератор на кој ќе му биде тоа работа.
А вака да прашам, зошто некои други членови ги банирате перманентно а други вака привремено? После велите немало фаворизирање и пристрасност, а еве има.
Не алудирам на никој, листата на банирани членови е тука. Нов член ќе дојде и за него нема да се двоумите, ќе му стегнете бан. Конкретен пример ако треба, еве Vitaly го баниравте поради навреди и некаков став од кој некој тука се навредил. Многу навреди кон мене лично само биле избришани и никому ништо, ама тие членки прават промет на форумов и затоа се тука. Ај, демек не знаеме. Вајлд, Бубаче, Дангел, уште една што нема да ја спомнам, ги баниравте неколку пати привремено ама се активни и за многумина интересни членки и затоа нивни коментари само ќе бришите, за други сиротињи нема така. Сите што се банирани секако дека заслужиле, ама некои (дадов пример) ги поштедувате. Знаеме и зошто, и тоа пишав поназад. Од корист му се на форумов. Праведно или не, тоа е тоа.
Најпопуларните членови најмногу навредуваат ама нив никој не ги чепка. Или дводневен бан, колку да не е без ич.
Корист на форумов од навреди нема. Затоа и се бановите. За Витали да се спомне, искрено, нема поента, знаеме колку навреди имаше кон женскиот пол, кажани на женски форум, а исто пред да биде перманентно баниран беше неколку пати привремено.
Корист од навреди нема, ама од активни членови има, тоа пишав. Затоа за некого перманентен, за друг привремен бан. Во многу теми често по неколку страници оф топик се оди, не личи на ништо, следен пат кога ќе биде така ќе пишам или јавно или во лп да потсетам на овој муабет дека некој се толерира и му се дава 101 шанса. Оф топик, навреди, препукување, колку само причини има.
Дали тоа значи дека јас не сум популарна...или, ќе бидам најпопуларна ако почнам да навредувам И Валјд и Анѓа се првенствено квалитетни членови, и мислам доволно си плаќаат за испадите.
Отвори тема со анкета и гласајте: Дали заслужуваме перманентен бан, или не? Што да изгласате, @RainBow нека испочитува. Демократија. Немам ништо против, искрено.
Колку што знам, правило е да се пишува само на кирилица. Ме интересира дали има барем опомена за членовите кои пишуваат само на латиница. Прашувам бидејќи некои членови упорно и упорно пишуваат на латиница, а боде очи. @Bitter-Sweet се согласувам дека некои членови навредуваат, а сѐ уште се присутни на форумот. Во многу наврати споменав дека прашав една членка зошто плука по феминизмот, а притоа се жали како ја нарекуваат лесна девојка поради фотографија во костим за капење. Ми одговори дека не одговарала на прашања на ПРОСТАЦИ. Знам дека сум досадна со ова, ама ова ми е најтазе пример од таквите. Нормално, само мислењето ѝ беше избришано, а дали има добиено опомена, не знам. Истата навреди и други членки, а и употребува вулгарни зборови. За жал, не е единствена. За Вајлд, ДАнгел, Бубаче и уште не знам кои, не знам, не ги следев дискусиите за да кажам дали заслужуваат да бидат банирани. За Витали се согласувам дека не вреди да се спомене, во други теми дознав дека претходно бил баниран од други теми пред да добие траен бан, а се жалеше како не му се почитувале мислењата. Јас лично не можам да почитувам мизогинија, расизам, национализам, одобрување насилство, пропагирање морал и многу други работи. Има многу членови со чии мислења не се согласувам, ама истите се смирени и даваат конструктивни аргументи.
Мислам јас, ама аутокорект друго мисли @WildMk демократија, сериозно. Нејќам да бидам на форум кајшто Заев е премиер, овај феминка на годината Или богдачува Трамп. Сето производи на демократија Има и монархијата свој шарм
Точно, ама навреда е дискутабилно. Зошто на некои можеш и најфино да им објасниш зошто мислиш дека не се во право, па пак ука бука ќе е и навреди и пријави. Навреда мислам од авион се гледа кога е намерна, а многу често се случува и членовите да си измислат навреди Друго, јас еднаш за Анѓа прашав зошто е банирана зошто учествував во истата дискусија, и наеднаш ги снема сите мислења, а јас тргнав да ја тагнувам и не можев. Не видов никаква навреда таму и затоа не ми беше јасно или можно е да не сум видела за што било конкретно, затоа и прашав ама не добив одговор. И фино ќе е сите малце помалку сериозно да сфаќаат дискусии, не можам до ден денес да разберам како си дозволува човек сам да биде навреден од некој онлајн лик што реално може да е Петкана од Прибилци и да нема никаков допир со реалноста.