Да ова знам, само сметам дека треба да има пишано и од колку до колку поени каков член ќе си (нов, активен, истакнат итн.)
Ама не е исто, едниот е форумски, другиот фемина идол. Иц компликејтед. Ако е по Битолска линија, јас сум дискриминирана.
Ти си најдотераното чупе на форумов. Јас, на пример, ни оддалеку не мом да пирпарам во таа категорија. За мене, само 'Експерт по ломотење' можи да се истакне... на плак... одма до ташаците на Букефал
Може да ја прашам @RainBow зошто едно мислење сеуште стои во трета смена од господинот со воената артилерија. Што ми порача: Да ми влезел спајдерко по наше нож. Пиштоли,пушки. Но не ми пречеше да бидам дадилка,не ми пречат тие мислења,зошто ретко и кој ги разбра,што сакаше да каже одкако го предупредив да успори малку. Ми пречи ова во 21век на Фемина. На што личи ова... Ова е исто место каде синоќа беа протерани членови што се шалеа. Зошто не пријавив? Затоа што не сакав. Можеби и јас подржувам некои џганови тука. И едно прашање за мене лично. Дали фемина може да ми го избрише никот и секое мое мислење од 2016 па до денес? Мислам дека ми следува една желба Фемина да ми исполни.
Не се бришат мислења, ни ник. Јасни се правилата на форумот. Можеш само да одбереш да не се најавуваш повеќе.
Зошто ми е избришано мислењето во Разгалени деца? Немаше ништо навредливо за да биди избришано. Или дека на многу не му одговара темата можи. Браво, друг коментар немам.
И моето е, а се толерираат коментари во кои секој си зема за право да му вика на друг да не коментирал, сето тоа оти некои индивидуи не можат да се помират со фактот дека не можеме сите да имаме исто размислување.
ме изнасмеа @tinka-mace да да и коментари со недолични зборови исто така. Ама кога ќе пишиш и во граница на култура кога некој упорно тера тема во друг правец, тогаш можи. Никогаш не сум пишала за избришано мислење, ама ова е претерано. Не знам по кој основ се бришат некои мислења, а некои не, можи по личен.
Веројатно во склоп на тоа мислењето "не викам не смеете, туку да не коментирате" се избришани. И ок е, никаква логика немаше тоа мислење.