Ни двете не навредивме никого, освен што она напиша да точно така. Па ајде јас реков само да одговорам ништо повеке
Исто и моите. Ама затоа вакво мислење си стои: "Бидеќи маската нема плод, не можи да се множи, па затоа излегува од којн и магаре - најчист пример за мешањето."
“Mногу убо, поучно и прикладно мислење, браво.“ Или нека ги вратат избришаните постови, или нека избришат се од минатава вечер. Вака на ништо не личи. Одвоив време да реплицирам кога бев цитирана и никого не навредив, одговорот го нема, а глупостине нека го крунисаат крајот на таа тема, ако не.
@RainBow Ми се допаѓа момче/девојка со различна религија од мојата или избриши ја скорз, или избриши ги навредите и отклучи ја. Ако е 'стар' проблемот за која била отворена, сеуште е актуелен. Има навреди кои се сексистички и националистички. А наводно, против правилата на форумот е. И да е заклучена, пак се читаат. Не ги оставај така.
Не ни треба да има вакви теми.. Исто како онаа за црнецот што беше затворена додека јас бев мод.. Се сремиме кон цивилизација, феминизмот ни е на најјако, етикетите за хомофобите ги лепиме за добро утро ... Зошто жити се би биле потребни на форумов табу теми како - Дечко од друга религија, Имам дечко црнец - мајка ми не го сака.. Асексуалност, Врска со лице од ист пол и ред други ... па ние сме толку либерални што на вакви табу теми не треба ни да помислиме...
Не треба, ама има и такви луѓе... ко шо гледаме. А и да не ја отворат, барем нека ја потсредат. Се трупаат теми со навреди шо не се чепнати со години.
Дали треба или не да се отвори темата не знам, ама мислењата во неа не би требале да се бришат, различни ставови се во прашање и крајно не сите носиме розови очила
После објавата и тоа колку поддршка имаше, не мислам дека сме напредни до левел да не го сметаме ова зa табу. Ваквите теми одвреме навреме се добри за да не' потсетат каков е животот надвор од форумот. И кога побарав да се средат мислењата во Самоубиство, ми рекоја дека поинакви сме биле во 2010 не можело се' да се бриши.
Озбилно вака ти рекоа? Може 'поинакви' сме биле во 2010, ама сега во 2021, сеуште некој може да ги прочита. Па сакаме промени...
Мислење кое ја отсликува реалната ситуација не е говор на омраза колку и нас да не ни се допаѓа тоа, само џабе лепење етикети.
Ај сега да не претеруваме, говор на омраза било.На форум сме, не знам зошто да има толкав филтер.Нека се бришат мислења со директни навреди, океј, ама вака вака се може да биде говор на омраза ако лично не ни се свиѓа, што не значи дека стварно е. Конкретно вчера во темата таа членката пишуваше навреди за група на жени, точно, ама претерано е да се бришат цели теми само зошто може да поттикнат и такви мислења што некого ќе навредат. Не знам ни што точно се постигнува со бришење на се и сешто, освен што се губи дискусија.
Форум е Вајлд, не е напишано дело во новина или книга. Разбирам навреда, напад кон член, но став кога имаш за нешто, зошто да се брише. Демек ако се избрише не можам да објавам на друг форум, на социјална мрежа, сеедно. Всушност нештото ако биде избришано, дали воопшто би ми сменило сопствено мислење? Не.
Уште не разбрав како ви менува некоја тема дали постои или не. Што се замарате дали некој пишувал во рандом тема? Освен ако не повикува на насилство, или може некому да одмогне или наштети и слично, постоењето на некоја тема на форум, никако ништо не менува. Мислите дека ако не постојат на форумот мислењава, ќе ги нема надвор и дека освен форум фемина нема други платформи кај што ќе постојат? Што ве навредува во некое туѓо мислење толку?
Мене не ми менува ништо дали мислењата на кватро и мадона останале или биле избришани. Јас не сакам да се бришат моите мислења кои се во склад со правилата на форумот и во контекст на темата, таа или некоја друга. Кога е бришено селективно, нормално ќе ми пречи. Толку
Абе многу паметни вие? Против правилата на форумов е... или барем, газдите така имаат напишано, а @RainBow тоа го спроведува. Или треба да го спороведува. За навредите кон Миа и газдите лично, официјално и јавно се извинија, а @quattro што ги спореди сите мешани парови со коњи и магариња, а нивните деца со маски, е 'скроз ок'? Ја разбирате тежината на зборовите во реченицава, или не? Нека се договорат сами со себе прво, дали ќе санираат навреди на национална, расна, полова, религиозна итн основа. Ако одлучат дека се' ќе стои, се' нека стои, ако одлучат дека не смее да стои, нека бришат се'. А не да се 'расфрлаат' со тие 'правила' на форумот и да ги цитираат како оправдување секој пат кога ќе им притреба, а останатото време да ги игнорираат. Нели во државава ви пречи селективната правда... кој имал 'вујко владика' и тие работи? Епа исто е и ова. Моделот е тој, сите фино-лепо си сте навикнати така да функционирате, па ко ќе се најдите на страната од стапот кој ќе ве тресни по глава, немојте да викате:“О леле мамо! болии!“ - пошто сами го поддржувате/промовирате/толерирате тој начин на функционирање
^ Јас мислам дека секој што се има помирено со тоа кој е и што е во однос на љубов,живот и секс нема што да го болат одредени зборови. И правдина на форум ли ќе терате? Јас терав и што постигнав почесто да ме банираат само,ништо повеќе. Не сакаат правдина да се тера овде и сигурна сум дека и ова ќе ми го збришат како и секогаш. Од друга страна форумов има др теми каде може да потрошите време.