Ако не вредат пет пари. Мои се. не ги пишувам за профит... што значи, не може ни друг да ми ги узурпира и да прави профит на нив. не ми смета да се јавни, се додека јас имам контрола врз нив. ми смета моментот кога некој сака да ми ускрати пристап до нив, а воедно, не сака ни да ги тргне од очите на јавноста. На ФБ можам да ги бришам и едитирам кога сакам
Освен што и фб може да те банира и ич да не те праша дали може сакаш копија од мислењата, сликите, ватевр. Оно Твитер Трамп го банираше, мене и тебе ќе не' прашаат Фемина/фејс/твитер не бара од тебе да пишуваш. Ти доброволно им подаруваш постови, јебига
Поради честата злоупотреба и креирањето на двојни профили, бришењето на профилите на форумот е оневозможено. Ако не се согласуваш со овие услови, те молиме да не се регистрираш на форумот и да не ја користиш нашата услуга. Сто мислења се потребни за влегување во скриено катче.
Знам дека не можеш да ги избришиш никогаш. Се' што некогаш си кликнал останува заскогаш забележано. Ама намерно некој да ми забрани пристап до моја содржина и притоа да ја остави да биде јавна, не е пракса никаде.
Ама како докажуваш дека е "твоја"? Како јас да докажам дека е "моја"? Ако напишам графит на нечиј ѕид, мој ли е?
Има дигитална трага. Многу лесно можеш да откриеш од каде е нешто пишувано/кликнато. Сите имаме ИП адреси. И се знае во кој период, на која физичка адреса, која ИП адреса била користена. Провајдерите чуваат такви податоци, мислам до 6 месеци.
Користи VPN и средена работа. Стај се во Индија па нека те бараат таму. Што да ти кажам. На форумов секој сам си се логира и си одлучува што ќе пушува и колку ќе пишува. Е сега тоа што сме грст народ па може да те препознае некој.. Јеби га. Тоа е.
Муабетиве ме потсетија на една фрка од порано, кога rose60 бараше да се избришат сликите од ќерка и' што ги објавила. Не знам зошто, некој нешто ли и' се заканувал... Значи слики од деца се споделуваат без гајле, не па за коментари и ставови ќе се плашиме. Па што ако не можат да се избришат? Не е никој друг виновен за она што ние го споделуваме.
Не е за препознавањето. Не ми е тоа проблем. Пишав поназад кај го гледам проблемот. Не е ни тоа проблемот. Стојам зад тоа што сум пишувала. И кога сум била 'паметна' и кога сум се 'глупирала'. Проблемот го опишав поназад.
Вајлд тоа што ти го бараш е исто како, да правиме јас и ти муабет во реалност и да ми се заканиш со тужба ако пренесам на некого се што си ми кажала. Логика? Секоја твоја мисла освен, ако не е дел од твоја напишана книга е сопственост на оној, кон кој ја презентираш. Кажана од твои усни, интерпретирана и процесирана од туѓ мозок. И на фејсбук може да пишеш статус и јас скриншот да направам, да го пренесам каде и кога сакам, а ти не можеш ништо да превземеш во врска со тоа. Се што пишуваш, аплоадираш, споделуваш на интернет или кон друг човек, е во сопственост на платформата или човекот на кој истото го претставуваш. Ако сметаш дека тоа се коси со сопствената приватност и дека мислите се само и само твои, чувај си ги за себе. Од таму, никој не може да ти ги земе.
Извинете ако прашањето е веќе поставено, а и неможам да ги најдам правилата ( не ме карајте) . Како се отвара нова тема, на пример барав ама нема тема за филмови/серии за филмомани како мене. Нема тема за ресторани/фаст фуд за лапачки како мене. И така натаму... На кој начин се отвара нова тема?
[QUOTE="_Naumche_, post: 5621179, member: 145748" ] Види го прикачениот фајл 690005 [/QUOTE] Леле фала Јас ептен слепец сум била, а јас се на search барам и уствари ништо не наоѓам Се извинувам нова сум ептен, ќе се научам
Овде во овие категории имаш многу теми, разгледај убаво https://forum.femina.mk/forums/Филм-и-ТВ.39/ https://forum.femina.mk/forums/Филмови.52/ https://forum.femina.mk/forums/Серии-и-емисии.53/ За ресторани еве ти тема: https://forum.femina.mk/threads/Ресторани-кафани-кафе-барови.21795/page-28#post-5608010
Значи по оваа логика испаѓа дека јас пишам нешто што подлежи под кривична пријава поднесуваат од суд до фемина да се открие идентитетот и јас викам не бев јас, да ама господине вие сте се регистрирале па да ама ајпито не е мое се логирал некој што ми ја дознал шифрата од мое име од јавен вифи пред кладилница,камера не го снимила и сеа што праиме? Ете и ајпи адресата да е од дома ти викаш може била трпана? Како една дотична се заканувала со приватни тужби до членовите ако е недокажливо.