Не брее, не за тоа, некој ако те препознае по некои мислења или се препознае и ќе бара дополнотелно инфо да си потврди дали си ти, па ако може и да дознае за тебе нешто плусс. Па ако нема такви од кај тие следачии, пукна некој непознат да ми ги чита моите мислења.
Секој член на фемина сето ова може да го прави и без да те следи. Ќе го впише твојот ник во горе лупата и со пребарувачот ќе му излезат сите твои 1.217 пораки.
Имам такво искуство кај што една особа се регистрира за мене да ме следи. Ми го знаеше никот. Ми има лајкувано некои објави, еднаш или два пати и порака ми пиша кога видел по темите нешто совет ако барам. Еднаш тој совет бараше. После некое време ми кажа самиот кој е. Притоа, нема ни еден коментар пишано. Ене го, уште му стои акаунтот, само не се уклучува веќе, во 2019 пишува последна посета. Никаква штета немаше, само што ме изнервира. А секој може само со клик на бројот на мислењата да ги добие сите, прво последните. И во search на некоја тема или категорија. А можностиве од опцијава следење никогаш ги немам искористено, да видам некој што пишал и што лајкнал, иако следам мал број. Чисто онака. Значи, не се замарајте кој ве следи. Ништо не ви може.
Многу глупа опција. И јас имам еден таков профил, само што знам зошто ме заследи, од која причина. Ама добро е што бар последна посета се чита кога им била на демначиве. Се надевам не е мамено. Туку, ѝ предлагам на Фемина да ажурира некои работи. Нема поента да е вака. Фала.
Можеш да видиш само на тие членови на кои им е активиран статусот да ги покажува кога се уклучени или пред колку време биле. На тие што не им е активиран тогаш не може да се види.
Ми се случувало и мене, ме препознавале од мислењата. Јбг не знам да правам лице. И да, следат и читаат мислења. Нема простор за страв ако и тука и надвор сме истите. Барем тоа е моето искуство. Поголем срам би рекла дека е демнењето од страна на некоја х личност.
Види, и мене ми било страв. Не дека сум го надминала скроз стравот, иако сум била демната. Ама башка има и срам, во најмала мера што демначот може да го почувствува ако воопшто има ум. Многу нешта трпи земјава.
Комбинацијата email и password што ја користиш за форумот веројатно ја користиш и на други сајтови. Некој од тие сајтови е хакнат и протечени се листи со пасворди, затоа прелистувачот те предупредува дека ти е компромитиран. Смени пасворд сегде кај што го користиш тој и немаш гајле.
Е како не. Во друга тема прочитав друго. Нека ја преместат категоријата или мислењата во друга тема. Глупо е онака.