RainBow е за таа категорија. Навистина добро ке е да ја пуштат,бидејки некој можеби има информации кога ке почне,па и мн од нас ги имаат некои епизоди изгледано па сакаат да кажат и на другите...
За телетабисот бан инстантно, или ги утнува темите, или ги погодува со нивото на содржајност на мислењата. И отклучете ја Интернет тролови или направете нова тема, ем модераторите ќе намалат на дојдовни ЛП, ем сè си е на виделина.
Сакам да прашам, доколку сум поставила прашање во темата Општи прашања и после некое време гледам дека мислењето т.е. прашањето ми е избришано, претпоставувам тоа значи дека е префрлено во некоја посоодветна тема, така? И доколку е така, како да најдам во која тема ми е префлено мислењето? Фала девојки
Прашањата кои се поставени во темата Општи прашања, а за истите има тема, се бришат.Би било добро, воведот од истата тема да се прочита
Има некои теми што се дупли.Пр.има две теми за менструација и двете се активни.После, во другата наука има две теми за сонови.Тие не треба да се спојат? http://forum.femina.mk/zdravstveni-problemi/menstruacija-t582/ http://forum.femina.mk/prasaj-ginekolog-f68/menstrucija-t15161/10.html http://forum.femina.mk/drugata-nauka/sonovi-t83/ http://forum.femina.mk/drugata-nauka/sto-sonuvavte-posledno-t2614/
Ако има 2 теми дупли тие не се спојуваат туку едната оди во Канта тоа ти е најдоле ако ја гледаш Архива и канта. Мислам дека таа што е 2 таа што покасно е отвотена таа оди во канта или пак теми кои не потикнуваат разговор одат таму. Прво се заклучува па оди во канта( се преместува) а тоа го можат само администратори,модератори, глобални модератори.
Во темата „Сонови“, се толкуваат соновите. А во темата „Што сонувавте последно?“, форумџиките само кажуваат што последно сонувале, меѓутоа нивните сонови, не се толкуваат. А што се однесува до темите за „Менструација“... Едната од нив, е отворена во подтемата „Прашај гинеколог!“, бидејќи во април, имаше некои гинеколози, што даваа совети. А другата тема, е општо за Менструација.
Ај и јас да прашам за мојата "мака"... Пред некој ден добив приватна порака тука и откако пишав одговор, горе кај шо има иконка од плико пишува -1. Не е нула, демек немам ниш непрочитано, не е 1,2... -1 е. Некому должам пораче, ам? можеби е некој знак ова...
Тоа минусчето значи дека порака била избришана пред да ја прочиташ, некој се предомислил за пораката и одлучил да не ја прочиташ.
Баш сеа пребарував низ мислењава и наидов на ова. Немате дозвола да ја читате оваа категорија. Дали ова е нешто поврзано со темата (дека е избришана валда или? )
Ме интересира зашто некои пораки не ми ги `тарифира`? Мислењата се напишани на кирилица,уредни и сооодветни на темата.Пишувам,а таму кај бројот на мислења се си стои истата бројка.
^ Ако те сфатив добро, сакаш да кажеш, дека не ти ги бројат мислењата што ги пишуваш? Тоа е така, бидејќи мислењата кои ги пишуваме во „Кафе муабети“ и „Форумски игри“, не се бројат.