Знам де. Последни мислења се 10, во последниве 25 минути. Во последниве 25 минути, 2 мислења има во скриено. Пак не се 80 посто. Нивото на форумов е такво какво што е... ради состојбите во земјата и светот.
Ова е точно. Исто е и со СДК, во споредба со останатите (неактивни а битни) теми. Без навлагање за политиките на форумот, ова е исто и последица на забрзаното (читај тик-ток) темпо, каде се е на дофат 24/7 на секунда, и со тоа и зголемување на површноста на луѓето, за разлика од пред 10години.
Сакам да прашам дали има тема за рециклирање на овој форум... Тоес тип прашање дали селектирате пластични шишиња стакло батерии лименки електронски отпад?
До кога ќе се толерираат оние што само сакаат да набилдаат 100 мислења? Отвора човек форум, а го немало само еден ден да се логира и оп 144 известувања од кои 141 од една личност што пишала нови мислења во темите И тоа сите мислења се баш онакви какви што во правилникот стои дека не треба да се.. Тема Како да си најдам дечко? Одговор - е така ќе си најдеш.. Тема - честитање роденден на фејсбук.. Одговор - тоа е одлична идеја.. Ајде бе? Јака дискусија.. Спамерска
Модератор бев таму, затоа Уште ги следам сите теми кај што сум модерирала Од немање време да сменам нешто?
Истово сакав да го пишам, во повеќе теми напишани по неколку мислења едно по едно, по една реченица. Каде се модераторите?
Wow какво е чувството да имаш 144 нотификации? Првпат глеам на форумов некој да има волку, и од иста особа 141 ... Абе и ја можда спамам некад ама шо е ова втф? Ај, досадно и било па си се занимава ама бар да ги почитува правилата. Туку, ме занима зашо темите „Вашата шминка низ слики“ па и „Што последно си купивте“ не се у скриено катче?