Може. Идеш во срч горе, го пишуваш никот и ако го нема во Matched users, баниран е. Мислењата му ги дава но баниран е.
Сега забележав дека за мене сте дискутирале. Па ај да се произнесам и јас. Мене лично ми е гајле ако некои од моите ривали ми го спомнуваат името. Знам дека го спомнуваа злонамерно, демек еве ќе објавиме лични информации за тебе. Нејсе, пак ќе кажам, не ми пречи. Она што ми пречи е кога некој објавува лични работи за мене и на истите додава клевети (намерни лаги) или свои претпоставки (ненамерни лаги), па со тоа сака да ме оцрни. Еден така на Фејсбук претера, па откако му пратив тужба за клевета на домашна адреса, потоа јавно се извинуваше и ги повлекуваше клеветите Сепак сметам дека како генерално правило на форумов треба да биде почитување на приватноста. Дури и ако на некоја и се има испуштено личен податок, или локација кај живее, или не ја кропнала доволно сликата и наместо само косата и се гледа и лицето, тоа не ни дава за право да велиме дека готово тие податоци веќе се Public и смееме да ги реобјавуваме. Како веб девелопер, имам идено и на GDPR обуки (за Data Privacy) и самиот имам подготвувано политики за приватност на европски сајтови, верувајте казните во Европа се огромни за објавување лични податоци. Особено за правни лица, со што може да им наштетите на администрацијата на форумов, бидејќи според некои глупи европски закони од администрацијата на форумот се очекува да ги модерира коментарите и да ја превзема одговорноста за немодерирани коментари кои содржат говор на омраза, дискриминација, вознемирување, прекршување на политика за приватност и сл. А мислам и дека кога некој креира профил на форумов, дава согласност за почитување на правилата и политика за приватност, користење колачиња. Барем така е секаде, тука сум заборавил. Така што да бидеме внимателни и цивилизирани.
А, бе види. И да не ти смета, постапката не е во ред. Многумина од нас овде ти знаеме име и презиме, но не те нарекуваме по тие називи поради почит кон твојата приватност. Може не се согласуваме за многу нешта, но ти се обраќаме според никот бидејќи несогласувањата не ни даваат право пред сите да издрдориме кој си. Можеби и ти знаеш нечиј идентитет, но си ќутиш. Форумов е анонимен. Треба да се има почит кон приватноста, а и осет. Ако сега не санкционираат членови поради едно име, истите во иднина можат да се дрзнат да откријат многу повеќе за некого. Или други да си земат слобода да го направат тоа. Не смее да се дозволува лоши примери да поминат лесно.
Боже, ми се присра од муабетиве за името. Сте можеле да ме тагнете кога веќе сте тупеле со 10 мислења. Членот сам си има пишано име и презиме на теми на форумов пред многу години, и тоа не еднаш. Па и сме комуницирале, сигурно и он знае кој сум јас, иако не сум се пишал тука. Никогаш не сум употребил име претходно иако знам имиња, нормално зашто никој од нив не си го има пишано името јавно на форумов. Да знаев дека ќе биде толкав проблем што сум кажал кратенка од името за лик за кој мислев дека не се ни крие, (со оглед на тоа што цел онлајн презенс му е инфлуенсерски), немаше ни да го спомнам, да се избегне драматизирањево. Впрочем, едната членка која се пењави барајќи бан, требаше до сега 10 пати да биде банирана, знам за минимум 40 мислења нејзини кои беа избришани низ годиниве кога читам овде, а ниеднаш не доби бан, макар само на тема и покрај тоа што 50% од мислењата и се полни навреди, омраза, генерализирање и се' друго негативно што само онлајн каде нема правила за говор на омраза, ниту пак санкции, може да го напише. Што сакам да кажам - дека треба малку да се намали со лицемерието. За крај, џабе пробувате да го протнете како doxxing ова, научете што е нарушување на приватност и доксинг. Жити мене, не се занесувајте со институции спомнување, ќе ви се изнасмеат луѓето у фаца ако и' ја кажете глупоста шо ја зборите тука.
Тоа што ние живееме во банана држава, не ти дава тебе право да правиш што сакаш. Всушност, ти дава очигледно, кога администрацијата на форумов те поддржува. Најверојатно си поомилен член од другиов, затоа ВеЌ виЃено
На форумов имаме членки кои објавуваат свои блогови, јавни инстаграм профили и слично, а останатите кои ги следат и таму, често спомнуваат или прашуваат за некои настани што ги виделе на останатите социјални мрежи. Споменатиот член погоре си ја имаше промовирано својата книга на форумов и инстаграм профил на кој објавува(ше?) рилови. Знаејќи ги овие факти, уште мислите дека е некој прекршок што се спомнало неговото име? Како што често велите во оние теми, кој си го сервира животот, ќе биде зборуван. Посебно некој што си го користи форумов за себепромоција. А пример сега ние другите треба да се преправаме дека не го знаеме твоето име и да те викаме различно од твоето корисничко?
Да, членот сам еднаш кажал како се вика. Но ниту еднаш не дал дозвола други да му го кажат името. Да беше обратна ситуацијата (Евангелос да ги издадеше тие двајца што го издадоа), он ќе јадеше бан одма бидејќи одговорните по навика штитат погрешни личности. Не е иста тежината сам да се стави во ризик и друг да го стави во ризик откривајќи личен податок. Форумов не е со лични имиња, со никови е. Тоа мора да се почитува.
1. Да имав еден коментар пишано за тоа, на соодветна тема. Темата е насловена „Промоција на книга“. Сосема соодветно место каде треба да пишуваме за промоции за книги. Што има лошо во тоа? Прашањето е реторичко. Ако имаш нешто против тој пост, коментирај на таа тема или пријави го кај админите. 2. Не се замарајте со мене. Не го заслужувам вашето внимание. И ти и @staycalm и остала виножитна екипа. Не сум битен јас. Веќе пишав дека мене најмалку ми пречи да ме спомнувате по име. Поважно е генералното правило на форумов. Дали генерално е дозволено објавување лични податоци за членови на форумов? Дали е дозволено обраќање со нивните лични имиња, или со никовите што ги избрале тука? Тоа треба администраторите да се договорат и да го напишат јасно во правилата на форумот. Бар да си знаат членовите на што се, и да си одлучат дали овој форум им ја задоволува потребната приватност.
1. Во која сакаш држава живеј, прочитај си прво што е doxxing и во кој случај е нелегално. 2. Каков смешен аргумент, нема допирна точка со вистината. Со Реинбоу се имам карано у приватни пораки милијарда и еден пат досега, баш ради тоа што никогаш не банира и не брише членки и членови многу пати, јас па за нив мислев дека се омилени, кога ја да сум бил. Членот нема кажано САМО еднаш како се вика, нека престане да лаже и нека каже колку пати се има промовирано себеси на форумов. Самиот факт што мислењето во кое си има пишано ИМЕ И ПРЕЗИМЕ, стои се' уште после 5 години, покажува дека него не му е гајле за тоа, ама драмата му одговара, никогаш не уживал ваква поддршка како сега. Каков личен податок и загрозување безбедност е ако ти се обратам со Вале (карикирам), ко да постои една Вале(нтина) во цела држава?! Не дал дозвола да се користи податокот што сам јавно го објавил бе. Ќумрам. Реков погоре, да знаев дека ќе се издрами до толку, немаше да го спомнам, ама виновен да се осеќам сигурно нема.
Членката погоре очигледно си го има своето име како ник. Како и тебе и многу други, свесно одлучила да ја открие таа информација на еден или друг начин. Не може да е против правила да се обратиш со име кое е така јавно...
1. Провери си добро дали само еден коментар имаш и дали е само во темава. Ако имаш потешкотии, пиши ми ЛП ќе ти пратам. Впрочем во моментов ПАК сам се откриваш кој си и што си, ајде сега и за ова ќе ме обвинат изгледа. 2. Ние не се замараме со тебе човече, јавен форум е, кој кого сака ќе цитира. И ја сакам некои да не ме цитираат, но очигледно не може да и забранам, нели? Впрочем, обраќај ми се мене поединечно, на други членови поединечно, не ми кажувај за некакви виножитни екипа и остали секташки муабети од ваш калибар. 3. Генералното правило е дека тајни податоци за други членови не треба да се откриваат, податок кој ти си го оставил на форумот 5 пати досега НЕ Е повеќе таен податок. Кога ќе откријам име на член кој никогаш не се открил САМ СЕБЕ, слободно нека ме банираат, нема да се противам. Толку ли е тешко да се разбере? Ајт поздрав.
Ова најискрено прашувам… Каква е таа (дополнителна)дозвола за користење на името, доколку тој лично го споделил во Х тема, особено ако таа тема не е во категорија со ограничени мислења, па и таму..? Мое размислување е - доколку го споделиш името СВОЕ, на јавен анонимен форум, ти автоматски “даваш дозвола”, отвораш можност тоа во иднина да биде искористено. Сосема друга приказна е, доколку некој го сподели ТВОЕТО име, или др лични податоци кои дотогаш биле непознати, без твоја дозвола. Ова е мое мислење, можеби грешам, најдобро да се изјаснат надлежниве на форумот.
Се согласувам. @RainBow ако постои прекршување на правилата на форумот од моја страна, дај жити мене банирај ме, вакво просеравање и преувеличување јас досега на форумов не сум видел. Бедно и гнасно, но ваљда си ги знаат причините зошто реагираат „лутите“.