Мислам на тие околу 27 до 30 години и натаму Ретко кој на овие години веќе немал барем една врска. Повеќето машки/женски очекуваат дека на овие години веќе имаш изживеано некои работи. Баш пред малку прочитав на еден друг форум во една од секс темите една членка се чудеше зошто некоја од 29 сѐ уште немала дечко и е сѐ уште е невина? Мене ми беше глупо тоа потсмевање, сите имаме различни ставови, критериуми... Па може да поразговараме на темава А што мислат машките на оваа тема, бараат поискусни? Не мислам само на секс, туку општо за врските. П. С. Ако е дупла темава или глупа тогаш канта
Зошто на женски форум бараш мислење од мажи? Нема што да се мисли.. кој кога сака - тогаш. Не е нормално и не е ненормално. ОК е..
Мене првата озбилна врска ми беше на 19 години, што е предоцна во нечии очи, за мене беше право време. Јас не осудувам, имам другарки кои на дваесе и кусур години се немаат лапано од што се срамежливи и не ги осудувам ама во исто време сум као, треба малце да се работи на таа срамежливост, за нивно добро затоа што тука зборам за екстремна, есктремна срамежливост за различни ситуации во животот и не е во ред. Секогаш им зборам дека има машки на кои им е слатка срамежливоста, ама има степен кој едноставно не е функционален. Лично, јас сакам искуство, сакам на 30 години некој да го има искуството на поозбилна врска. Сега имам 20 и (кај врсници) не ми е толку битно, ама да бев созреана девојка на 25+ години, ќе го барав тоа.
Шом за 27-30 велиш дека се постари години ваљда имаш 16-17 . На секоја возраст секој посебно си има различни изживеани работи. Тоа зависи од околностите, желбите, интересите на секој индивидуално. Не дека имањето искуство во врска не вреди. Ама не ми било пресудно и пребитно. Џабе бил некој во врска ако се нема запознаено себе си прво. А преретко е некој да се осознае себе си и да се изгради како личност на 18-20-22-24 години (некои можеби порано, некои покасно - ептен е индивидуално. Некој и на 35 може да не е зрел, друг на 22 може да е). Со зрелоста си доаѓа и се друго. Ако е изградена и зрела личност, ќе знае да се снајде во врска без разлика дали има претходно искуство или не.
Врска не секогаш значи големо искуство, баш напротив. Имам примери околу мене, кои првата врска им се случила рандом без многу напор и сега кога не се во истата, дејтинг животот им е многу чуден и не можат да се прилагодат. Јас имам 22 и досега никогаш не сум бил во врска, меѓутоа имам еден куп искуства. Не велам дека имам совршен дејтинг живот, меѓутоа никогаш не сум изненаден од тоа каде сѐ може да заврши некоја ситуација. И да, ако не си во врска, не значи дека немаш никаков однос со некој. Па жалење, ова она.
Сите мои дргугарки се веќе омажени.Имам 23години и не сум во врска.Индирекно добивам доста коментари од нив но и од мајка ми. Се има свое време.За некого е рано на 20,за некого касно.За некого е чудно за некого нормално.Но за личноста не е ни рано ни касно туку таман.Без разлика дали станува збор за врска,брак,деца,работа...
Ај некако ке поминам преку коментарите на другарките за "ајде кога ке те мажиме" ама од мајка ти ? Мислам АЛО, не сме 87-ма па да се мажиме/жениме на 20+ години. Променети се времињата, врските не се тоа што биле некогаш, ништо не е како тогаш едноставно кажано, така да радо би чекал некое време, отколку да се заглавам на 20+ години со некоја ради реда. Лично иако сум 30+ години, не би се брзал, и не би влегувал во брак со некоја, само поради тоа што опшеството мисли дека сум веќе стар. Се во свое време.
Да се омажам на 20 и кусур години само заради тоа што општеството така сака па и мајка ми? Ма немој. Не живееме во време од пред 40 години кога родителите ги мажеле децата уште на 18 години. За некого и е нормално тоа да, ама за мене не. Тие години би избрала да си ги посветам сама на себе, отколку да ги живеам со маж. А и се знае какви се овие бракови на 20 години – ради реда.
Што има врска? Во животот нема правило дека нешто мора до некоја возраст да се има случено и сите да живееме исто како по книга. Не би ми сметало за партнер искрено мене. Секој со своите избори.
Така е и јас го имам истото мислење.Не влегувам во врска само да сум во врска,не па ли во брак. Ако мене ми е вака добро и сум среќна не се замарам кој што вели.
Ај бракови не, ама шо фали на сериозна врска? Замисли, се погодуваш со некого од прва. И шо треба, да раскинеш јер ,,рано ми е да се врзам,,? Не дека го немам направено , да бидеме искрени , ама и други фактори имаше, не само раноста.
Ако кликнат да, зошто да не се мисли на сериозна врска, ама тоа да не биде во врска сум и мора по дифолт да сум во сериозна врска само затоа што сум 20+ .
Ах, така. Јас па незнам како можеш да уозбилиш врска која нема материјал за врска, али ете, човек учи додека е жив. Исто мислев за врска се потребни двајца, ама изгледа ни тоа веќе не важи. Ружо, од утре ја и ти во озбилна врска сме, нема шо да се проузнесуваш, решено е више
А што значи уствари сериозна врска? Еве што подразбирате под сериозна врска? Демек тоа е тоа со 100% сигурност за брак?