Зборам за тие што викаат жена без 2 кура не умирала и не требало првиот да го земеме туку да менуваме дечковци, па потсмев зошто од млади сериозна врска има некој. Не дека мене ми е гајле во спалната соба која со колку легнала или кој со колку бил. Само малку осет за глупостите што ги пишувате.
Тогаш сте оговарачки кои на кафе седите и зборите како некоја млада се омажила, како некоја била со 20, како некоја не била со ниеден до 30 години и берете туѓо гајле. Многу се замарате за туѓи животи. Па чудење како на 20 години бракови wtf.
(Сега читам мислења што се нови.) За мене сериозна врска е просто кога не е кежуал, кога постепено почнувате да идете нагоре по скалилата на една врска - не зборам нужно за долги врски, дека мора некој пред брак да бил за да се рачуна како сериозна врска. Едноставно, кога ќе кажам дека на 30 години би сакала мојот потенцијален партнер да има врска зад себе, тоа значи да имал формирано некаква значајна романтична врска во која постоела љубов и заедништво. Тоа не гарантира дека е зрел или добар партнер, постепено се дознава тоа со запознавање ама сепак е (hopefully) некакво искуство со труд во врска, заедничко решавање на проблеми итн. Мене романтичните искуства ми се поттик да раснам како особа и тоа многу ми значи. Ама на крајот на денот ова е пред се, преференца и не е некакво правило.
Мене се ми е одлично, вас изгледа ви фали во животот љубов што толку омраза имате по темиве и омаловажувате.
Никој, апсолутно никој не шири омраза. Науката на психологија вика дека ако вака реагираш непровоцирана тогаш ти си несигурна во она што го мислиш. Така да не знам, кои се тие жени што викаат жена без 2 кура не умира, освен ти што го кажа тоа?
Убаво ти одговорив, така се потценуваат луѓе што со прв партнер се земале, не дека јас тоа сум го рекла. Ако не сфати прочитај си пак, не пишувај глупости и да ми извртуваш зборови што јас не сум ги кажала. Неколку членки наназад исто изреагираа, не сум само јас. Значи мислењето е грозно и потценувачки. Полесно е да пишете дека сите сме со психички проблеми и сме несигурни во себе, а не да се признае дека мислењето беше невкусно од членката. Ме чека бебе дома и немам време да се расправам со некој што нема работа и блуе по луѓе што млади си создале дом, фамилија и што имале среќа рано да си најдат вистинска љубов. Продолжете со омраза, смеење и оговарање за други ако тоа ве прави среќни, што да кажам. Мизерен македонски менталитет.
Да бе, многу ни е криво на нас шо си ги наоѓате сродните души на ептен млади години. Во твојот случај на 15. Ама за жал не се сите случаеви како твојот така да олабави малку.