Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прва љубов...

Дискусија во 'Врски' започната од Winter.Girl, 27 март 2010.

  1. martincencee

    martincencee Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2010
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    75
    Ахх колку ми е убаво кога ќе си се присетам на првата љубов...толку беше мила,чиста и искрена.
     
  2. CrazyInLove

    CrazyInLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    0
    Моја прва љубов ми е мојот дечко, се запознавме пред три ипол години. За прв пат се заљубив, со него го доживеав првиот бакнеж :) И уште сум со него, ГО САКАМ
     
  3. Belen

    Belen Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    65
    Секоја љубов е прва, единствена. Кога си заљубен, дури и првото заљубување ти се чини незначајно, како да не било љубов, како тоа што го чувствуваш сега... Не знам дали постои нешто што се вика прва љубов.
     
  4. DrBabl

    DrBabl Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2010
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    11
    Ех само коку добро ми дојде темава.. :D да се сетам на едно време .. најубавото во мојот живот.. Беше прва љубов и прв бакнеж... Бевме многу мали, неговата куќа беше наспроти мојата, тој беше една година поголем од мене, а брат му колку мене... хаха ех од кога паметам за себе си го паметам и него.. бевме неразделни.. најдобри другари, јас, тој и брат му. никој друг не примавме во друштво. наутро станувавме и се будевме еден на друг, секој ден или јас бев кај него дома или тој кај мене дома... паметам еден ден бевме дома кај мене и на видео го гледавме ЧАКИ филмот, а мене ми беше страв од чаки а овој као херој застанат до мене беше и ми ги држеше очиве затворени и ме гушкаше, ми велеше чекај ке помине..!! и ме бакнуваше во образ. Секој ден ми купуваше кремблок ;) Ме научи да возам точак, и еден ден се скривме во подрум кај комшијата јас тој и брат му и онака седиме и тој го избрка на брат му му рече оди таму као демек мама те бара нешто во таа смисла беше и овој глупав замина и јас и тој останавме сами и ми вика тој мене: ... ама јас те сакам многу!! ( ее колку го обожавав ) и јас му кажав и јасте сакам тебе!! :inlove: и тогаш ме бакна онака слатко на уста и од тогаш ми беше дечко!! 8) никаде не одеше без мене, а кога ке одевме заедно низ уличка стално ме гушкаше со раката преку рамо кај мене и насмеан беше... одевме различни смени во школо, и поретко се гледавме , кога беше тој наутро кога ке дојдеше ме чекаше пред врата дома да ме видел .. хахаха ...а најтрагишно беше што и брат му ме сакаше ... цццц
    По 2 години од тогаш, добија на лото за да се преселат во Америка и заминааа.... вечерта си одеа во 3 после полноќ и бевме од дома сите таму да ги испратиме и тој ме фаати за рака и се качивме на др спрат таму уште не беше направено, седнавме на под и ми збореше како никогаш нема да ме заборави, секогаш ке ме сака...
    И ете што е права лјубов, поминаа 10 години и тој е сеуште америка , а јас уште се чуствувам исто како и тие денови кога бевме заедно.. од нашата љубов остана смао мојата платонска ... а тој.. пробав да му пишам, ама не ме препозна.. ;( а брат му сеуште ме сака и се сеќава на мене и често си пишуваме!!! :)
     
    На Sar4etooBe му/ѝ се допаѓа ова.
  5. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.826
    Допаѓања:
    23.628
    Пол:
    Женски
    Мене првата љубов (и уште ми е) ми беше пред 8 години од седмо одд и цело време сме заедно со мали прекини од 1 месец и јас него му бев прва :$ и така :inlove:
     
  6. zenska

    zenska Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    339
    е мене првиот дечко не ми беше прва љубов :) Првиот бакнеж памтам дека ми се деси во 6-то одд. во WC hahahahahahahhahahaha, ништо посебно, ебате врската 3 недели само, што е тоа???? :D :D
    а првата љубов уште си ја сакам иако не сме имале ништо заедно, ни бакнеж а камоли па врска
    и мислам дека никогаш нема да го заборавам пошто сме многу добри другари башка он си има женска, јас си имам дечко...
    И ако некогаш ми се покаже шанса и можност тој би бил единствениот со кој би го изварала дечко ми (не дека сакам да не ме сфатите погрешно, ама тоа ми е животна желба) хахахах
    *позз**
     
  7. Marence.D

    Marence.D Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2010
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    16
    Првата љубов ми беше во 7мо одделение.. Само тој ми беше во мислите... :angel: беше поголем од мене една година, бевме иста смена на училиште, заедно одевме на училиште, скоро секоја вечер бевме излезени тој со другарите а јас со другарките :D Многу се дружевме, но не се случи ништо, "мали бевме" хехех :)
    Секогаш кога ке се сетам на него и на тие времиња, ми измамуваат насмевка на лицето... :$

    А кога станува збор за првиот бакнеж, тоа беше некаде на почетокот од прва година :) И на него кога се сеќавам ми е онака...убаво :D Тоа беше само еден обичен бакнеж во сабота на вечер, некаде после 1 :lol: Но со него не се случи ништо друго, вечерта се договоривме да останеме само другари... останавме во контакт, секогаш ми кажуваше убави работи... Но јас не сакав ништо повеќе :)


    Сепак, како и да било...првата љубов и првиот бакнеж никогаш не се забораваат :$
     
  8. kojasumtaasum

    kojasumtaasum Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Ах првата љубов..незаборавна,единствена само моја....засекогаш запаметена,многу невина,страшна, возбудувачка,интензивна,скриена...ех тие денови...
     
  9. violinistka

    violinistka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2010
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    152
    Нешто што не се заборава!Првата љубов-нешто искрено,невино,вистинско...
     
  10. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Правата љубов секогаш се памти- кажа еднаш мојата драга учителка од основно.
    И да, во право беше.
    Без разлика колку време да помине, секогаш ќе се сеќавам на мојата прва љубов. По малку смешна и наивна, а сепак толку искрена. Држење за рака, срамежливи бакнежи и скришни прегратки...
    Убави спомени.
    :wasntme:
     
  11. Lola5

    Lola5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2010
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    7
    Првиот дечко никогаш нема да го заборавам па макар и што не комуницираме повеќе . Се случи во прва година средно и идевме 5 месеци . Цел свет само околу него ми се вртеше и само на него мислев хаха интересни времиња беа тоа :rofl:
     
  12. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Прва една и единствена тој и само тој ццц .. младоста ја загубив со него ... :fubar:
     
  13. mar17

    mar17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    108
    еех,прва но не и последна љубов ,како да ја кажам детска љубов,прв бакнеж,крила до небото,фантазии,ее никогаш не се заборава :lol:
    Учевме во различен клас,седмо одделение.Бевме најдобри другари,родителите ни се најдобри и секогаш по гости ваму таму ,и на екскурзија ми кажа дека чувствува повеќе за мене а јас смотка,мала и јас за тебе му реков и ме баци :lol: :lol: и јас возбудена така цела кога дојдов дома на мајка ми се и раскажав,падна у кома жената прво се разлути демек мала си ,па и со него,ама ништо сериозно ...наредниот ден јас бев :inlove: а тој ми вика : мама не ми дава да ти бидам дечко-мал сум а уствари уплашен бил типот и така си останавме другари до денеска сме како брат и сестра и кога ќе се сетиме на ова се смееме со часови :rofl: :rofl: :rofl:
     
  14. bona

    bona Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    276
    како што рече мар17, прва но не и последна, беше на 7 одд и не беше ништо посебно, 1 год комунициравме, излеговме 3-4 пати, 2-3 бакнежи и тоолку. јас си викам “детска радост“, за љубов не сум сигурна дека имаше :$ :tmi:
     
  15. sugar.nn

    sugar.nn Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    15
    Прва љубов :) ееее мојов од странство беше пред неколку години тие 2 недели по цели денови заедно бевме, ама цело време... и премногу се заљубив во него.. и до сега поубав човек немам видено и сега кога го гледам еднаш годишно срцево како лудо ми чука :$ а најмило ми е што уште си праиме муабет скоро секој ден на мсн :)
    Аххх незаменлив ;)
     
  16. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Од претходниот пост...
    Тоа НАСКОРО помина... и се случи :) :)
     
  17. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.226
    Пол:
    Женски
    Сите овие години не го заборавив, мојата прва љубов.
    Се случи еден есенски ден 12.11.1993год. во најрокерскиот кафиќ во тоа време во Скопје. Кога влезе случајно мојот поглед се упати кон вратата и застана. Неможев воздух да земам, а тоа чувство и сега го имам. Тоа беше најубавото дете што сум го видела до тогаш. Седна на шанк, а јас застанав позади него да барам пијачка. Му се насмеав, ми врати. Почнавме разговор. Тоа беше љубов на прв поглед. Заедно бевме девет прекрасни месеци. Се разделивме за глупост, како и скоро сите во тие луди години. И после се што поминав во животот, го најдов. Го најдов после скоро 17 години. Тоа е мојот најмил. Оној со кого во моментов ја делам постелата. Знам дека ќе остане последен. :*
     
    На sweetyears, sadangel, Trendafilka и 9 други им се допаѓа ова.
  18. EffyPink

    EffyPink Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    12
    Љубовта прв пат ја почуствував распустот 7 за 8одд... Во тоа време цел мој свет се вртеше околу него и за мене немаше подобар и поубав. Имавме кратка врска но за жал тој ме гледаше како една многу добра другарка.. Сеуште барам сличности со него во сите други машки. :)
     
  19. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Прв бакнеж, прва љубов, прва љубомора, први кавги, први солзи, први и единствени серенади под прозор најгласни на свет за да слушнам до 9ти спрат, први кавги дома за дечко, први допири, први пеперутки, први непреспани ноќи со насмевка на лицето, прво те сакам, прво те мразам, прва болка, прва среќа, прва најголема најискрена насмевка на моето лице, ПРВ во СЕ. Прва година, втора година.....седма година. Прва машка солза што сум ја видела, најискрена, најдлабока, најболна. Прво "се мразам". Прв што го повредив. Прв што ме повреди. Не изневерив, не ме изневери никогаш немало други. Прво " биди среќна, сакам само да си среќна ;( " Прв што го изгубив.
    Нема насмевка како неговата, нема око со таков ист сјај, нема раце што знаат да ме гушнат така да се осетам толку сигурно и безгрижно како мало дете, нема ни таква болка како таа предизвикана од него...
    Помина време имам друг, има друга. Не сум љубоморна. Имам само некои измешани чувства што не знам да ги спојам во едно мислење..... Среќа дека е добар, дека успеал некако да продолжи, вина за лузните кои зиркаат низ неговите очи, желба да го видам да го гушнам најсилно на свет, а во исто време страв дека пак ќе пореметам се со тоа, ќе го нарушам привидниот мир кој наводно го имаме. И љубов.....љубов во својот најчист облик.
     
    На sweetyears, macysh, Sar4etooBe и 3 други им се допаѓа ова.
  20. TheOne

    TheOne Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    5
    ах.. јас седмо, тој осмо.. татко ми и татко му несакаат да се видат..
    као некоја пародија на Ромео и Јулија бевме.. пародија шо траеше 3 и пол години скоро..
    сеа е минато.. несакам да зборувам лошо за него, пошо тој период со него бев среќна..
    али сеа сум најсреќна, така да тој ќе остане само убав спомен