1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прва љубов...

Дискусија во 'Врски' започната од Winter.Girl, 27 март 2010.

  1. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Не беше најинтензивната и најдолга љубов, но сепак беше прва љубов! Имав 13/14 години, сеуште дете,ама мечтаев за љубов! Ме сакаше најпрвин тој, а за кратко време и јас зацепав по него! Не си ги признавав чувствата, бев тврда како орев пред него, а всушност секое мое излегување од дома го барав со очи за да го видам и да одзбориме некој збор! На тоа и остана таа љубов, само зборови и ништо повеќе! не се случи ништо помеѓу нас, но знаев дека му останав во секавање како девојка која сакал многу да ја има! И си ја проба шансата после неколку години, кога прекинав со бившиот а тој се појави со планови да го оствариме тоа што како деца го не можевме! Одбивав, се разбира, немаше флуид меѓу нас,или можеби немаше само од моја страна,за неговите чувства не знам! Играше влакано :^) , на подмолен начин проба да го спречи стратот на мојата сегашна врска! Среќна сум што дечко ми не паднал на неговите муабети...хмм, мојата прва љубов беше тотален губитник...ги испушти сите шнаси кај мене,а реално мислам во тоа време можеше да ме има! Сега веќе не!
     
  2. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Првата љубов најдолго се памти! И најслатка е :)
    Мојата се случи во далечни времиња кога беа популарни фразите како „Ќе се фатиш со мене?“, „Сакаш да идеме?“, „Се лапавте?“ (во женско друштво), „Ја залапа брат?“ (еквивалент на претходното прашање, во машко друштво)...итн.

    Тој ме покани на сладолед, на плажа, после долго време на силни, взаемни симпатии. Ми го нарача мојот омилен сладолед од ф’стаци и јагоди. Ме праша, веќе знаете што (види фразиве горе), јас срамежливо со погледот вперен во каменчињата му кимнав со главата и тој ме бакна. Слатко, срамежливо, со вкус на јагоди и ф’стаци. И после молчешкум го дојадувавме сладоледот. Се плашевме да се погледнеме во очи. Јас се топев и се препотував прашувајќи се кога ќе ме бакне повторно...

    Две недели подоцна раскинавме. Не ми се допаѓаше како беше облечен. И го откачив. Шмизла бе, шмизла! :tmi: Да можам на моето детско јас би му мавнала шамар за овакво однесување.

    Како и да е, тој ми беше мојата прва и најголема детска љубов, и мислам дека и ден денес ми трепери срцето кога ќе се спомне неговото име :$
     
  3. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    Се сеќавам на мојата прва љубов... Дечкото беше моја генерација т.е заедно учевме. Тој ме сакаше толку многу, а јас се правев важна не бе не сакам, ау со онај.
    Ама дојде неговоте време, му паднав в тавче. Преку една другарка се договоривме да се чекаме во едно паркче близу каде што живеам јас. И појдов јас прва и го чекам. Стоев така едно 10 минути и го гледам иди. Ми вели абе се си мислев дека се зафркаваш со мене и се думав дали да дојдам ( абе душе... :D ).
    А се познававме од мали и за прв пат во животот немавме што да разговараме. И си молчиме така ... му текна се приближи и ме бакна.
    После тоа во облаци бев цела, не знаев што ми се случува... :inlove:
    Деца море тоа е..... :D

    После него се само кретени се нижеа и си викам како не си останав со мојата прва љубов. :)
     
  4. milagirl

    milagirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2010
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    2
    аххххххх и сеуште го сакам :) :) :lol:
     
  5. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Јас мојата прва љубов ја имав во 5 одд. Го симпатизирав до прва година средно, а тој не дозна ( бар ја така мислам).Кога ќе ми текне дека на училиште идев само да го видам и ако не беше присутен, многу се нервирав. Заобиколував по половина час од кај негово маало, само да видам дали ќе излезе :lol: Престанав да го сакам кога си фатив дечко првпат :)
    Прва љубов како сенка, тивко тивко доаѓа
    и на прсти како крадец, под мој пенџер проаѓа.
    Сите тајни што ги носам, споменар ги сокрива,
    а со гума не се брише, срцето што пишува!!!
    Ех.... детство! :inlove:
     
    На SV1911, sweetyears и Hipica им се допаѓа ова.
  6. purple.m

    purple.m Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Секогаш кога ќе се сетам предизвикува насмевка на моето лице :rofl: .. нешто наивно, слатко. Секавањата од првата љубов секогаш можат да ми го разведрат лошиот ден :D Првиот бакнеж и првата љубов ги доживеав со една личност, која сметам дека претставува принцот од сказните за кој сме сонувале како мали :D Се почна кога јас бев 15, а тој 16 години. Бевме мали, вљубени.. Но бидејки ништо не е совршено, а нашата љубов овде не претставува исклучок се разделивме по 2 години врска. Заедно растевме и пораснавме во прилично зрели личности кои донесоа една незрела одлука. Главниот виновник за тоа што не сме заедно е далечината, тој живее надвор од Македонија. Но како и да е, јас се уште контактирам со него и неговото семејство. Било што било, продолживме со нашите животи, и сега таа љубов за нас претставува едно прекрасно секавање :)
     
  7. LaRissA

    LaRissA Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    1
    Па вака...од една страна ми е мило шо веке неам нишо со него пошо испадна онака идиот :D ,Го сакав од забавиште до четврто..али последните години криев :$ ,после почнавме "BEST FRIENDS"...и се така до осмо..у седно он си фати женска но бевме у постојан контакт,одевме на школо-на одмор до дома,од школо,на турнеи одевме и се онака ми се вракаа чуствата и си уживав на моменти..дететто женската ја изневеруваше секој вечер летото..и испадна со една поголема од него.Помина тоа раскинаа и се така..ја ХЕПИИИ :D ,фураше синг ја бек ин лав ама криев.Се ставивме на ФБ у врска така на шала бла бла ..типот ми пишии ај да се стајме синг може ќе биде нешто со ЕДНА(девојчетоо со кој се немаше мувано),и ја ми се завртии :worried: ,ај пројде свати каква е...наводно он се заљубил у мојата БФФ(ги иам повеќе) ја се |( ми се стемни...и он да бил кај еден другар а и ја се имав со него и му кажуем другар ти фатил женска(а на него таа му беше бифша)и се смеел.Му пишав после и се отепавме у ПМ..после и со другарката се скаарафме па смир смир со неа..ЈА СИ ПЛАКАВ со деновии и блабла ми се смачи за идиот...па и на крај овој и кажал на една и реков не и требат такви како неа божееее.... :D НЕ МИ Е НИ МАЛКУ ГАЈЛЕ,МИ БЕШЕ ЕДНОСТАВНО КАО..ПРЕДТИНЕЈЏЕРСКА АВАНТУРА! :D (НЕ МИ БЕШЕ НИ ДЕЧКО НИ НИШТО!)
     
  8. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Прва љубов kako сенка тивко тивко доаѓа и на прсти како крадец под мој прозор проаѓа.. :D

    Прва, детска, невина, чиста, слатка, најубава !!
    Имав 13 и многу се сакавме :D Тој за мене му кажуваше на мајка му, на сестра му, на наставничката :lol: дека мн ме сакал :$ :$ и јас го сакав само јас на никој не кажував :x :lol: и да не заборавам да ви кажам дека ми ја пееше „ I will always love you“ :$ :angel: :lol:
     
  9. Astrid

    Astrid Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    23
    Ах, што ме потсетивте....
    Бев седмо и тој колку мене, но во различни смени во школо. Јас еден ден случајно го видов и го „засакав“ :inlove: Јас не ни замислував дека знае дека постојам.. кога еден ден еден другар ми донесе писменце од него во кое ми кажуваше колку многу ме сака. Не можев да поверувам, јас срамежлива на НИКОЈ не бев рекла дека го сакам, не знаев ни како се вика, кога ми го донесоа писменцето и ми кажаа од кој е...... :$ :$ И од тогаш си пишувавме писма, кои се уште ги чувам, се до крајот на осмо. Тогаш некаде при крајот се случи и првиот бакнеж. Всушност, тоа беше на нашата прва средба. Ах кога ќе ми текне какви глупости зборувавме...ми кажа дека ме сака исто толку колку што има ѕвезди на небото ( се разбира поучен од неговиот постар брат). И така стигнавме до средно, тој сакаше да се „фатиме“ јас велев не, мала сум, на крај се фативме конечно на крајот на прва година, но се уште беше онаа детската, одиме, не одиме, секој ден различно, тој сакаше нешто посериозно, нешто повеќе, јас клинка недозреана, и се оддалечивме, тој си фати женска, јас тргнав по друг пат. Сега на наврати знаеме да зборуваме за старите времиња, и да се зафркаваме за ѕвездите, некогаш спомнува дека никоја нема да сака како што ме сакал мене, а сите што не познаваат и мене и него, велат кога, тогаш вие пак ќе бидете заедно.
    Никогаш нема да го заборавам чувството кога ми кажа дека ме сака: пеперутки во стомакот, не можев да дишам, да спијам, да јадам... Тоа друг пат не сум го почуствувала. Ах таа прва љубов.
     
  10. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.635
    Допаѓања:
    4.456
    Пол:
    Женски
    Ахххх...... :inlove: ме потсетивте на мојата прва љубов...го запознав на играорна и ми беше многу убав и си го засакав за него пишував во споменарот ...стално му се смешкав кога ке го видов и тој понекогаш ми возрвраќаше насмевки,ама јас бев мала 3-4 то одделение он беше некои 3-4 години постар од мене ....одеше две години на играорна и тогаш многу го сакав ама третата година не дојде....веќе не го видов...остана само споменот од тоа момче Мето :inlove: сега да го видам и нема да го познаам сигурно.....со време го заборавив ама ете си се присеќам на него.... :rofl:
     
  11. a29

    a29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    3
    Неможам да кажам дека беше преубаво чувство,бидејки ми донесе многу болка. Но сега сум презадоволна што се случило. Од таа љубов научив многу! Доволно за да ја памтам целиот живот,не само љубовта,туку и поуките. :)
     
  12. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Ако мислите на првиот бакнеж...Уфф поубаво чувство нема :D Мил ми е уште кога ќе го видам,ама сега не би била со него.А што се однесува до онаа прва голема платонска љубов...Во мојов случај,прва и последна,сега за сега..Не се заборавало така лесно :)
     
  13. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Првата симпатија ми беше еден момак од маало.Го меркав од трето одделение , ама тој главен фраер беше.
    Убаво момче , со плава бушава коса. Абе , го обожавав. И така , во седмо одделение следеше и првиот бакнеж со него , па се повтори неколку пати :)
    Но,одамна не ми буди тоа некакви спомени.
    Момакот ми е другар , комшија..и така и остана , ко ништо да не било.

    А прва љубов , во мај се навршуваат две години од запознавањето на мојата прва и вистинска љубов.
    А ко шо е тргнато , последна ќе е :)
    Не сакам да е прва и последна , но ако е така пишано..тоа е тоа :)
    И покрај тоа што ради него неможам да продолжам напред слободна , тој е совршен.
    Поради него денес сум самоуверена,храбра,цврста,искрена личност.
    Со него научив да љубам и дека можам со љубов да постигнам се.
    Му благодарам за се што ме научи..посебен е :)
    Но, поради него се осеќам со врзани раце иако не сме заедно. Не се лутам , бидејќи заедно функционираме беспрекорно :) па , ако е пишано..
     
  14. Lucky88

    Lucky88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    14
    Првиот бакнеж ми беше со тој што уствари и го сакав...прва љубов на тинејџерски години. Кога ќе ми текне се смеам, убаво чуство. Цели 5 години јас потајно го сакав него. Се почна на шала, на шала ме бакна, онака невино, јас седмо он прва средно. Значи ни не ми беше дечко, се што не поврзуваше беше еден бакнеж, и продолжи со пријателство до ден денес. Јас бев потајно заљубена во него, додека он ми кажуваше за неговите врски, девојки што му се бендисуваат, и плус му давав совети што како, пуста јас :) . Созреав и како личност со таа моја прва љубов, толку болеше а толку слатка, чиста, невина...
    Си го сакав се до еден ден кога разбрав дека веќе го гледам само како другар...немаше болка што тој беше со друга, немаше љубомора, башка и му честитав за новата врска. Немаше посебно чуство што потајно ме врзуваше за него, ги немаше тие ѕвезди во моите очи кога се зборуваше за него или кога ќе го видев. Пораснав :) ...Мило ми е што баш тој ми беше прва љубов, многу добар човек, и повеќе ми е мило што не ни знаеше дека го сакам, затоа што сигурно ќе прераснеше во врска, и двајцата уште деца, на крај секој по својот пат, ќе се уништеа овие предобри спомени што ги имам од тоа време и од него. Кај и да е сега, му посакувам се нај нај најубаво, он го заслужува тоа :)
     
    На snegulka21 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. snegulka21

    snegulka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    92
    Првата љубов, првиот дечко ми се случи на неполни 16 години, сеуште сме заедно.
     
  16. sweetheart10

    sweetheart10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    159
    Прва љубов..Нешто низ кое моментално поминувам..
    Беше 25 Септември 2004 година.На роденден на моја другарка.Седеше спроти мене.Во моментот кога го видов почувтствуав некоја топлина во мене,се засрамив.Тоа беа најубавите очи кои некогаш ги бев видела.Преубави црни очички.Мислам дека во тој момент едноставно се заљубив во него.Следните неколку години ми беше симпатија :$ .Поцрвенував кога ќе го видев, бев засрамена.Се до минатата година.Почна да доаѓа со мене на курс по Англиски.Станавме добри другари.Секој ден го гледав, чувствував кога е тажен, кога е среќен.Беше како дел од мене...19 Мај 2010..Ми пиша на Фејсбук..Почнавме некој бош разговор.Ми кажа дека мојата другарка му рекла дека јас го сакам..Најпрво го негирав тоа, но потоа признав.Тогаш и тој ми призна дека ме сака.Почнав да плачам..Тоа беа првите солзи радосници во мојот живот.Јас, најнечувствителното, ледено девојче плачев од среќа.Таа вечер воопшто не заспав..Утрото тој замина за странство,на фудбалски турнир.Деновите кога тој беше отсутен , постојано мислев на него.Прват во животот некој ми недоситигаше толку многу.Денот кога се врати, ми се јави.Ми рече дека победиле на сите натпревари.Дека на последниот, најважен натпревар дал еден гол, еден гол за мене.Дека јас сум била таа која го мотивирала да го даде тој гол.Истиот момент се почувствував толку важна и сакана.Деновите кога ќе го видев и ќе ми се насмевнеше, ми беа најубави во живот,бидејки неговата преубава насмевка значеше "Te Сакам"..Но поминаа убавите денови..Еден ден ми рече дека се е готово.Дека сме биле премали за такви работи,за по една недела да слушнам дека имал нова девојка.Тоа ме погоди толку силно,што неможев да издржам..Кршев се што може да се скрши, од бес се оддалечив од сите.
    Сега сме пријатели, но јас сеуште го сакам, дури и повеќе.После сите мои безуспешни обидувања да го заборавам, тој сеуште зафаќа огромен простор во моето срце..И ќе го сакам секогаш..Го знам тоа.Го чувствувам.

    Туку кажете ми, колку долго се памети правата љубов ?
     
  17. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.157
    Допаѓања:
    46.952
    Пол:
    Женски
    Некаде на 16 години бев заљубена или бар мислев дека сум заљубена во еден дечко од мој клас , како само го гледав по цели часови, и постојано гледав прилика да му се доближам, а кога тој ќе се доближеше до мене треперев :lol: се сеќавам дека еднаш поминувајќи покрај мене ме штипна за образ и бев среќна до немај каде , почнав да се радувам велејќи си дека и тој ме сака :D дете :D но испадна дека и тој како и многу други кои "ги сакав" сe минлива фаза во мојот живот. Потоа следеа две врски од кои во едниот дечко стварно си бев заљубена , не заслужуваше но бев ;( Но, првата љубов , онаа вистинската,силната ми се случи пред неполни 7 месеци, со дечкото со кој сум во врска. Е за него можам да кажам дека вистински го сакам и ќе го сакам. :inlove: :)
     
  18. Butterfly-itgirl4s

    Butterfly-itgirl4s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    285
    хмм мојата прва лјубов нема никогас да ја заборавам,мислам дека ми остави траг за цел зивот..бев многу помала од него и мислам дека го сакав усте од 12 год.тој никогас не ме свакасе озбилно сто е нормално но после 3 и пол години тој поцна конецно да ме забелезува ама изгледа незнаесе колку е силна лјубовта према него па кармата си го направи своето,се фативме и тој многу ме засака толку многу сто поцна да ме гуси знам јас толку години го сакав но некако ја немасе магијата веке.тој немасе многу пари но и тоа малку сто го имасе стедесе и постојано ме изненадувасе со несто ново излегувасе со мене и моите другарки ако бевме помали се само да ме задрзи.раскинавме на многу тазен нацин и мислам дека неговите солзи усте ме прогонуваат не бесе фер но тоа е тоа.после 5 години повторно се сретнавме и тоа нема никогас да го заборавам.ме гусна толку силно и упорно ми повтарасе ке те сакам засекогас,после тебе немозам веке да сакам...иако мегјувремено и јас и тој си имавме други врски..мислам дека никогас нема да го заборавам а ни тој мене,се каам за некои работи но мозе така требало да биде :?:
    [mod-tekst:rh3ffnu1][/mod-tekst:rh3ffnu1]
     
  19. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Првиот бакнеж ми беше во шесто одделение, и се каам што бил толку рано. Го имав затоа што ми се смееја сите и само јас бев невина на тоа поле. :D Толку ми сечело.
    А првата љубов ми се случи во втора година средно. Мислев ќе го паметам по добро, се трудев да е така...ама пусто его, направи да гледам кон него со презир.
     
  20. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    2.427
    првата љубов.. аххххх
    паа бев многу мала прво второ одделение..
    типот ми беше комшија и нон стоп беше кај нас.. поголем е од мене (сигурно 7-8 години), знаеше дека го сакам и интересно беше.. иако нормално немаше ништо мегу нас..
    подоцна дознав дека и една братучедка, што е на негова возраст го сакала и јас плачев и и се лутев.. :rofl: :rofl:
    за жал сега немам баш никаков контакт со него, позната фаца е..ама уште е препреубав..