Ние 7-мо, тие 8-мо одделение. Детето со сините очи. Го сакавме сите девојчиња од одделението. Јас најмногу . Мојата прва платонска њубов 15 години подоцна, во едно кафуле го гледам детето со сините очи, ама веќе нема пеперутки во стомакот... Му се доближува еден дечко и го бакнува во уста Јас му велам на мажот ми- еве ја мојата прва љубов !!!
Прва лажна прва љубов, беше во забавиште на некои си 6 години. Имаше еден тип што сите го сакаа па го „засакав“ и јас за да не бидам покуса, се изнатрчав по него. Проклета да сум, тоа на сите го раскажав, мислев стварно дека сум заљубена и дека ќе се омажам со него. А прва, вистинска, реална, остварена и незаборавна љубов на 14 години. Година и седум месеци одевме, но неодамна пукна тиквата и се разделивме. Сума сумарум, три години го сакав. Силно и вистински, на посебен начин.. Но, по се` изгледа, не доволно.
Првиот бакнеж ми се случи на мои 14 години со мојата прва љубов, а првата љубов , ако може така да се нарече беше во 5то (иако потајно ми се допаѓаше многу одамна) одд . Еве и додека пишувам се смеам, колку бевме мали и наивни сите. Заедно бевме цела осмолетка, но кога почнаа да работат хормоните сфатив дека детето од втората клупа во мојот клас, за мене беше нешто повеќе од другар. Иако имаше репутација на срцекршач и иако знаев дека веќе сите девојчиња од моето одделение беа луди по него, а и од останатите класови, си се држев до тоа дека ***** е најубав и најпаметен од сите, и дека тој е дечкото за мене ахахаха . Но имаше една мала сопка , неговиот НАЈДОБАР другар, кој демек ми беше и мене НАЈДОБАР другар, потајно бил заљубен во мене ахахах (за ова комотно можа, да напишам една серија)! И јас таква како што ме дал господ на моменти брзоплета му кажувам на другарчво да му каже на ***** дека јас него многу го сакам, без оглед на се. Е сеа наместо другарчево да го пренесе тоа, он пренесува дека јас не можам да го поднесам, и дека ми е досаден! хахахаха каква драма! По неколку дена ***** седна до мене на големиот одмор (чинам беше) за да ме праша, зошто сум не сум го сакала ја него како он мене што ме сакал! Сликата сега ми е пред лицево, ми ги стисна дланките во неговите, и ме погледна со тие кристално сини очи, врз кои паѓаа прамени од неговата долга смеѓа коса( модерно беше тогаш да имаат машкиве долги коси), и така невино го изусти тоа ЗОШТО ТИ МЕНЕ НЕ МЕ САКАШ КАКО ЈАС ТЕБЕ? Знам дека од возбуда а и од срам бидејќи имаше многу луѓе околу нас не знаев што да кажам, и само му реков АЈ ***** НЕ СЕ ЗАНЕСУВАЈ . Се налути и стана изреволтирано хахаха . Знам дека ми беше толку налутен што не ми зборуваше до почетокот на следното полугодие Нејсе се одлути, и ме викна да излеземе заедно со уште неколку другари/ки од класот во ЕЛЕМЕНТ, а гостин на вечерта ни мање ни више ЛАМБЕ (тогаш беше најактуелен- нели победи на М2)! Прифатив, и излегов (кое црно излагање, излез до 12, и тоа татко ми да ме земе после) со нив. И внатре, Ламбе се распеал шо да ти кажам, СПАСИ МЕ ЗБОР ЌЕ СМЕНИ СЕ, ЌЕ СПАСИ СРЦА 2, АЈДЕ КАЖИ ДА ИЛИ НЕ... (оваа песна сеа ја барав на youtube не ми текнуваше како идеше цел рефрен), и доаѓа ***** и ми вика ДА ИЛИ НЕ. Јас само се насмеав , и следуваше најубавиот бакнеж на цел свет! мммммм мхх! После извесно време изгубивме контакт, јас во едно средно он во странство учеше и така се разделивме, за пред 3 години да го видам кај мене на фах, дека ми е колега! Пеперутките пак проработеа, но не знам дали од тоа дека после толку време го гледам пред мене, или од старите спомени . Си разменивме едно ЗДРАВО КАКО СИ, ОДАМНА СЕ НЕМАМЕ ВИДЕНО.Сега сме ок пријатели, дури и се шегуваме за тоа што било! како и да е убави спомени од мојата ПРВА ЉУБОВ!
Хаха, навистина интересна тема.. Бев во 7-мо одделение, а дечкото беше година помал од мене! Што значи тој беше 6то Беше навистина голем фраер воедно и женкарош, сите девојки му беа поголеми од него. Најголемата девојка што ја имаше беше 2ра година средно !! Го "засакав" (сека веќе знам дека тогаш сум немала врска од љубов и сакање) и се се' случи кога почнавме да излеваме. Се шетавме заедно и после отидовме на едно училиште.. се осеќаше доста напната атмосфера. Проба да ми налета неколку пати, но се срамеше и се истргна Се' уште ги памтам зборовите "Ма што сака нека биде!" и ми налета и конечно бидна работата. Беше прекрасно, прв пат.. После тоа се видовме уште неколку пати, и заврши тоа.. До ден денеска си живеам со типот и кога ќе ни текне за тоа само се смееме.. Инаку сега и двајцата имаме озбилни врски и од тогаш помина дооолго време..
Прва љубов, ако може така да се каже, ми беше во четврто одделение, на неполни 10 години. Тој беше мој врсник, учевме во исто одделение. Незнам дали навистина сум била заљубена, со оглед на возраста, но сеќавањето на тој период ми носи убави спомени. На часови седевме во иста клупа, на големите одмори бевме заедно, па дури се случуваше и после школо да се гледаме. На сите другари им раскажувал дека ме сака, а мене никогаш ми го немаше кажано тоа. И јас немав храброст да му признаам. Никогаш нема да го заборавам моментот кога игравме танго на еден роденден. Замислете како се чувствував тогаш. Цела недела неможев да си дојдам на себе од среќа. Пред некој ден си најдов еден стар дневник каде што сум пишувала песни за него. Ги прочитав сите до една и се потсетив на тоа време. Инаку него одамна не сум го видела, можеби со години.
прва љубов ми е оваа моментално. предходно МИСЛЕВ само дека сум "заљубена", но сега сватив што всушност значи тоа.
хмм прва љубов многу прекрасно чувство беше тоа ...бев 13 години и што е најинтересно ми беше многу добар другар,а една моја другарка многу го сакаше и јас кутра за да и помогнам на другарка ми си се наместив така незнаејки дека тој мене ме сакал и јас му кажувам дека другарка ми многу го сака а тој ми вика па зар ти несвати дека јас тебе те сакам не нејзе и јас нормално се засрамив шо сум разбирала тогас дете ,го одбегнував некое време ама дека блиску живееме заедно одевме на училиште и се правевме како ништо да не се случило а кога игравме нешто секогаш бевме во пар и така дојде лето се распуштивме и играјки си се собиравме в маало и играјки криенка се случи првиот бакнеж ,леле кога ке ми текне колку летав од срека бев многу вљубена неможев да јадам да спијам,и се криевме така малку да не дознаат моите дека мала бев уште продолживме и во 8 оделение но јас продолжив средно во скопје и неможевме да ја одржуваме врската,сега сме во добри односи и 8 години повозрасни секој по својот пат иако деновиве е многу познат со идолот нема да кажам кој ми се вратија спомени па да си казам ,убаво беше најпрекрасното чуство што сум го почувствувала со моето срце
Јас сум девојка што многу тешко се заљубува. Немам високи критериуми и не глумам демек која сум Едноставно незнам да сакам, барем мислев така се додека не си го запознав србинчето (дечкото беше из Београда ). Братучед на другарка од клас, згоден, шармантен, неодолив. Љубов на прв поглед и од моја и од негова страна. Иако со него не ми беше првиот бакнеж, исто како да беше. Никој пред него не постоеше, никој после него. После месец дена мораше да си оди, па се договоривме за врска на далечина. Како да не, убаво викаат ’’Далеку од очи, далеку од срце’’. Ни јас неможев да го контролирам, ни он мене и тука почнаа првите кавги. Клучниот момент на раскинување ни беше за тоа зашто на ФБ неможат да ми се гледаат сликите каде сум тагната. Женско ко женско, забранив да ми се гледаат за случајно да не ме тагне некој на слика на која косата не ми е убава или карминот размачкан, а он мислеше дека тоа е за он да неможе да види каде сум била, со кој сум била и кој ме тагнал. И после година дена одкога не сме заедно, уште го сакам. Иако имам дечко веќе 11 месеци, не го сакам и се би дала да ми се врати београѓанчето. Мислам дека после него не сум способна пак да се заљубам. Една другарка сакајќи да ме утеши ми вика “ Во животот имаш прва и права љубов, ова било прва, чекај сега на правата’’. Сепак мислам дека првата ми беше права љубов... Ме теши само тоа што уште ме сака, бар така вика, па ако ни било судено ќе бидеме заедно еден ден
Прва љубов ако може да се нарече во 5то одделение бев мнооогу заљубена во едно фраерче ама ете мала бев мило ми е што кога го гледам денес не ми е бљак - уште е убав А со оглед на тоа што тешко се заљубувам прв пат се заљубив на 15 години и траеше долго... но целото малтретирање беше околу мување и дозволив да ми ја расипе подоцна и најнормалната врска со дечкото кој мислев не го сакам толку, се додека не го загубив... и денес уште ми е криво зошто се ми се вртеше околу 2 личности 4 години... и сега ништо од тоа
Такви детски љубови ги има многу, ама онаа прва вистинска, што цел живот ќе ја паметам ми се случи на 16 години. Дечкото беше, физички гледано, сето она што го сакав тогаш ( фраерче, скејтерче ) На почетокот беше и поприбран, не пиеше толку.. Но на тие години сите се менуваме. Западна во лошо друштво, почна да пие (премногу.. премногу и за денешниве 20 години, а не па за тогаш) , да се дрогира и сакала- нејкела морав да го оставам, заради доброто на моето психичко здравје.. Се мувавме само, некои 8-9 месеци, ама премногу ми прирасна за срце, и потешко никогаш не ми било.. Денес се има вратено на правиот пат, и си правиме чат-пат муабет.. Си има нова девојка и е среќен ( и јас сум за него).. сеуште има мааало делче што сеуште го сака..
Од прво одделение и го сакав до сега верувајте ми... Го знаев откако знам за себе, изглед прекрасен совршена височина за мене, прекрасни очи, забавен, духовит, паметен... Никогаш ама никогаш не престанав потајно да го сакам. Секој ден одев дома му,а и тој дома. Имаме(имавме) слични интереси, сакавме иста музика, исти работи- беше моја машка верзија. Ама тој е пет години постар од мене па така комуникацијата ни се растури тој по свој, јас по свој пат. А толку го сакав... Никогаш не запознав некого како него беше пресовршен за да биде вистински... Инаку сега само имаме како здраво здраво ама ништо очекував ког абев помала да се омажам за него. Се замислував со него и со деца... Никогаш не би ја избришала таа љубов сеуште мсилам дека е одлично типче.
Првата љубов ми беше од 5то до 7мо одд. Дечкото беше од Скопје, имаше стан во моето маало. Од прозорецот си имав прекрасен поглед на неговиот стан, па кога беше тука секогаш погледот ми беше насочен таму. Се знаев со него веќе неколку години и ми се свиѓаше кога беше тој тука. Така, да речам се заљубив во него, иако тој преку другарка ми кажа дека не сака да имаме ништо. Јас секако не бев спремна нешто да направам со него во 5то одд, но сепак си го сакав. Во следните две лета, се однесував баш најдругарски со него, покрај тоа што не го чувствував како другар. Но, на крај сфатив дека се му е него за едно мување и полека, полека ми спласна љубовта кон него. А и сеуште за него тоа е така, верувајте Важно, ден-денес си останавме другари со него, но секако кога ќе се потсетам на првата љубов ми доаѓа една милина на душата.
Првиот бакнеж не ми беше со првата љубов. Првиот бакнеж ми беше на 15 години а првата љубов е од 23 Август 2008 и уште трае.
2 пати до сега сум била заљубена. Знам дека првата љубов ми беше во средно, само што почнав 1 година. Кога го видов типот знам дека се изгубив што се не праев ( детски работи), кога ќе ми текне вака си се газам од смеење. Се сретнуваме сега чат пат ама не си викаме ни здраво
Првата љубов и вистинска љубов ми се случи пред неколку месеци.Ми носи многу болни спомени.Го сакав го сакав премногу и он така викаше но испадна дека се тоа било лага.Ме повреди премногу!Трчаше по мене како куче по парче месо.Ме освои го засакав му го подадов срцето на дланка за да го скрши Го сакав долго време,незнаев како да го заборавам а најлошо од се беше што секој ден го гледав и тоа ми го отежнуваше процесот на бришење лоши спомени од моето срце.Не викам дека немаше ТЕ САКАМ од негова и од моја страна или насмевка на лицето или пак мил и топол збор прегратка во која потонував,имаше ама се тоа беше лажно.СЕ!Заради него си го избодев срцево со 100 ножеви.Заради него секој ден се будев и заспивав со солзи на лицето!Заради него дома секој ден имав кавги и расправи.Заради него тој период од животот ми беше ПЕКОЛ!Веке не го сакам и многу сум среќна поради тоа.Кога го заборавив си кажав Љубов за мене е само збор и ништо повеке.Страв ми беше пак да се заљубам, за да не бидам пак повредена но тој страв полека се губи, секој ден се помалку го има.Почнувам да имам надеж дека ке запознаам момче коа ке ја засжушо мојата љубов.!Ке почнам пак да сакм искрено и вистински но никогаш до болка!
Ах, таа прва љубов... Ме порасна, созреав со неа... Најчиста, наивна, неискварена... Многу драг спомен.. Веројатно сеуште го сакам, а и не знам дали некогаш ќе ја снема оваа љубов... Посебен е за мене во секоја смисла
... му напишав книга со поеми коооолку го сакав, се топев цела кога ке го видев, а бевме само на едно здраво сепак, со него освоив еден куп натпревари во пишувае љубовна поезија