Имењаци бевме и учевме во исто одделение, се гледавме скришум на час со вакви фациња со тек на време го пролонгиравме времетраењето на погледите дури и во ќош сме биле заедно за разговарање на час. Си разменивме прстени од отварачи на лименки, љубовта ни остана чисто платонска инаку иако беше взаемна, . Имаше симпатична бемка на лице знак на убавина велат и на 10 години сум имала вкус, :geek: .
Прва љубов... во 6-то одделение. Учевме во исто училиште, само тој беше 2 години постар од мене. Ах кога ќе ми текне.. немав час пропуштено таа година. Болна, не болна, ја морав да се нацртам таму. На одмори со другарка ми шетавме по ходниците, буквално ја користев секоја шанса да се сретнам со него. Исто, го планирав времето кога ќе излезам од дома, да го сретнам по пат. На другарка ми за најмала ситница и се јавував. Ако видев некој другар негов низ град, одма неа ја барав. Сепак.. стварно убави времиња беа тоа. Ахх, колку бев заљубена Денеска кога ќе го видам, онака ми е драго на душава
Не го заборавив,(помнам беше некаде во 7мо одделени) поминале многу години од тогаш но првата љубов не се заборава, те менува како човек, те стекнува со искуства и те учи како да продолжиш понатаму ..
Прва љубов...тешко дека знаев додека не го запознав мажево сегашно. Немав први љубови. Губев интерес, сакав повеќе и ги сакав најнедостижните нешта и можев да ги имам, ама сега гледам дека јас сум била недостижната за нив. Кога го запознав мм, онака вистински, видени по тооолку долги години, се ми беше бело и бледо и рамно и лебдев и не мислев на ништо покрај толку главоболија. Тоа чувство еднаш се доживува. Првиот маж пред кого имав целосна почит и восхит....Јас велам и знам и тврдам дека јаките жени можат во било која ситоација да ги носат панталоните во врската, ама јас посакав тој да е тој што ќе ме води...а тоа баш беше најтешко за мене, оти многумина не занеле како со ваква нескротлива ѕверка. А јас..се стопив како сладолед во августовски горештини...ме прочита..ме зграби без расмислување и ми рече ти си таа, моја засекогаш.. уште малку фалаше на здрав разум и години кога треба да си сериозен да полетам како хелиумско балонче...ах, моја прва изгоро
Ми рече дека ме свиѓа, а јас онака му тропнав дека и јас него А потоа цел еден сат му објаснуваав за да не ме сфати погрешно.
ех она нај невиното нешто мала бев,еххе колку го сакав,кога ќе се сетам боже цигарче ама убаво ми беше бре
Првата љубов беше во четврто/петто. А и до ден денес го шмекам детето. Во секоја тетратка ги имаше неговите симболи, прекари, на секоја корица од тетратиките стоеше негов портрет. Така, висок, со зелени очи, паметен.. Тоа мора да беше првата љубов, бидејќи не можеше да се скрие. Колку и да пробував беше невозможно. Место во наставниците гледав во него, какви глупости измислував за да бидеме поблиску.. Имавме само неколку заеднички работи, и кога ќе размислам и немав зошто да го сакам него. Но се случи, се вика прва детска љубов и иако љубовта беше невозвратена, не жалам, не, ни малце. Не жалам затоа што откога реков дека не го сакам више, не престана да трча по мене. Значи требало да откачиш некој што си сакала да ти е закачен за да ти се закачи сам!
Се присетив и на мојата прва детска љубов. Лелееее читам и не ми се верува што све сме правеле (истите фори со тетратките,натписите,па имињата наши ги пишував во срциња,јаооооооо како само се погледнувавме на часовитеееее). Еднаш мислев дека се отселил од градот ..... цццц цел летен распуст ми бесе упропастен,како ли само бев тажна кога помислив дека можеби нама веќе да го видам,а пак да не кажувам како скокав до небо кога на 1ви септември го видов пак во моето одделение(не се отселил).Можеби ќе кажеме деца бевме,дете бев но тоа е најчистото и најсилното нешто што сум го почувствувала,најсилната емоција. Но денеска кога ќе го видам се прашувам како ли сум била толку многу вљубена во него(тој воопшто не е мој тип) Но сеќавањето на првата детска љубов секогаш останува во нашите срца. Поздравче .....
Не се заборава првиот бакнеж и првата љубов јас уште си го паметам и бакнежот и него и секој нареден бакнеж беше се поубав и поубав.... никогаш нема да те заборавам синооок мој најубав
Мојата прва симпатија беше во забавиште.Он беше една година постар,брат му учеше со мене и секој ден го гледав.До ден денес кога ќе го видам мило ми е,се потсеќам на времето кога си играв со дундето во песок да не речам. Првиот бакнеж во 7мо одделение и беше прилично лош. А мојата прва љубов е сегашниот мој дечко. Од секогаш сум ги разграничувала тие работи,љубов,симпатија,значење итн.Не кажувам „те сакам“кога не мислам и чувствувам.
Па првата „љубов“ беше ипак симпатија. Во 3то одделение. И толку. х) А за љубов, па мала сум уште. Некако се сметам као пубертетско. Мислам дека уште онака не сум засакала некого онака асално.. Добро да, ама не било нешо кој знае неколку долго.. Еден денес, утре ќе се потроши, па друг. И све иста прича. х) Искрено и не се замарам толку многу. Ама, многу ме нервира, некој коа ќе ме праша.. кого сакаш?
Ах прва љубов ...беше тоа пред скоро 10 години имав 15 години и траеше до мој 17год Бевме во врска 2години беше прекрасна ,чиста ,невина прва љубов секогаш ќе се сеќавам на него и секогаш ќе имам убави спомени
трае ... може сега не е се како што би треба да биде, но надежта последна умира, а ако некогаш умре се надевам дека некогаш ќе ми предизвика слатка насмевка и ќе ме потсеќа на моите најубави години
Првата љубов ми беше од прва година средно и мислам дека скриено сеуште живее во мене.. СЕКОГАШ КЕ ИМАМ УБАБИ СПОМЕНИ.
Па сум имала како сите симпатии во второ или трето или четврто одделение,али ништо сериозно. За моја прва љубов,во вистинска смисла на зборот,ја сметам мојата средношколска врска која траеше скоро 4 години. Не затоа што беше прв кој ми значеше нешто во животот,туку затоа што беше прв и последен кого го сакав толку чисто и толку невино како што никого нема да сакам. Не дека го идеализирам,туку дека сега ако не му ги изодам некои обратни психологии,тактики,умствени мачења,не ме бидува. А тоа не е чисто. Тоа е валкано играње. Не ни сакам да го заборавам. Никогаш.
Првата љубов ми беше платонска Колку само бев затрескана во детето, и колку се срамев од него. Најтрагичното е што и тој беше заљубен во мене, ама јас... смотана! Сега не чувствувам ништо кон него, ама секогаш кога ќе го видам со насмевка се сеќавам на тие времиња
rana od prvata ljubov.. девојки што би сториле во следниов случај: што би направиле кога и после се не можете да го заборавите? КОГА ПРОКЛЕТО НАЈМНОГУ ВИ ЗНАЧИ И КОГА ВРЕМЕТО НЕ ЛЕКУВА БУКВАЛНО НИШТО! кога знаете колку лудо сте се сакале дооолго време и сте имале летна авантура.. кога знаете дека има искри сеуште.. кога сеуште се сакате а ТОЈ веке има друга, а ви прака погледи,ве гушка и знаете дека нема да сака ниедна друга како што ве сакал вас.. дали би дале уште една шанса иако сте биле повредена ? верувам дека имате слични искуства па ме интересира..
rana od prvata ljubov.. 5 години сакав или барем мислев дека сакам.....али наидов на еден дечко који моментало одиме скоро година и пол и никошас неби го сменала со претходниот......значи секогаш времето лекува се зависи колку време ке треба да помине да се ослободиш од чуството и брејк фри како велат
rana od prvata ljubov.. Најди си друг тоа ке ти помогне а чим он те остаил и одма фатил друга не се надај на него више. Глава горе и почни твој НОВ живот.
Иако накрај си кажавме многу грди зборови, сепак ќе се сеќавам на него по тоа што секогаш ми удоволуваше и секогаш знаеше да направи да се чувствувам сакана мислев дека го имам заборавено, но пред неколку недели повторно стапивме во контакт и некако осеќам дека чувстата ми се навраќаат